Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 21: @џимеј - Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават)

Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават


  • Вкупно гласачи
    59
Таму некаде прва година факс, Уставно право, имавме вежба (пракса) каде ќе треба да браниш став/мислење врз база на она што ќе го извлечеш. Даваат тема и независно дали тоа кореспондира со твојот став, мора да го браниш. Прва вежба, Рамковен договор, јас влечам За. Ајт у пичку матер. По ова веќе не се јавив за поени од активност.

Ајде, пак, ЗА! И не сте интересни!

Последниот пат кога летав, дел од децата беа оставени да шетаат и трчаат, што не е во ред. Треба да се има контрола, независно дали сака да седи или не. Мора да седи, а протоколите се поставени од безбедносни причини. Ако нешто се случи, кој е виновен, стјуардесата или мама и тато? Екипажот е таму да внимава на патниците, но мама и тато треба да внимаваат на децата. Може да ги замоли да стават појас, да ги опомене, но тоа е се.

Дури и родителите се многу свилени, само наоѓаат изговори, а тоа се преслика и во образовниот систем каде Симонче мора да ги има сите петки, а Андреа не е невоспитан, туку е само темпераментен. Ова е резултат на тоа што родителите немаат ни многу време да им се посветат на децата. Цел ден на работа, после работа децата на телефон, родителите во свој свет чистат, готват, средуваат, прават подготовки за наредниот ден. Општеството се прецвика во втората половина од минатиот век, каде децата се едуцираа и воспитуваа прво со помош на улицата, а потоа и со помош на телевизорот, додека претходно имаа еден родител дома кој постојано беше со нив.

Сега, ова, не е можно, од принцип што е неизводливо да се живее со една плата. Затоа родителот треба да остави одврзани раце на училиштето, тоа е воспитно-образовна интитуција, Симонче ако сака да ги има сите петки, ќе мора да научи, а не да плаче дома кај нејзините, а мама да ѕвони кај наставиничката. Андреа, најубав на мама, ќе загуби поведение. Поради вештачкото поправање оценки, образованието започна да ни тоне. Знаењето не секогаш кореспондира со оценката. Пола клас, сите петки!

Нешто што може да ги врати работите во колосек е работата од дома!

Детето е огледало на родителот, до одредена возраст и не можат да се контролираат, но можат да се занимаваат. Имаше една сцена во Family Guy каде Стјуи се качува во авион, ликот пред него коментира нешто во стил „супер, заглавив со бебе позади мене“ и овој оди фул психо. :icon_mrgr:

#СлободаЗаДругаротВлатко #ТолкуОдМене
 
Таму некаде прва година факс, Уставно право, имавме вежба (пракса) каде ќе треба да браниш став/мислење врз база на она што ќе го извлечеш. Даваат тема и независно дали тоа кореспондира со твојот став, мора да го браниш. Прва вежба, Рамковен договор, јас влечам За. Ајт у пичку матер. По ова веќе не се јавив за поени од активност.

Ајде, пак, ЗА! И не сте интересни!
Жена ми по човекови права мораше да е против хомосексуални бракови и ја спремав пушка, но таму некаде почнав да менувам мислење околу нив. Јас бев порано на форум против бракови и посвојување. Иначе само бубалици се јавуваат на уставно вежби, јас го препишав како нормален човек. Уставно имавме профа што не дозволуваше девојчиња да им се гледаат рамениците на предавања. Таков човек не може мене ништо да ме научи, а и не смеев да си дозволам да нешто ме научи. Настрана што јас бев глуп, нели.

Моето контроверзно мислење е дека не треба да ве пуштаат во авион без noise canceling слушалки. Кој уште, освен бумери, лета без нив? Што е ова, 90ти? Да не сакате и да се пуши? Јас сум во зоната со слушалки, книга и рејбанки. Не знам дали до мене е маж, бебе или на владе белата пудлица, јас сум исклучен. Не седиме ни со жената заедно бидејќи она заспива пред авионот да полета, се комира, па гони ја. За мене тие три саата низ ЕУ се медитација што дури и во раце да ми го стават тоа врескаво бебе ќе бидам во ред со игнорирање се додека може да си го држи вратот само. Зо-на. Не сум човек што би дозволил летање, работа, па еве и форум, да ми променат расположение, морам да сум емотивно многу инвестиран во нешто за да ми промени расположение. I flow with the go. На 15тина саати летови, укапирав дека ick ми се луѓе што си мијат заби во авион и низ кабина со четки во уста. Сигурно е супер здраво за усната хигиена, но јас ќе го скокнам тој ден.

Проблемот е повеќе до родителите отколку до самите деца.
Јас ова не можам да го разберам, можеби бидејќи не сум родител, но по тоа што слушам има родители и професионални родители? Како дете од година две три што уште се освестува ќе му наметнеш строги социјални кодови на однесување, како on command да престанат да плачат ако се изморени и кренки? Ќе ги судиме родителите како неспособни за тој еден саат?

Мислам дека многу внимание си додавате. Летате три илјади километри за три илјади денари. Јас искрено нешто ако морам да забранам во авион е седишта ако пиете алкохол. Стриктно на стоење кабини. Во алкохол, како и други пороци, се ужива. Ако порок е од нога само ја акцентира класната разлика.
 
Последно уредено:
Немал дете па не знае.
Што ќе му правиш на тодлерче, кое ништо не разбира. Што и да му кажеш колку и да му се закануваа тоа ќе рика. Да не треба во авион да го затепаме и да си направиме поголеми проблеми?

Изгледа и ти си погодиле така летовите. До сега само еднаш сум имал проблем со дете во авион, ама летот беше прекуокеански и беа повеќе бебиња. Што да правиш, бебиња. Едно таман преминало, друго почнало и така во круг.

Нема врска тоа со имал дете или не, пристапот на родителот е проблемот. Јас да имам дете не би го качил во авион само од овие причини, мислам дека ќе пропаднам во земја да неможам да го смирам 2-3 саати и да му нарушува на некој мирот. Ќе возам 1800км до дома, можда ќе се измачиме повеќе али нема да дозволам да се срамам оти незнам да си го смирам и воспитам детето.

За новороденчиња и бебиња до година дена имам потполно разбирање, нема тука што да се бара влакно во супа.

Ама дете од 3-4 години да неможеш да го смириш и да го занимаваш барем пола од времето? Извини ама си потфрлил како родител уште на самиот старт. Пак ќе кажам можда на мене ми се погодиле вакви летови далеку од тоа дека сите деца се такви, али тоа беше на граница на издржливост што го видов.
 
Според мене треба да има нешто поскапа опција за adult only flights, како што има такви хотели на пример. Неколку пати до сега специфично имам избрано таков хотел и мислам дека доколку и самиот немаш деца, одиш на одмор како пар или во друштво, вреди секој потрошен денар плус. Неспоредливо е кога нема да ти вреска никој на глава.

Така што и во овој случај, јас со задоволство би платил поскапа авионска карта за свој комфор. Можеби и постои веќе ваква опција, ама сигурно нема во буџет компаниите со кои обично летаме. А да се забрани лет за деца не се согласувам, сепак и родителите со деца треба да патуваат. Не им е лесно и нив, не можеш да контролираш како ќе се однесува мало дете во било која ситуација.

Мојот глас во случајов ќе биде против, ама апсолутно сум за летови само за возрасни.
 
Деца се деца и на родителите им е незгодно ама немаат копче за да ги исклучат. Малце повеќе опуштеност и толеранција треба. И секако нема потреба од дискриминација на основ возраст.
 
ПРОТИВ!

Знам дека и тие што сте гласале За, некогаш во животот, а може и кога ќе ги согледате сите мислења, ќе го промените и вашето.

Првична појдовна точка тука треба да ни биде дека не се сите деца исти. Некои плачат повеќе, некои уста не отвараат. Некои се некултурни маваат по седиштето на тој пред него, некои седат како бубачки, од нив само се слуша “Повели“, “Благодарам“ и “Молам“.
Еве јас ќе се земам самиот себе за пример. Јас бев ултра енергично дете (не дека е нешто сменето и денес), па првите спомени за мене се како трчам низ дома, вртам кругови околу маса или си шутирам топка со ѕидот, па си подавав со него или изигравав голман. Но уште од најмала возраст сум бил воспитан правилно, раката на мајка ми никогаш ја немав испуштено кога сум надвор, никогаш не сум трчал надвор кога не е местото за тоа, ниту сум се двоел без согласност кога сум бил со неа. Беснеење, плачење за мене беше најголем срам, ако се занемари она најраното плачење за мајчина цицка и млеко, понатака моите единствени плачења во детството биле кога имало голема физичка болка (дупната глава итн). Сите оние плачења што сум ги гледал од типот деца плачат кога нема да им се купи играчка, или кога некој нема да им даде да играат на телефонот, или нешто некој ќе ги навреди или нема да им даде да си играат со нив, сите тие ми биле лигавење, од старт сум бил воспитан дека тоа е погрешно и сум превртувал очи кога сум гледал такви примери.

Јас не сум имал можност да шетам никаде во тие години, друго време беше, визен режим, скапи авионски карти, немање финансии, еден родител, баба и дедо кои ве тужат и ти го уништуваат цело детство, полиција, судови, физичко и психичко малтретирање, ни на крај памет не би и паднало на мајка ми да лета со авион некаде. Но, затоа кога со автобус на море ќе ме однесеше мајка ми брзо после таа возраст бев ептен радосен, едно патување годишно, скромно, но апсолутно не сум направил ништо да ја засрамам мајка ми или да направам било кој во опкружувањето да му е непријатно. Најнепријатно што имам направено на таа возраст е да сум премногу културен па да сум неприкладен за ситуацијата, Повели, Благодарам и Молам мораше да бидат кажани, Пардон ако подждригнам, не зборував премногу ама за мене есенција беше да сум културен, бев среќен само мајка ми да е горда на мене.

И сега не гледам зошто ако би биле сите овие околности различни, зошто јас и мајка ми не би можеле да летаме некаде?
- Ако аргументот е детето да не се малтретира, тогаш верувајте многу повеќе се малтретира со автобус кога се одело до Црна Гора преку Рожаје 12 саати пат. Вака имаш летови саат, два, за ефтина цена, благодет се.
- Ако аргументот е пречи на другите. Извини те молам, зарем треба да е нормализирано детски плач да ни смета, зарем треба да е нормализирано повеќе да имаме топли чувства кон куче него кон бебе. Тоа бебе само тој плач го има за “да ти наштети“, а возрасниот човек, кажи ми тоа говедо колку начини има да ти наштети и заебе? И каде е емпатијата, утре и ти ќе имаш дете, сигурно би ти помогнало да имаш погледи околу полни со љубов и разбирање, отколку со злоба и да се жалат од тебе, да ти коментираат “кај сте дошле со бебево, не можеме да спиеме“. Секој за себе, зар од таков свет сакаме да сме дел? А и секако после во кафана истите тие луѓе ќе се жалат дека наталитетот паѓал, епа живели говеда едни.

И никогаш не знаеме зошто патува тоа дете со лет, може има здраствен проблем, зарем не ви текнало дека немаме никаква медицина и за испитувања, терапии одиме секаде низ Европа, за операции да не правам муабет. Зарем не ви текна дека може родителите живет во лоши услови и добил едниот од нив работна можност, да обезбеди подобар живот на тоа дете. Први сме да судиме, први сме да се жалиме, дишете малку, дајте секој ден по едно добро дело да правиме, не за некој друг, чисто само за себе, убаво да ни е на душата.

Eден ден ако имам дете сакам да го воспитам на истиот начин како мајка ми што ме воспитала мене, да ги има сите можности што сум ги немал јас, да прошета многу повеќе од мене, да има убави спомени од најраниот период од животот.

Да не испадне само една страна застапив: Првите неколку месеци на детето е океј да не се патува ако секако може да се одложи/избегне, но од скроз други причини, инфекции, вируси, немање имунитет, доење, ептен се кревки тогаш, малтретирање ќе им е само.
 
Последно уредено:
Гласав „ЗА“ без да го прочитам мислењето, иако за кратки летови од 60-120 минути е во ред, не ми менува ништо посебно. Но за подолги летови, да. Се будиш во 3.00 како ненормален, во таа состојба се трудиш да не заборавиш пасош, картички, проверуваш торби... се возиш до аеродром, стигнуваш до 5.00, па чекаш редици за чекирање, се мрцвариш низ имиграција... пиеш кафе два пати поскапо од реалната вредност и јадеш сендвич со вкус на картонска кутија, па одиш до чекалната саат време пред полетување. Чекаш на некаква метална клупа, затоа што не дај боже аеродромите да го направат чекањето поудобно, половина од аеродромите на кои сум бил се дизајнирани за роботи, не за луѓе. Ти стига порака дека летот малку ќе доцни, 20 минути подоцна нова порака дека летот ќе доцни саат или повеќе. Се нервираш дека ќе пропуштиш поврзан лет, или што год работа да имаш, или дека го губиш првиот ден од одморот...

На крајот, некако почнува таа процедура, сега имаш приоритетни линии, кои порано беа за исклучително богати луѓе кои летаат во бизнис класа, а сега се за старци, трудни жени, инвалиди, било кој што доплатил нешто за да биде во тој ред, и чекаш така, сега веќе гладен, ненаспан, одиш како зомби, го наоѓаш седиштето. Јас не чекам во нив затоа што сум народен човек, не сакам другите патници да ме гледаат како I'm so special, I'm better than you...

Каква среќа имам, на трите последни летови до мене седеа дебели луѓе, без навреда, но треба да има посебни седишта за луѓе чии масти се прелеваат на моето седиште.

Згужван и уморен, конечно полетуваш, се се смирува, кога позади почнува да рика две годишно дете, плаче како да нема утре, ни слушалки не помагаат, звукот ми продира во нервниот систем и замислувам сценарија во кои вратата се откачува и се фрлам без падобран, додека паѓам надолу во неизбежна смрт, среќен сум дека се спасив од малото џубренце.

Bottom line, да се биде родител е убаво, среќен сум за сите кои си го оствариле тој сон, нови парови, брак, куќа, деца, го живеат сонот... but... штом се решите на тој чекор, седење дома наредни 5-6 години. Не може да не малтретирате во авиони, возови, и тоа што најмногу ме нервира, кафулиња. Значи доаѓам во кафуле да сработам нешто, да пишам на форум, да се релаксирам со Radiohead на слушалки, да одморам. И тогаш ми седнува некоја мамичка со распалавено дето, кое трча наоколу, фрла работи, плаче, а некогаш ми доаѓа и на маса да види што правам. Последниот пат кога тоа се случи му го покажав аватарот на @Scirea, побегна со плачење и не се врати повеќе.

Јас би одел и подалеку, да се дизајнира некаква кабина или кутија во опашката на авионот и таму да се сместат сите мали џубренца и нивните мамички. :cautious:

Инаку имам и јас тема за авионите, ја чувам за кога ќе бидам тагнат еден од наредните пати, да не ја отворам сега. Летам често, колку почесто човек лета, повеќе фрустрации доживува.

Добра тема @Del Boy, да одмориме малку од политика.
 
Последниот пат кога тоа се случи му го покажав аватарот на @Scirea, побегна со плачење и не се врати повеќе.

Имаш среќа што (најверојатно) живееш во полиберте земја, јас да ги плашам децава тука со аватаров би ме затвориле за педофилија...
 
Ова не е само дискриминација на децата до 5 години ,туку и дискриминација на нивните родители. Така да против!
 
Таму некаде прва година факс, Уставно право, имавме вежба (пракса) каде ќе треба да браниш став/мислење врз база на она што ќе го извлечеш. Даваат тема и независно дали тоа кореспондира со твојот став, мора да го браниш. Прва вежба, Рамковен договор, јас влечам За. Ајт у пичку матер. По ова веќе не се јавив за поени од активност.

Ајде, пак, ЗА! И не сте интересни!

Последниот пат кога летав, дел од децата беа оставени да шетаат и трчаат, што не е во ред. Треба да се има контрола, независно дали сака да седи или не. Мора да седи, а протоколите се поставени од безбедносни причини. Ако нешто се случи, кој е виновен, стјуардесата или мама и тато? Екипажот е таму да внимава на патниците, но мама и тато треба да внимаваат на децата. Може да ги замоли да стават појас, да ги опомене, но тоа е се.

Дури и родителите се многу свилени, само наоѓаат изговори, а тоа се преслика и во образовниот систем каде Симонче мора да ги има сите петки, а Андреа не е невоспитан, туку е само темпераментен. Ова е резултат на тоа што родителите немаат ни многу време да им се посветат на децата. Цел ден на работа, после работа децата на телефон, родителите во свој свет чистат, готват, средуваат, прават подготовки за наредниот ден. Општеството се прецвика во втората половина од минатиот век, каде децата се едуцираа и воспитуваа прво со помош на улицата, а потоа и со помош на телевизорот, додека претходно имаа еден родител дома кој постојано беше со нив.

Сега, ова, не е можно, од принцип што е неизводливо да се живее со една плата. Затоа родителот треба да остави одврзани раце на училиштето, тоа е воспитно-образовна интитуција, Симонче ако сака да ги има сите петки, ќе мора да научи, а не да плаче дома кај нејзините, а мама да ѕвони кај наставиничката. Андреа, најубав на мама, ќе загуби поведение. Поради вештачкото поправање оценки, образованието започна да ни тоне. Знаењето не секогаш кореспондира со оценката. Пола клас, сите петки!

Нешто што може да ги врати работите во колосек е работата од дома!

Детето е огледало на родителот, до одредена возраст и не можат да се контролираат, но можат да се занимаваат. Имаше една сцена во Family Guy каде Стјуи се качува во авион, ликот пред него коментира нешто во стил „супер, заглавив со бебе позади мене“ и овој оди фул психо. :icon_mrgr:

#СлободаЗаДругаротВлатко #ТолкуОдМене
Јас апсолутно би го оставила моето дете да се прошета, па и истрча низ авионот, секако доколку не го попречува екипажот во извршување на работата и доколку не им смета на останатите патници. Пред да имам и самата дете, во авион седнував и не станував до слетување. Можеби на летови подолги од 4 часа ќе станеш да истегнеш нозе, но се под тоа ми беше исто како вот, ќе си седнам и уживам.

Е сеа деца ко деца имаат екстра енергија, мора да ја исфрлат некако. А бидување “асертивен” со дете од 2-5 години не функционира, барем не на начинот на кој грото луѓе без деца си го замислуваат тоа.
За секое “моето дете нема да прави вака”, си го поткаснав јазикот кога дојде време. И тоа не е огледало на родителот или на воспитувањето, едноставно е нормално однесување на дете на таа возраст. И нема да го ограничувам само за да му угодам на некој друг.
Секако тука не зборувам за екстреми, кои секако сум ги посведочила и кои се навистина одраз на родителот. Но мнозинството ситуации не се такви.
 
Мали деца имаат одличен изговор зошто се бучни во авион - мали се. Може да е организирано подобро (зона кај што би седеле родители со деца, поширок простор кај што ќе може да ги прошетаат и слично) - и е на некои прекуокеански - ама тоа би ја поскапело цената на летовите за сите. Така да, ова е добар баланс.

Возрасните што инсистираат да ги прекршат сите правила на аеродромот, операторот, па и закони на физиката се правиот проблем. И операторите треба многу почесто да го користат правото за банирање патници.
 
Имам забрана за цитирање од мојот другар, а он цело време индиректно ме пецка низ темите.

Сакам да се надоврзам на муабетов.
Каква врска имаат петките на Симонче и работата од дома, со тоа дали едно семејство може да лета за Германија или не? Демек ако децава имаат реални петки по математика, помалку ќе плачат?

Друго, погрешно е да ги обвинувате родителите на бебиња и деца под три години заради тоа што плачат, па тоа е основната работа што они знаат да ја прават. Нивниот нервен систем сеуште не е доразвиен, и колку и да им збориш, не може да те сфатат ако им се јаде или им се прави нешто друго. Родителите имаат едно десет пати поголем стрес од вас кога се возат во авион, баш заради овие причини.

#одбанирајте го владе
Ме напаѓаат неговите фанови во моето поштенско сандаче.
 
Помислата како Емче седи намрштена во Охрид ме поттикна да го преиспитам мојот став во однос на претходната тема!

#ЛуѓетоСеМенуваат #СпоеноСеПишуваХаштаг
 
Океј, here we go.

Забрана за лет со авион за деца помали од 5 години.

Оддамна се веќе минати времињата кога се владееше врз децата со ајрон фист, кога јадевме шамари оти попреку сме го погледнале наставникот во школо. Сега сме во ера на Леончиња и Леички и нивните фенси родители кои незнаат да си ги воспитат децата и се вадат со језиво кринџ изјави “хехе малку сме темпераментни”. Хехе, не сте темпераментни лигави сте, а ти неспособна да си го ставиш во ред детето. Хехе.

И сето тоа ќе беше во ред да неморавме да ги трпаме по авионите. Дали јас премногу летам периодов незнам, али нонстоп сум турторизиран од лигави децишта. Или ќе ми плачат врз глава, или ќе ми барат да се преместам од седиште за да седат сите заедно, или ќе трча хиперактивно низ авионот цело време.

Еве последниот лет, шо заслужил Дел Бој со неговите 191 сантим да му страдат колената оти бабичка морала да го ниша седиштето цел саат за Леичка да не плаче?

Штета пробав да ставам видео од пред недела дена али небива, ќе пробам накнадно подоцна.

Значи не мразам деца, ама или средете си ги или бидете доблесни да испарете од авионите и барајте си алтернативни превози каде што нема да го замарате другиот народ.

Штета за видеата мислев ќе можат да се закачат али ништо. За бебиња нека биде дозволено, ова строго го пишувам за тантрум возраста од 1-5 години.


За.

Прво пошто ми е страв од висина. Ако морам да летам, да е во мир некако би сакала.
Еднаш имам летано, се налокав Бедоксини на аеродром. Се молев да слетаме ( тоа ми е страв апла) и сум заспала. И слушам вриштење ама мислиш го дерат. Му ја рендаат кожата.
Плаче, плаче, па после ѝ текна на мајка му да стане да го шета. Па плачот беше низ цел авион.
Ја мислам ќе го рокнев тоа прозорчето и ќе се фрлев. Почна да ме фаќа паника што му е. Си викам види кај сме, ќе му биде нешо, нема да му помогнат. Уште толку паника. Пошо детево замаја више. А мало беше. Ова се дешаваше после 3 на полноќ. Среќа летот беше 2 саати.
Кога стигнав таму сакав ко брат Љубе да бацувам земја.

Малтретирање е и за детето. И за околината.
Не даваме некад ѓаол ипол пари за авион за да сме на трња цел пат.

Ја не би забранила тоталка. Има потреби, селење, погреби, не дај Боже болест.
У авион со дете до 5 год само по потреба.
Одмор е исклучен.

Сакам деца, и моето ќе вриши можда, ќе има тантруми. Ама неќам нит да ми рушат акомодација, нит да им рушам.
Некогаш не е лет од 2 саати, ќе биде од 6, 9. Некогаш некој возрасен исто ќе лета поради важно патување, може од авион треба на состанок, или доктор на операција, некој на свадба, на погреб, на важен натрпевар. Ќе сака да се наспие, да дремне. Нема да може.

Така да, се слагам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom