Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Една работа не ми е јасна, зошто вади стопери, а не играчи од средниот ред? Вчера апла се виде дека Мктарјан има сила како просечен играч во селска лига кога истрча два спринта на почетокот на мечот. Ги имаше Фратези и Класен на клупата, па може да ги стави нив во игра.

Болоња сезонава под Мота игра одличен фудбал и да сум на место на дон Инза би затворил се и би ишол на нерешено у стил на просечна македонска прволигашка екипа. Ама бидејќи знаењето ми е како на Лимени, знам дека ке ги победиме и нив и Атлетико, а и сите до крајот.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264

Фратези се загреваше, ама повторно осетил некоја болка и не сакале ни тој ни Инзаги да ризикуваат. А за Класен не знам, иако секогаш имал стабилни изданија, сепак е 6та опција и можда не сакаше Инзаги да ризикува при активен резултат, појма немам.

Ама да, и јас очекував да влези, евентуално и да планирал така Инзаги, да влезат Бисек и Класен, ама после Лаутаро доби жолт, па го изваде него.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.341
Поени од реакции
6.272
Среќен роденден на Томазо Берни.
Братот има 0 настапи и 2 црвени картони додека го "носеше" црно синиот дрес.
Братот беше на клупа за секој случај.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.012
Поени од реакции
55.294
Суазо, Валеро, Галанте, Фиго, Маикон, Цезар, Лусио, Матераци, Фреи, Карја
Паласио, Пандев, Снајдер, Камбијасо, Милито, Занети, Кордоба, Карагунис, Колоњезе

Прва постава 3421
Цезар
Кордоба Лусио Матераци
Маикон Камбијасо Карагунис Занети
Снајдер Фиго
Милито

2-0 тепале, Фиго 2 комада.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Полиглота е Гоче, еднаш гледав интервју на српски со него и си цепаше добро, што многу ме изненади затоа што луѓе од таа генерација посебно и од тој дел на државата зборуваат српски од типот: Конобар, донеси рачун да се обрачунамо.

Има еден сограѓанин негов кој се чукаше у грудима нашима, иако истиот е од генерации што учеле српски во школо ама со три часа настава во среда, толку.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.648
Па го глеав уште кога излезе интервјуто, ова ако ти е добар српски тогаш..
Не знае бе Пандев да збори никако, се глеа дека е полуписмен добар човек што не гази на мравка.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Значи реков убаво: како за човек од таа генерација израснат на тоа место. Не е ова чист српски ама не е ни нешто да те убие срамота, за човек што никогаш не го учел тој јазик во школо, никогаш не живеел во заедница со луѓе што го зборуваат тој јазик и заминал за Италија релативно рано, зборува изненадувачки добро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom