Не се овие Мариовци, овие се повеќе на делот на Поречието, па и кон Крушевско- Демир Хисарско-Преспански дел.
Мариово е генерално поделено на 3 главни региони ако ги гледаш административните општини, ако ги подредиш по големина одат: Прилепски дел (Витолиште главна административна општина), Битолски дел (Старавина), Тиквешки дел (Конопиште). Прилепско почнува некаде кај Бонче/Крушејца гледано кон градот (Селечка Планина, Кокре, Кален, Пештани преку планината), на север завршува неколку километри пред Раец (Гуѓаково, Галиште некаде како крајни села), а долу кон Грчка граница оди некаде до Рожден. Битолски дел некаде Петалино, Ивени, Орле, Рапеш, Маково ти се границата до каде се простира. За среќа сум имал прилика да ги посетам поголем дел од Мариовските села, ги препорачувам за луѓе што сакаат природа и шетање, само обавезно добра припрема бидејќи огромен дел барем во минатотот немаше мрежно покривање и многу од нив имаат лоши патишта, мора теренско возило.