LustingVertigo
Snopdan Dogovich
- Член од
- 1 декември 2017
- Мислења
- 849
- Поени од реакции
- 1.263
Има уште SWE што работат за 40-60К и овде во Македонија, 60-70% од тие што ги имам запознаено барем толку се платени (нето), башка тоа во многу фирми ги тераат да потпишат анекс на 2 години минимум за да можа да ги фрлаат од проект на проект и ги цедат максимално.Види, неблагодарно е да се рече дека лажат, попрецизно е дека има луѓе што земаат такви плати, па и поголеми, но се само еден дел од оваа индустрија.
Сепак зависи дали ќе налеташ на нив, или на некој од тие помалку среќните. За првите се што лета и се јаде, и живеат во друга реалност, па не очекувај да те разберат и да прифатат дека има колеги со исто искуство, па и знаење, а упола плати.
Обично дознаваат како е надвор од фирмите после отпуштања, а ваквите ќе ги приметиш како на групите на ФБ се претставуваат кои се, и така одоколу демек ако има некаде потреба да ги викнат Ок, знаеме дека се научени на специјален третман, ама се знае како се аплицира за работа, има оглас, бујрум како и секој обичен смртник, ако се добри не треба да се плашат од интервјуата
И онда то, пишав одамна дека мкд е скап пазар, ама треба време за да се осетат трендовите и промените. Програмери во моментов се земаат по Јужна Азија и Африка. За жал се послаби англиски, но има многу добри дечки кои работат за ниски плати.
Кога уште бев на почеток, го слушнав терминот "human capital" или "human resources" и сваќаш дека си само лимон за цедење. Некои се радуваат на off-time за празници, платено боловање и се крстат на сигурна/стабилна работа. Како што си кажа @Lester Freamon, ако си добар во тоа што го работиш нема зошто да се плашиш.
Искрено јас гледам во најкраток можен рок да завршам работа за цела недела за да можам потоа на нешто мое да работам, пример 2 дена турбо таскови работам после 3 дена + 1 ден викенд работам лично за мене.
Фирма како фирма, гледа само да те искористи до максимум за да може шефот/CEO/stakeholders да дуплираат пари вгодина, дупло да вложат во маркетот/stocks/investments и ново Мерцедесче да воза, чиста работа. А за вработените Pizza Party Friday !