Пред 2 ипол години имав 92кг, ослабев цели 30кг, го истопив целото сало а и мускул што е очекувано со калориски дефицит. Пред извесен период почнав да одам теретана, но осеќам дека сега ми требаат фазла кила. Според БМИ, индексот на телесна маса, средна тежина мие 64, а максимална 74 за healthy bmi. Планирам да качам 10-15ки (до 70-75кг). Ама сега имам друг проблем. Кога се мерам и гледам на вага дека идам нагоре, ме фаќа паника и не убо чувство ко страв да не се вратам ко претходно и заборавам дека сега идам на тренинзи секој ден по 1-2саати и плус нее исто како претходно, лежи и јади се и сешто, ко да чувствувам фобија од по голема бројка на вагата, а чувствувам потреба дека ми требаат плус кила. Јаглехидрати особено шеќери не јадам воопшто, леб и бели пецива исто. Често јадам риба скоро секој ден, ова и пред да почнам теретана јадев, и телешко месо, некош пилешко, ама највеќе риба. Од јаглехидрати зависен сум од скроб, т.е пченкарни грицки како смоки итн, други јгх не конзумирам воопшто, ни Ш од шеќер, освен овошје ама не толку, највеќе за смути со сурутка. За разлика од другиве што ги прашувам, ми велат абе јадам се и благо и леб и буреци и баклави и пак се во форма, али речиси скоро сите горе се топ ама со стомаци, изгледа ради шеќерите. Јас благо не јадам и не би јадел, ниту леб и буреци, ниту алкохол, сокови, кафиња. Само вода и чај. Како да го пребродам и решам оваа фобија сега од поголема бројка на вага? Пробав само со кето, протеини и масти како месо и риба, за да немам стомак а да бидам фит горе, ама не бидува, и со калориски суфицит на таква храна или задржувам тежина или намалувам. Со јгх од пченка, плус месово, рибава, идам нагоре, и мускул на рацеве веќе се оцртува дали од гликогените, ама и стомак ми расте воедно, иако и такви вежби прам. Ми викаат само јади се што ќе ти дојде на на душа и тренирај редовно ќе немаш гајле. Почетник сум, секој совет, мислење и критика е добредојдена.