Главна цел на пеналниот систем е контрола на поведението на населението. Талионот е вметнат и во Хамурабиевиот законик, во кој, за најголемиот дел од предвидените прекршоци е предвидена смртната казна. Само во оваа кратка историска генеза, прерипнуваш еден златен период на правото (кој денес не може да се инкорпорира), а тоа е табуто. Кога имаш некоја проста форма на човечка заедница, помала група на луѓе, лесно можеш да инкорпорираш и наметнеш одредени правни норми, макар и во форма на забрани. Имаш хиерархија во системот, каде, најчесто најстариот член, ги решавал сите проблеми во таа заедница. Една од најстрогите казни, која била еквивалент на смртната казна, е прогонот од заедницата.
Го рипна римското право, ама ајде ќе одиме на средновековието. Проблемот кој тука се појавува е комплексниот систем на управување. Имаме големи градови, имаме империи. Немаме построги казни, имаме постоги методи на изнуда на делото (океј, и начинот е променет, не е каменување, туку бесење). Комплексниот систем бара поголема државна контрола, пред се државен систем за наплата на даноци, пари кои се користеле за ширење на империјата преку неограничени војни. Во овој период се појавуваат и првите големи апсолутистички монархии (ги имало и претходно, каде кралот се поистоветувал и со самиот Бог), каде силата лежи во разумот на еден човек. Токму системот на наплата на даноците е доминото преку кои граѓаните започнуваат да добиваат извесни права. Со натамошниот историски текст во целост се сложувам.
Дури и кога се отвори дебата за 8от Аманман за Уставот на САД, под имплементирање на сурова казна не се подразбира смртната казна затоа што во времето на донесување на овој амандман оваа казна била многу својствена, односно се предвидувала на најголемиот дел од кривичните дела. Немало ни возразна граница, така и малолетник можел да биде осуден на смртна казна. Така, смртната казна остана во сила.
Лично сум поборник против смртната казна. Историски гледано, овој метод ниту вродил со плон, ниту дал резултат за подобрување на општествениот поредок. Би започнал од неконзистентноста на правниот поредок, пред се на моралот кој историски еволуира, односно исклучува одредени кривични дела од овој тип на казна (пр. некаде имаш смртна казна за прељуба, а некаде и за примање мито). Тука е и правната еволуција, каде правото неконтролирано се шири со сите општествени сегменти, така денес имаш пререгулација во однос на минатото каде имаш само базична покриеност. А треба да се наведе и правната несигурност, каде речиси и да нема закон кој не претпрел една измена и/или надополнување. Надвор о конвенциите, еднаш отворената врата тешко се затвора.
Дури и при модерниот систем знае да потфрли. Морав да пребарам, од 1973 г., до денес, во САД, 202 лица кои биле погрешно обвинети, биле убиени. Среќа во несреќа и САД го напуштаат овој метод на казнување, бројката на изречени смртни казни е под 50, што значи во просек под 1 од држава (да, немаат сите држави смртна казна, вадам просек). И во модерниот судски систем се прават грешки. Дури и кај нас, ретко кога апелација поништува првостепена одлука.
Ајде ќе одиме и со твоите примери. Делата од 27ми април се оквалификувани како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Имаше обид за државен удар, и по твојата логика на нештата, требаше да завршат по кратка постапка! За одредена група на граѓани, овие лица, се уставобранители. Од друга страна, промената на уставното име, која исто народски е оквалификувана како велепредавство, е протната по постапката за промена на Уставот. Мораш да го земеш предвид и толкувањето на правото, пред се правното кое варира од правник до правник. Нема еднообразност на правната логика.
Нас ни требаат постоги затворски казни, со апсолутна ослужливост на казната (и дефинитивно активација на алтернативните мерки). Ни треба затворска реформа, па дури и приватизација на затворите или давање на истите под концесија. Методот каде општествениот престапник е награден со бесплатни оброци, а според економската теорија нема ништо како бесплатен оброк, кров, греење и кревет, треба да замине во минатото. Добива многу повеќе од чесниот бездомник кој спие на отворено и јаде остатоци. Затворот ќе си стане профитабилна организација, а затворениците ќе мора активно да се вклучат во креирањето на општествениот капитал, било во работилници или оние пред истекот на казната, со цел ресоцијализација, и да работат во одредени институции.
Во оваа контура излегувам од конзервативната матрица. Сметам дека улогата и значењето на државата треба да биде помала, ограничена. И секако, целосната недоверба коај ја имам во правосудскиот систем и органите на државната управа кои со години одново и одново докажуваат крајна неспособност поради широката политизација и партизација (читај: корупција и неспособност). Зошто би сакал животот да го ставиш рацете на органите кои уживаат длабока народна непопуларност?