Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето ќе се затвори: .
Знаеш дека на тебе ми текна исто, кога ги копирав од лани? :pos:
Се надевам луѓето нема да ме асоцираат со тоа што јас избрав.
Не сум extremely easy, барем вечера, чаша вино и по некој комплимент очекувам!
 
Знаеш дека на тебе ми текна исто, кога ги копирав од лани? :pos:
Ама ја сум сериозен.

Ај додај и 15 како опција, плс :unsure:

Додадено.

@Aceso , се смени твојот избор во 15 книги кога ја додадов опцијата во листата. Направив да можеш да го смениш гласот, ако сакаш промени го, зашто ќе ја затворам таа опција наскоро.
 
Ама ја сум сериозен.
Ахахахахахахахахаха, ама не, на ова не ми текна. Дека пред тоа беше Major Tom, затоа ми текна на тебе. Ај сега ќе го сменам, ќе биде Comfortably level. :pos:
Се надевам луѓето нема да ме асоцираат со тоа што јас избрав.
Не сум extremely easy, барем вечера, чаша вино и по некој комплимент очекувам!
Он се викаше така, затоа ме асоцираше на него, а не дека го одбрал тоа. :D Ама ако сакаш, можам да го крстам wot level - 1 книга. :coffee:
 
Ахахахахахахахахаха, ама не, на ова не ми текна. Дека пред тоа беше Major Tom, затоа ми текна на тебе. Ај сега ќе го сменам, ќе биде Comfortably level. :pos:

Он се викаше така, затоа ме асоцираше на него, а не дека го одбрал тоа. :D Ама ако сакаш, можам да го крстам wot level - 1 книга. :coffee:
Wot's the deal. За да биде комплетно.
 
Може! :pos:

Се чувствувам многу продуктивно со фаќање предизвикот олку рано. На крај година каков overkill ќе ви направам со надминување предизвикот а вие дали едвај вашите!

Веќе ја читам втората, Project Hail Mary. Пробав пак со аудиокнигата да врти во позадина додека читам, 5 минути од понуденото превју, но баталив и продолжив олдскул, брзо се листа и за сега ветува. Не ми се купуваше истата книга.

Одисејата ми беше многу позната до сам крај, освен последната книга после крвавата гозба, како смириле топка во градот со фамилиите на додворувачите, немав слики и знаење за тоа. Со оглед дека држеше добро внимание до крај сепак и покрај обичниот стил, не жалам за изборот.
 
Сега, конечно, можам да ја изгледам и екранизацијата по оваа книга.​
Изгледан и искрено разочаран. Од една страна разбирам дека филмот е сниман во времето на втората светска војна (1945), а можеби продукцијата започнала со снимање и '44та. Значи имале релативно ограничен буџет, веројатно и затоа камерата беше премрачна, одредени сцени беа премногу темни.

Потоа, Марстон воопшто не беше претставен онака како што беше во книгата, плус умре многу театрално, ко Том во цртаните филмови. Една од неговите одлики е непрописното и брзото возење, што многу умешно беше претставено во книгата. Во филмот го нема. Крајот беше изменет, не знам од која причина, тука не се задржале до оригиналното сценарио.

И нешто што не ми се допадна беше отсуството од имагинација. Немаше длабочина на приказната, како флеш бек, а мора да има затоа што сите ликови со причина се наоѓаат на островот, а притоа беа прикажани само две убиства, кај другите ги видовме само последиците.

Книгата > Филмот

пи.ес. Ако ве интересира, јас сум hard. :cautious:
 
Ама има минисерија на BBC снимена пред десетина години. Јас мислев на неа дека мислиш, не ни знаев дека имало филм. Минисеријата има само 3 епизоди, значи ко малце подолг филм му доаѓа. Ѕирни ја и неа: https://letterboxd.com/film/and-then-there-were-none-2015/
 
Изчитав лани горе долу 10 книги ама не ги наведов овде. Годинава малце повеќе дисциплина и почнав со оваа:

Прегледај го приврзокот 465492

Преку Kindle Unlimited ја има без пари а ја има и овде: https://www.pollitecon.com/Assets/E...nal-Macedonian-Revolutionary-Organization.pdf

Иначе Синадиноски е роден и живее во Америка и со Македонско потекло. Книгата ја прочитав скоро 20% а мора да кажам доста течно с чита и на Англиски.

01. Victor Sinadinoski - The Macedonian Resurrection. The Story of the Internal Macedonian Revolutionary Organization

Пријатно изненадување, го проценувам со 4,5/5.

Авторот, Македонец роден и раснат во Америка, пишува за историјата за ВМРО од почеток, односно почнува неколку години пред тоа па се до крајот на Втората Светска Војна и формирањето на Југославија.

Хронолошки разкажува за етапите, за личности, случаеви и добро опишува струите и внатрешните и надворешните конфликти што ги имале ВМРО. Ја опишува како организација која секогаш имаше поддршка од народот и како на почеток беше слаба организација во смисла на финансии и моќ за после да стане моќна организација (држава во држава). Добро ја изработува улогата на Бугарија и како во организацијата имаше тензии со пробугарски настроени актери. Сепак добро го опишува движењето како Македонско со цел слободна Македонија. Исто така во пишувањето става ред во разните струи, актери, организации кои во тоа време постоеле и дејствувале.

Не се работи за научно-академски труд иако има многу фусноти и се користат многу извори да се докаже пишаното. Стилот е многу течен и разбирлив па дури до некаде како приказна е напишано што те тера да читаш уште и со тоа тие 182 страни брзо се читаат. Многу имиња се спомнуваат, секако големите кои сите ги знаеме ама и понепознати ВМРО-вци и комите со нивните приказни. Тоа буди симпатии на читачот кон самите личности иако тие во нивните дела се служеле и со методи кои денес би ги опишале како терористички.

И за познавачи на историјата добра книга во која сигурно ќе научите нешто што не знаевте. И секако ако сакате на некој странец кој говори да му дадете компактна книга за ВМРО, оваа е моја препорака. Исто така на младите Македонци кои живеат во држави каде учат Англиски да им ја дадете оваа книга за да се запознаат повеќе со нашата историја во битните децении.
 
1. The Odyssey - Homer 3/5
2. Project Hail Mary - Andy Weir 5/5
Веќе ја читам втората, Project Hail Mary.
Јас 500 страни толку брзо не сум спичкал до сега.
Најблиску можеби Мајсторот и Маргарита, по големина и забава.
Каков хероин!

Вселенска одисеја во прво лице. Не знам зошто очекував hard science и идеи како three body problem, но тоа што ми се допадна е дека не е само книга со дејство во вселената, туку беше за вселената. Од нови методи на патување, до прв контакт, раскажано во обичен стил за секој да следи. Многу добро пласиран хумор, иако на почетокот мислев ќе ми смета. Искрено не можев да ја оставам, уживав во секој твист до самиот крај. Mногу уникатно пријателство, многу кул авантура што ќе ве држи без прекин во неизвесност. Amaze, amaze, amaze!

Огромна препорака. Читам дека е најпрепорачувана книга годиниве. Лесна за секој да се впушти.
 
Back
На врв Bottom