Ја однапред ќе се извинам за должината на постот ама ние имаме проблем кој не ваков пост, туку цела студија од минимум 500 страни треба да се напише и да се издефинира еден јасен концизен план за развој генерално на спортот кај нас, не само фудбалот бидејќи и кошарката ни тоне без знаци за некаков излез.
Точно е дека фудбалот ни е на дно ама и Боби е дел од тоа сивило, не е никаков исклучок, и квалитетот на тимот е лош, и квалитетот на тренерскиот кадар е исто очаен, голема работа ако е еден од најдобрите фудбалски тренери моментално ?!?, па у таа конкуренција прилично сум убеден дека има барем една особа тука на форумов што би била исто меѓу најдобрите, и за ова сум мртов сериозен. Си теравте на емоција некаква и ај нека ви е, врска нема од тренер, да тргнеме од еден најосновен параметар, кај знае дека квалитетот ни е таков каков што ни е, он ко капак игра формација тотално неадекватна за тие играчи, што значи дополнително ги влошува работите и дебаклите како оној во Велс се неизбежни.
А мене прешкртан ми е од моментот кога мајка му на Бобан Николов заболела од рак, а Боби воопшто не се замарал со тоа и ниту еднаш не му јавил да го праша како е, тоа све говори за него како човек пред се. Бобан сепак го носел националниот дрес во сите категории преку 80 пати, 46 настапи има за сениорите, бил тука за време на нашите најголеми фудбалски успеси, не заслужувал таков третман без разлика што си одлучил повеќе да не го викаш за тим.
Не се гради тимска хемија и другарство во еден тим на ваков начин, а тоа нарочито па за земја ко нашата која пати од неквалитет, е и те како битно, тоа всушност нас не возеше у времето на Мрме, тимската хемија и ништо друго, така и Германија ја добивме, по што дојде Боби место Мрме у сред квалификациски циклус. Да не се лажеме дека он има најголема заслуга што подоцна Италија падна у бараж, начека тимска хемија у репка каква што никогаш во историјата не сме имале, сега откако тоа изветреа, ние почнавме да се бламираме.
Нам секако ни треба ресет, нов тренер нема да го оправи фудбалот во оваа земја како спорт, ако се упеца некој квалитетен можеби да добиеме некаква насока како треба да се води национален тим али ништо повеќе. Но како што реков, тренер не е решение за состојбата на фудбалот, или кошарката или останати спортови што умираат, потребни се години за да истите се кренат од мртва точка и све додека миленковци и остали пропалици се некаков фактор за било што во земјава, ние или ќе стагнираме или ќе тонеме надоле со брзина на светлината.
Потребни се планови, студии од 500-600 страни, како да се развие спортот кај нас повторно, треба да почнеме буквално од нула, а кога велам од нула, еве вака напраете, сте го рашетале цело Скопје, повеќето од нас тука, видете ги сите големи општини, и во однос на жители и деца таму, избројте колку фудбалски и кошаркарски игралишта имаат, и тука ќе дојдете до еден заклучок зашто меѓудругото ова е една од главните причини зашто овие спортови во земјава ни тонат секоја година све повеќе и повеќе. Ова сега е резултат на нешто што со години е случај кај нас, за кој многу малце се збори.
Колку поголем интерес имаш од мали деца за фудбал, кошарка или било кој друг спорт, толку повеќе од нив ќе се конвертираат во професионалци во иднина, колку повеќе професионалци имаш, шансите се големи дел од нив да се конвертираат во квалитетни спортисти од кои земјава ќе има корист и на национално ниво но и на клубско, колку повеќе квалитетни професионалци имаш во секој спорт у земјава, толку и квалитетот на истите тие спортови ќе расте, што значи поголем интерес, повеќе спонзори и пари, и секако развој на тој спорт. Колку поголем број на квалитетни спортисти имаш. ќе имаш и поголем извоз на истите во појаки европски и светски тимови, што под дифолт ќе биде инспирација за уште поголем број деца да пројават интерес за спортот.
И сега одиш спротивно на наративот од погоре, колку тој број е помал, толку све во редослед ќе си пати и ќе дојдеш онаму каде што си сега, ова е чиста математика и логика, ништо комплицирано во секој случај, овој проблем со инфраструктура од која ќе започнат да се развиваат новите генерации нас ни е проблем со декади веќе, освен градење на згради буквално на секој чекор во земјава ко да сме игрица, симулатор за градење, друго како план и нема во државава. Се знае каде се креира првата љубов и контакт на децата со спортот, не е тоа тв, тоа е секогаш улицата, каде директно се искусува тоа искуство од мали нозе, ама наместо тоа, децата ти седат дома, играат игрици, се хранат неквалитетно и тн и тн, абе да не зборам каков све бенефит има у тоа да се инвестира во игралишта, не само да размислувам себично за спортот конкретно, општо ова е бесценето макар и тие деца утре станат адвокати, доктори и што уште не, на секаков плат и психички и физички и социјален тоа нив ќе им донесе бенефит во животот.
Ама ајде да не ја терам натака дискусијата, ова е таа нула од која почнуваш и потоа одиш нагоре, од образовни институции, и основни и средни училишта каде ќе изградиш спортска програма, па ќе организираш натпревари и на градско и на државно ниво, секоја година, па све до приватни фудбалски школи, дел поврзани со самите клубови, каде секако клубот ќе инкасира средства и на ваков начин ќе генерира некаков приход, ќе инвестира во инфраструктура и слично, па после и на повисоко ниво да имаш бенефит како што реков, ќе се создадат на старт 3-4 спортски ентитети и со тек на време и другите ќе се обидат да го следат тој пример. Фудбалски градови од кои сме црпеле големи таленти ко Струмица, Прилеп, Битола, што тие имаат на спортски план за развој на млади генерации?
За ова све што кажав потребни се години и години за да се имплементира во нашето општество, треба огромна помош од самата држава а потоа и од сите останати фактори кои можат да придонесат, ние не сме ни почнале, зашто немаме кадри кои се интересираат за овој проблем, немаме интелигентни кадри кои не сфаќаат колку ова е бесценето за народот, односно, имаме лопови и смрадови кои знаат дека од ова они лично никаква финансиска корист не би имале, ама би имале ако се крене уште еден трговски центар во скопје, јер не ни се доста 15.
Ќе земам пример и со Италија, после лошото светско во 2010 го ангажирале Баџо како фудбалски експерт за да се помогне на фудбалот во земјата, правел студии и остали ствари, земал тим од експерти и на крај изготвиле извештај со решенија со планови со све од 900 страни, кој фудбалската федерација на крај не го земала во предвид, ајт ќе тераме вака како што сме наумиле и еве ги денес каде се, фудбалски потонати иако освоија едно ЕП за време на короната, ама ризикуваат и трето СП по ред да не одат. Како и да е, такво нешто ко со Баџо треба и ние да изготвиме, и да се водиме по тој план во наредни 10 до 15 години, зашто бенефитите ќе почнеме да ги гледаме тек тогаш. Потреба е воља и знаење, и амбиција, ништо од тоа моментално оваа земја нема, зашто тие кои се фактор во државава кадарен ова да го изнудат, се интересираат само за работи од кои они би имале лична корист, иако од политичка гледна точка, ова би им донело многу поени под дифолт, проблемот е финансиски колку ова би им ги наполнило нив џебовите а ова е прво нешто што им доаѓа на ум.
Ова се основни и елементарни работи кои нашава земја ги нема, не можеш ти да очекуваш спортски успех кога не поседуваш основни и елементарни услови за истиот, и до тогаш, како и секогаш всушност ќе останеме да се ложиме на туѓи успеси, ќе навиваме за Италија, Аргентина, Бразил, ќе се пењавиме на интеренет, секако тука се и странските клубови и тоа е тоа, и чат пат вака на форуми ќе се расправаме за ништото, зашто реално не вреди да се расправаме и караме за спортови на национално ниво што се во клиничка смрт. Бескорисно е и џабе трошиме енергија.