Реално највеќе внимание треба да посветиш на хотелското сместување, затоа што хотел со четири ѕвезди во Европа, не е на исто ниво со хотел со четири ѕвезди во Африка. Читај reviews обавезно пред да букираш. Јас бев во хотел со четири ѕвезди, собата ми беше топ, и чиста и све, али последниот ден кога отидов во тој заедничкиот тоалет се запрепастив колкава лебарка видов, цел хотел го дигнав у вис

, тоа суштество беше на граница меѓу лебарка и глушец, не знам што беше, можеби некој мутант. Среќа што беше последниот ден, затоа што сигурно ќе си го расипев одморот. И последниот ден исто видов, како еден келнер ја зема мојата чаша и само као ја истури течноста, зема нова сламка, ја наполни чашата со друга пијачка и му ја даде на друг чоек.
Прежешко е, така да ако не сакаш да цркнеш од жештини, подобро е да одбереш некој од постудените месеци. Влегуваш во водата и не може да се разладиш, затоа што водата е жешка! На плажата има многу напорни луѓе кои шетаат со камили и не дај Боже да си малку така со посветол тен, обавезно ќе ти се закачат до крај на одморот и константно ќе те замараат, за сликање или за било какви други екскурзии.
Екскурзии ќе си тераш само со одговорно лице од агенција. Тогаш беа две големи, едната беше посета на Картагина, потоа прошетка во Сиди Бу Саид и главниот град на Тунис, а другата екскурзија беше дводневна некаде низ пустините (искрено препорака, ако сакаш да идеш на оваа екскрузија тогаш планирај си повеќе од 7 дена во Тунис, затоа што деновите ќе си ги поминеш само на шетање и ништо нема да видеш од плажа и вода). Инаку главниот град и не е така лош. Посебно во европскиот дел е многу поцивилизирано и убаво средено, луѓето се културни, ресторани и кафичи не се лоши и не се ни скапи, али како ја поминуваш границата и полека навлегуваш во афричкиот дел, така се чувствуваш се понебезбедно.
Се на се, убаво е да одиш еднаш, да се прошеташ, да промениш, да видиш како е, али пак не би одела пари да ми даваат.
И бонус тип: има многу муслимани туристи, што значи дека џабе ќе стануваш сабајле во 7 да си фатиш лежалки на плажа или базен, затоа што они имаат молитва сабајле и секогаш се чекор пред тебе.
