Нема да падне, единствено добро во случајов е што и покрај тоа што е каша попара, мотивот е погрешен, оружјето не е најдено итн итн... сите знаат дека овие четворица го имаат извршено и нема да се бави апелација со вакви ситници
Ама да беше вака поставен случајот по Америкине, ќе шетаа слободни овие кога тогаш, баш му праќав линкови за еден стар документарец на Мондонико, ептен треба да се намачиш за да докажеш вина.
А ја имаат опцијата овие после у Стразбур да одат? Поготово овој Палчо, со оглед на тоа што он нема признаено, другиве секако имаат, каратистот иако сеа не признава, имаат негова ДНК, а и тенки се со докази за него. Во некоја хипотетичка ситуација, да дојде до таму, па не дај Боже, поради пропустите и неспособноста на МВР и обвинителство, да биде донесена одлука во негова корист таму, во Стразбур, што после би се дешавало кај нас, мора да се почитува таа одлука од таму?
Иначе, и покрај се што видовме во судењево, немање апсолутно ни најмал доказ за било каква инволвираност на таткото, обвинителство кое ги темели своите тврдења на докази како, лоши оценки во основно, користење дрога пред 30 години, мислење од Трифун Костовски, сечена снимка од кај Палас и крунскиот доказ, у сред ноември им рекол на децата, а и на мајката, да се облечат децата подебело од сабајле, зошто минус се температурите, сепак очекувам татково да биде осуден. Да не заборавиме за какво судство и обвинителство се работи. Пред некој ден, суд пресуди, по препорака од обвинителство, виновен за газење на девојка на пешачки, на тротоар ако не се лажам, после 2-3 годни непојавување на суд, на 2 години затвор. Истите овие го осудија Кичеец, на 6 месеци условно за сообраќајка каде загина еден, каде овој им влезе у спротивна лента. Каде кабел беше прогласен за виновен, за живи изгорени луѓе во Тетово и уште мал милион примери. Изврзани ко црева, набутани цели фамилии, секоја одлука им е договорена, без правда, од интерес. Така да мислам дека татково секако ќе биде осуден, дури и без било каков, и најмал доказ.