Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    19
  • Гласањето ќе се затвори: .
1. Гордост и предрасуда - Џејн Остин - 7.5/10

Интересна книга од жанр кој не ми е омилен. Фокусот е на развој на карактери преку кои ќе се претстават човечката гордост, предрасудите кои ги имаме без да ги знаеме фактите, манирите и читање на истите, општествени слоеви, интереси при склучување бракови. Во делото можат да бидат забележени некои особености кои биле карактеристични за тоа време, а се искоренети за среќа денес (се надевам), како на пример склучување бракови меѓу први братучеди, за да се зачува имотот и богатството во фамилијата. Ова било карактеристично и секојдневие кај аристократијата се до половина на 19ти век, понатака како оди медицината напред, свесноста за генетски ризици, среќа било искоренето. Но, дел од ситуациите од книгава може да се забележат и во денешно време, како мешање во бракови и врски од страна на пријатели и роднини, погрешно протолкувано однесување на луѓето, предизвикано од недоволна комуникација. Причината поради која една ваква книга не може да ми е омилена е тоа што темата “склучување бракови“, самата по себе не е доволно интересна, а целата оваа драма се базира токму на тоа. Моментот на градење карактери е добро изведен, пораката е пренесена успешно, но дејствијата сами по себе не беа претерано интересни. Имаше одредени сличности со Ана Каренина, бракот како централна тема, општествените норми, ограничена слобода кај жената. Во едното дело настаните кулминираат со среќен исход, додека во другото завршуваат трагично. Ако е некој фан на побавни драми, може да му се допадне, ако некој бара интересна возбудлива книга, нека ја прескокне.
 
1. The Odyssey - Homer 3/5
2. Project Hail Mary - Andy Weir 5/5
3. Трипати Взори - Алесандро Барико 3.5/5

Project Hail Mary ми активираше карпал тунелот а деновиве имав и многу технички работи за читање па барав нешто мало, лесно и на македонски, од тоа што имам по дома. Контроверзната тема на форумот за дали децата треба да летаат исто така ме потсети дека “Свила” му ја прочитав во еден лет и дека многу не знаат ни како се лета, па веќе имав желба да му се навратам на авторот, бидејќи “Океан Море” и “Замоци на Гневот” ми се едни од поомилените читања и е нешто што можам да читам до недоглед. Буквално. Додека не можам повеќе да гледам. Ги имам и другите, жена ми е уште поблиску да го комплетира, но една што никогаш не ја најдов за купување на македонски е “Мистер Гвин”, а “Трипати Взори” е како companion книгиче за неа, среќа забелешката ме убеди:

IMG_0957.jpeg

Приказната не е нешто особено комплексна, станува збор за три меѓусебно поврзани приказни во различно време кои почнуваат во хотел пред зори со емотивни кулминации. Но, веќе знаев што барам, а тоа е стилот и начинот на пишување, изборот на зборови и магијата во навидум прости реченици што те тера да си љубоморен што тебе не ти текнало така некогаш да се изразиш и да посакаш самиот да почнеш да пишуваш. Милина е да се чита Барико, галење. Мало книгуле, се чита во седење, две, или како што е поделено со приказните, три.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom