Прво имав две неуспешни регистрирања во текот на, сега веќе далечното, лето 2009. Конечно од трет пат успеав и еве, поминаа веќе 16 години. Кога се зачленив бев уште основец. Додуше на крај од основно
Се зачленив највеќе ради спортските теми, пред се фудбал, нормално. Во тоа време Тетекс првпат во мојот живот се пласираше во прва лига и фан-клубот беше прилично активен. Се испостави дека во тој период добар дел од активните членови кои тогаш пишуваа ги познавав, со некои дури и заедно тренирав. Исто и братучед ми со кој одев на натпревари беше доста активен во тоа време на форумов. Од него прв ги имав информациите за трансфери и генерално за случувањата во клубот. Сега 90% од членовите на тој фан-клуб веќе не се активни.
Исто тогаш активен беше и фан-клубот Црвена звезда. Таму имаше милион прозивки, пцуења, на добро познати теми. Тогаш се нервирав, со тек на време отрпнав начисто. И тој фан-клуб више замре.
И генерално на сите фудбалски теми вриеше од провокации, ебавање мајки-шајкии што се не. Ако си негде излезен и ако си пропуштил два-три саати, требаше време да се исчита се што е изнапишано, пошто се штанцаа постови на минута. Поготово во тие периоди кога беа завршниците во ЛШ или пак за време на СП и ЕП.
Исто, се сеќавам негде на почеотокот на моите форумски денови на некоја од темите запазив еден член (сега мислам дека не е активен) кој на аватар имаше негова слика. Гледам познато лице и сфатив уствари дека тоа е мојот поранешен комшија, живеевме врата до врата, он беше постар од мене некои 10ина годинии. Како комшии функциониравме стварно топ, додека не се одселија, потоа изгубивме контакт. На форумов разменивме пораки, изненаден беше дека толку сум пораснал да пишувам на форум
Од други форумџии, знам само членови од Тетово, еден од нив ми е меѓу најдобрите другари. Е сеа, клубот за кој навива му е погрешен и му ги корне живците ама ај никој не е совршен. Меrda Juve (
@Кајганеро 
)
Негде 2013/14 со уште неколку форумџии од Тетово игравме фудбал на неделно ниво, некад се собиравме доволно за две екипи, некад се викаа луѓе од страна. И тоа беше интересен период исто, мулти-култи на најјако
Koга пак се активирав повеќе, после неколку години пауза, сфатив дека голем дел од некои интересни фаци не пишуваат веќе и дека генерално, квалитетот на дискусии е доста опаднат. Ама, има останато уште форумски „ветерани“ кои имаат доста што да кажат. Нив и највеќе ги читам, посебно на спортските теми.
Како и да е, 20 години да се истрае како заедница е за респкет. Нека се множат уште минимум толку
