Recent Content by Zlatikevichius

  1. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Моментално серијата која е на место бр. 100 има 1.5 бод. Бонус сериите имаат 0.5 бодови. Секако нема да влезе на листата, и да ја додадеш. Тоа прво. Второ: Mr. Inbetween нема comedy во описот на жанрот на IMDB, значи не може да влезе во конкуренција. Проверете прво, па пишувајте, ве молам.
  2. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Мини серии може, да. Ама конкретно, Good Omens беше во конкуренција за најдобра серија, на 88 место е на листата таму, а епизодите и се по 60 минути според IMDB, па така, тука не може да влезе.
  3. Zlatikevichius

    Си купив книга

    Се фаќаш за најневажното од целиот муабет. Не е ни важно. И 1970 да е, пак не е 19 век. Еве, побарав на Cobiss, првиот превод на книгата на македонски е во 1990, издание на Култура. Драги Михајловски прв пат се спомнува во превод од 1993, издание на Детска радост. Тоа што јас ја спомнав 2004...
  4. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Вака значи. Предложувањето не е завршено, можете, рековме, до 19:00 да ги поставувате вашите листи. Во меѓувреме, ја проверувам листата со серии, и ќе ви пишам кои серии ќе отпаднат од конкуренција и зошто. Значи вака, на листата влегуваат сите ситкоми, без оглед колку траат. Тоа се сите серии...
  5. Zlatikevichius

    Си купив книга

    Па и Алиса, Мери Попинс, Хајди, Робинзон Крусо, Гуливеровите патувања и уште еден куп други се книги за деца, па имињата не им се преведени. Оригиналната бајка Снежана од браќата Грим е насловена Schneewittchen. Snow White е англиска варијанта на насловот, што всушност не е ни име, туку сложен...
  6. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Тие двајца не делуваа како некои кои сакаат да учествуваат, па така... 1590352031 153. Ама голем дел од тие ќе отпаднат. Некои од тие ги знам уште сега, ама не ги пишувам тука, за да не почнат тие што ги предложиле да ги корегираат листите и да ми направат хаос. ОК е вака, нека заврши...
  7. Zlatikevichius

    Си купив книга

    Шарлот е оригинал. Не требало да го преведуваат името, најпрво. Замисли Хајди да беше преведена како Христина, Мери Попинс - Марија Поповска, а Алиса во земјата на чудата - Алтана во земјата на чудата. Подобро сега, отколку никогаш, да ја исправат грешката.
  8. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Утре вечер. До сега 52 члена предложиле, од кои двајца со нецелосни листи и затоа нема да се сметаат. Кај сериите имаше исто, 50 члена. Тука очекувам уште.
  9. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    И јас ги заборавив Cougar Town и Raising Hope. По 0,5 бода од мене. Иако на Raising Hope би и дал и повеќе, пошто гледам дека никој нема гласано за неа, ама ај, да не менувам сега. Секако тешко дека ќе се најде на листата.
  10. Zlatikevichius

    Си купив книга

    Нема саем годинава, а во Арс Ламина има 30% попуст на новите изданија, па затоа си ја докомплетирав едицијата "Детски класици" и си купив неколку од новите лектири за основно. Обожувам детска книжевност!
  11. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Ќе ги проверам отпосле, сите, една по една. ;)
  12. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Аууу, имаш негативни поени од мене за ова. Мене па ми е единствена од трите што не ми беше досадна од почеток до крај.
  13. Zlatikevichius

    Кајганџиски книжевнички каталог отворена тема

    Ако можам да помогнам, би ми било задоволство. Count me in!
  14. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Реков дека листата е дел рангирање, дел тактизирање. Види ми ги оценките во претходната тема и ќе сфатиш што мислам. :D
  15. Zlatikevichius

    (Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

    Еве ме и мене, со малку рангирање, малку тактизирање... Плус, со (некои од) моите најсмешни моменти од сериите: 12. The Big Bang Theory 10. Malcolm in the Middle 8. Friends 7. Sex and the City 6. Преспав 5. Will & Grace 4. Mother and Son 3. South Park (и епизодата со Анима Мунди)...
На врв Bottom