Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто на BSPlayer ми сецка филм а на MPC не?
Мислев до филмот е па пробав други филмови и пак исто, освен кај 1-2 филмови немаше сецкање
Треба да се одвикнеш од BSPlayer затоа што долго време е инфериорен. Користи си MPC, навикни се, или навикни се да ги користиш другите супериорни плеери како PotPlayer или mpv.

Сецкањето може да е поради video renderer. Не знам каде е опцијата во BSPlayer ама на пример на PotPlayer е тука

1757042926192.png

Пробај да го најдеш ова во BSPlayer и пробај ги различните video renderers.
 
Red Rooms AKA Les chambres rouges (2023) (2h)

Прегледај го приврзокот 454937

Канадски филм, а зборат на тој „канадско-францускиот“ јазик.

Филмов ми беше предобар. Особено добар ќе им биде на оние што се запознаени со „тајните ходници“ на интернетот, а ќе им отвори една нова перспектива на оние кои не се.

Ова е еден психолошки „хорор“ а зошто хорор е ставено во наводници ќе ви стане јасно откако ќе го изгледате. А може и да не ви стане. Станува збор за судење во кое човек е осуден за убиство на три малолетни девојчиња притоа снимајќи ги убиствата за потоа видеата да ги продава на dark web. На судењето може да присуствува и обична раја. Токму една од нив е нашата главна јунакиња, Кели Ен, која ќе запознае една другарка сосема поразлична од неа.

Не би откривал повеќе. Она што ме hook-на за филмот е секако тематиката поврзана со ходниците на интернетот, лајфстајлот и познавањата на Кели Ен и секако неизвесноста. Ама не за тоа како ќе заврши судењето и дали е виновен или не типов. Туку друго нешто. Сметам дека никој не би можел да предвиди што 100% ќе се случи.

9/10
Не си имал лош предлог за филм. Одличен филм, една сцена од вчера ја мислам. :bravobe:
 
Не си имал лош предлог за филм. Одличен филм, една сцена од вчера ја мислам. :bravobe:
Фала ти што го изгледа и баш ми е мило што ти се допадна!
Иначе да бидам нескромен, првата реченица може различно да се протолкува, Комита сака да каже дека НИКОГАШ не сум имал лош предлог за филм а не само во случајов :ROFLMAO:

Клај во спојлер.
Две мои најбоље сцени ми беа (би претпоставил првава ти е)
1. Кога ќе влезе во судница и ќе се маскира како девојчето (музиката тогаш врв). 2. Радоста нејзина и целата тензија кога ќе го освојува видеото на крај.
 
Последно уредено:
Го гледаше некој Тhe Life of Chuck?
Добар е, ми легна онака.
 
Го гледаше некој Тhe Life of Chuck?
Добар е, ми легна онака.
Да
Прегледај го приврзокот 452413
The Life of Chuck е брилијантен филм. Многу ми се допадна. Не знам како може од сите тие (а многу сте) што ве имам на Letterboxd само @123456 да го гледал. Не знам што чекате. Не знам што ви е. Ало. Палете го вечерва. Излезе и во 4K HDR 10+ LGBTQIAAA

Ми даде vibes на Don't Look Up ама сепак ми е доста подобар. Поделен е во три акта што ги гледаме по обратен хронолошки редослед. Тешко е малку да се каже за што станува збор но еве нека биде дека е „крајот на светот“ и... па, животот на Чак :)

Базиран е на кратка приказна од Стивен Кинг.

Уживав во скоро секоја секунда од филмот, веднаш те зграпчува и ти држи внимание. Не го паузирав ниту еднаш да ѕирнам во телефон. Дијалозите се одлични, нарацијата е перфектна, и со сите депресивни точки што ги има, сепак е убав, преубав филм.

Math vs art. Life is tragic. I am wonderful. I contain multitudes.
 
Weapons e интересен. Ми се допадна. Режисеров ми се свиѓа како ги поврзува нештата. Претходниот му е Barbarian.
Одлични хорор моменти имаше Weapons, солидно уфрлени комични елементи, држи внимание ептен. Некои сцени/кадри многу добро ми легнаа, милина е да се гледаат. Особено последната.
 
Го гледаше некој Тhe Life of Chuck?
Добар е, ми легна онака.
Книгата ми е на полица, филмот не ми е симнат. Што да правам прво? Ако има некаков surprise фактор, би го гледал филмот. Книгата е мала, 4 приказни има во неа, Life of Chuck е една од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom