Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.317
- Поени од реакции
- 36.714
Мислам дека ќе биде залудно да продолжам да се објаснувам, на крај пак ќе се вратиме на истото: дека немам практична примена и искуство од прва рака, дека се ова е тешко кога си преморена и тн. После пак ќе треба на долго и широко да објаснувам зошто не се согласувам и ќе се вртиме во круг. Затоа и ги спомнав погоре книгите и студиите, каде ова е обработено од луѓе што стручно ја имаат анализирано темата. прочитај ги, можеби ќе ти бидат од корист.Се ова убаво функционира во теорија, во идеални услови да кажам, а во пракса е ужасно тешко. За тантрум прво што пишува е дека родителот треба да е смирен.
А контролирање емоции се учи од мал, и посебно не со фрази “ако не прекинеш со плачење ќе ти дадам причина зошто да плачеш” со кои бевме израснати ние.
Додека ние растевме плачењето на децата беше сфатено како лигавење, какви емоции каков стрес. И сега наеднаш стануваат достапни еден куп информации околу тоа како се одгледуваат деца, и секој сака да ги следи пошто секој го сака најдоброто за своето дете. А 90% од родителите имаме проблеми со контрола на емоции која е резултат на нашето детство. И ова пример излага на виделина откако имаш деца, пошо пред тоа никогаш не си бил во таква физичка/ментална состојба на хроничен умор/стрес.
Затоа прво скокни па кажи оп.
Како што пишав претходно, кај двегодишно дете кенкањето не се решава ни со игнорирање, ни со драми. На таа возраст детето нема капацитет само да се смири, туку буквално ги „позајмува“ твоите емоции и реагира на нив. Ако ти си смирен, сталожен и присутен (му се спуштиш, го ислушаш, му покажеш дека го разбираш, не прави гримаси на нервозен/лут/фрустриран), многу побрзо ќе се смири отколку ако почнеш да објаснуваш или да бараш логика во тој момент. Некогаш е доволно да го фатиш за рака и да свртите еден круг заедно, прашај го што го мачи да ти објасни и пробај да не реагираш нервозно или налутено, чисто само ислушај го, во суштина пробај да му смениш фокус, често кенкањето е од замор/досада/страв/болка/глад/жед. Ако ти си смирен, и тоа ќе се осети побезбедно и разбрано, ако ти паничиш, урлаш, ќе ти врати на сличен начин.Но поназад велат многу се фрустрирале кога детето кенкало а родителите не го регистрирале неговиот тантрум. Не си го пребирале детето, биле смирени. Може да напишеш што конкретно ти или еден родител треба да направи кога две годинки тодлер кенка?
Во суштина, слично е и кога се расправаш со возрасен што е нервозен. Ако враќаш на нож, само ја креваш тензијата. Ако тој се дере, а ти останеш смирен, автоматски ја спушташ тензијата. Кај детето е уште поважно да почувствува дека е видено и разбрано: „гледам дека ти е тешко“, „лут си“, „фрустриран си“, „што и зошто“, „како“ и тн, сепак, зависи од возраст и колку разбира, како родител треба да си го познаваш детето најдобро.
Дури после, кога ќе се смири, има смисла да се зборува и постепено да се учи како следен пат да реагира поинаку, или зошто не треба да реагира. Црекање, дерење, закани, или расправање пред него е џабе, само креваш тензија, и тоа влегува во fight or flight mode, и со госпо напред во смирувањето.




