Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Спомна некој погоре, ама еве пак: се сеќавате дека Рики имаше интервју за BBC радио? :D

Луѓе, не сум сигурен со кои зборови да ви го кажам ова, па ќе пробам најпросто.

У недела сабајле да пуштите BBC - Radio 5, ќе ме има! :D

И за тоа имаше ремет, ама вака од дистанца кога гледаш, изгледа неверојатно!
hitportal-Vest.jpg
Автоматски споено мислење:

Еве го интервјуто, за тие што уште мислат дека е заебанција:

Untitled.jpg
 
Последно уредено:
Член од 15.09.2005 Кај и да е ,и ја ќе напунам 20 години на форумов .
Листајќи ги моите стари постови ми се враќа филмот дека контактирав со членови од форумот , па си разменувавме по пошта цедиња со серии и концерти . Јебига , немаше интернет ко денес , памтам тогаш Телеком даваа само 5-10 гб интернет месечно .
И така , лека полека , ми влезе форумов под кожа . Можеби не бев толку активен за овие 20 години ( 1400 постови за 20 години) , ама ми остана навиката секојдневно да влегувам на форумов и да читнам или да пишам во некоја од темите кои ме интересираат.
Технологиите се сменија , се појавија нови начини на комуникација , но сепак дражта кој ја имаат дискусиите на форумов мислам дека не може да се спореди со ништо ☺️

Продолжете така , да бидете постабилни и со помалку падови , па да се видиме и на триесет годишнина од постоењево на форумов . Па кај и да е ,и форумска пензија да дочекаме .

Среќно ❤️
 
Clen od 2009. Niti sum smenal nik, ni imam dupli profil( rezerven so bi rekle ), ni sum bil na sobiranki i realno se znam so 5 dusi na krst od forumot. Ne deka ne sum druzeljubiv tuku soznam, prvo nemav ni potreba da siram poznanstva, i pobitno malce glupicko e da go oteras nekoj u tri pm ako se znajte, treba da vnimavam na recnikot, a jas ne sum bas poznat po toa pa nekako kolku tolku si se drzam do anonimnosta. Se zacleniv po preporaka na drugarce, nesto so call of duty , klanovi kurci palci, drugoto e istorija.
Vo osnova mi e tepanje vreme .
A da i ke zaboraev, srekjen rodenden i da ti se mnozat.
 
Прво имав две неуспешни регистрирања во текот на, сега веќе далечното, лето 2009. Конечно од трет пат успеав и еве, поминаа веќе 16 години. Кога се зачленив бев уште основец. Додуше на крај од основно :D

Се зачленив највеќе ради спортските теми, пред се фудбал, нормално. Во тоа време Тетекс првпат во мојот живот се пласираше во прва лига и фан-клубот беше прилично активен. Се испостави дека во тој период добар дел од активните членови кои тогаш пишуваа ги познавав, со некои дури и заедно тренирав. Исто и братучед ми со кој одев на натпревари беше доста активен во тоа време на форумов. Од него прв ги имав информациите за трансфери и генерално за случувањата во клубот. Сега 90% од членовите на тој фан-клуб веќе не се активни.

Исто тогаш активен беше и фан-клубот Црвена звезда. Таму имаше милион прозивки, пцуења, на добро познати теми. Тогаш се нервирав, со тек на време отрпнав начисто. И тој фан-клуб више замре.

И генерално на сите фудбалски теми вриеше од провокации, ебавање мајки-шајкии што се не. Ако си негде излезен и ако си пропуштил два-три саати, требаше време да се исчита се што е изнапишано, пошто се штанцаа постови на минута. Поготово во тие периоди кога беа завршниците во ЛШ или пак за време на СП и ЕП.

Исто, се сеќавам негде на почеотокот на моите форумски денови на некоја од темите запазив еден член (сега мислам дека не е активен) кој на аватар имаше негова слика. Гледам познато лице и сфатив уствари дека тоа е мојот поранешен комшија, живеевме врата до врата, он беше постар од мене некои 10ина годинии. Како комшии функциониравме стварно топ, додека не се одселија, потоа изгубивме контакт. На форумов разменивме пораки, изненаден беше дека толку сум пораснал да пишувам на форум :D

Од други форумџии, знам само членови од Тетово, еден од нив ми е меѓу најдобрите другари. Е сеа, клубот за кој навива му е погрешен и му ги корне живците ама ај никој не е совршен. Меrda Juve (@Кајганеро :kuracc:)

Негде 2013/14 со уште неколку форумџии од Тетово игравме фудбал на неделно ниво, некад се собиравме доволно за две екипи, некад се викаа луѓе од страна. И тоа беше интересен период исто, мулти-култи на најјако :D

Koга пак се активирав повеќе, после неколку години пауза, сфатив дека голем дел од некои интересни фаци не пишуваат веќе и дека генерално, квалитетот на дискусии е доста опаднат. Ама, има останато уште форумски „ветерани“ кои имаат доста што да кажат. Нив и највеќе ги читам, посебно на спортските теми.

Како и да е, 20 години да се истрае како заедница е за респкет. Нека се множат уште минимум толку :roker:
 
Последно уредено:
Пред петнаесе години му викам на еден комшија, изгорен интераш како мене, зачлени се на кајгана, има тема фан клуб интер у која редовно пишуваат интелигентни и бистри момци, да не речам генијалци, како стефан-кобе на пример. И после некое време ми пишува ја да му напраам акаунт, он не знаел, му барало меил (тотална непознаница за него у тоа време). Ај добро, му напраив акаунт, му кажав јузер и пас. Се логирал, скролал надоле до Фудбал, отворил и прва тема шо ја видел најгоре била Провокации во фан клубовите, тема за пријавување членови шо провоцираат по фан клубовите. И тука почнал да реди, да колне, да качува на кур све што е за јувентус и за милан, мислел дека темата е наменета за провоцирање. Петнаесе минути му траеше членството, одма доби бан заувек. После некоја година се зачлени пак со ник џонтра волта.
 
Од самите почетоци сум член, на стариот профил не му памтам ни јузер више, имав пауза од 1-2 години у постирање и нормално пасвордот не се памти ни на профилот ни на првиот мејл, па у тоа време се идеше со нов профил :icon_lol:

Од форумов незнам никој лично освен еден, имам направено гаражен бенд со уште еден член, да ме убие некој сеа не му го памтам никот, дури ни името на човекот, времиња беа тоа :misticen:
 
Од самите почетоци сум член, на стариот профил не му памтам ни јузер више, имав пауза од 1-2 години у постирање и нормално пасвордот не се памти ни на профилот ни на првиот мејл, па у тоа време се идеше со нов профил :icon_lol:

Од форумов незнам никој лично освен еден, имам направено гаражен бенд со уште еден член, да ме убие некој сеа не му го памтам никот, дури ни името на човекот, времиња беа тоа :misticen:
Што музика свиревте ?
Или пак покушававте да свирите ? :icon_mrgr:
 
20 години од кои 14+ сум тука, не е лошо. Веројатно се регистрирав заради темите поврзани со фудбал, а ако се сеќавам добро, кратко имав друг акаунт, пред овој. Повеќе сум човек што чита мислења отколку што пишува, ама секогаш бев во тек со актуелните случувања на форумов.

Сега активноста ми е на тотален минимум, ама често се потсетувам на некои легендарни теми: Блам состанок (која ја имам исчитано десетина пати од почеток до крај), темата за пцовките на Џонтра и интерашите, Кајгана просечни кладилничари на српски јазик, Бамбер Бриџ, темата за Кунташе од релативно поновите итн. Сигурно заборавам уште некоја.

Ме удира понекогаш носталгија за златните денови на форумов. Сепак голем дел од младоста ми помина тука и иако само мал дел од луѓето ги имам запознаено, имам доста виртуелни другарчиња. А можеби и повторно ќе станам поактивен, you never know.
 
Алтернативен рок, ние свиревме едниот гитаристот покушаваше :icon_lol:
Ти бе недојде на собирот 2022 на утакмицата против Сасуоло ?
Ја тогаш мислам цел фан клуб го запонав у живо а до тогаш поише јувенташи и интераши познавав од форумов. :icon_mrgr:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Нема да навлегувам во многу срцепартални детали и сентименталки.
Ќе споделам една мала хронологија.

Член како што памтам од 2010 со првиот акаунт.
-Регистриран со имепрезиме
-По една или 2-3 години на нова години променето во Lowe ама O она германското јер демек Лав во хороскоп. Lion ми беше too cliche - а во тоа време учев активно Германски на курс па ми беше по фенси на германски
- крај на 2019 - тежок период на професионален и приватен план - барав некаква промена за да кликне - негде октомври или почеток на ноември побарав бришење на акаунтот кај Ацид кое требаше за 24 часа да го потврдиш - некоја тогашна стандардна процедура која владеела тоа време - јер 70-80% од барањата се премислувале во тие 24ч.
-децидно потврдено бришењето и акаунтот избришан.
-следни месец два колку и да беа мачење. Колку и да сакаш да го одбегнеш форумот, отвараш нов таб - излага, бришеш тоа стискаш Ф за Фејсбук излага кајгана форум.
-се борев со тоа неколку месеци и не издржав.
Гледам со сегашниот акаунт сум се регистрирал Јануари 2020.
И тоа намерата беше чисто да се регистрирам и само да читам. Гледате 2020 регистриран едвај имам само 1000 и нешто мислења за 5 години од кои 80% ми се последниве година дена.
-Едноставно читање теми како гостин - без опцијата што е нови и надгледувани теми е мачно јер те носи на прва страница отворена -3002та година пред новата ера и не е релеванта.
-сега со јузернеим П на квадрат што мака им задава на тие што сакаат да ме тагнат некаде - произведен нова 23 према 24 - повод - се викам Петар (позз до некој ако го интересираше) и имам син роден Јули 23та по име Павел па Петар х Павел = П на квадрат.

*пс
Ако даде господ да имам ќерка ќе се вика Петра (желба на сопругата иако сум јас неутрален за тоа) - па ќе станам П на трета - некогаш кат тад со божја помош.
 
Форумот нема да изумре, може само да еволуира во нешто понапредно. Мислењата остануваат се додека некој се грижи за клаудот. Да купуваме производи од форумов да донираме и да сме активни во политиката оти се е политика на денешно време и ГЛУП си ако не ја следиш. Прашајте или дајте мислење во темата политика. Ќе се изненадите какви експерти има на форумов.
 
Последно уредено:
Форумот нема да изумре, може само да еволуира во нешто понапредно. Мислењата остануваат се додека некој се грижи за клаудот. Да купуваме производи од форумов да донираме и да сме активни во политиката оти се е политика на денешно време и ГЛУП си ако не ја следиш. Прашајте или дајте мислење во темата политика. Ќе се изненадите какви експерти има на форумов.
Треба тогаш да ги споите политика, спорт и секс! Македонците се експерти и најдобри во овие три дисциплини, чуму да идат лево десно? Све на куп:cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom