Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав момци, почнав да вежбам пред 1 месец ми треба помош околу исхраната т.е. што да додадам во моменталнава и во кој дел од денот.

Моменталнава ми изгледа вака:

Прв оброк
1. Јајца, грчки јогурт, салата, банана
2. Овес, банана, шумско овошје, путер од кикирики/ореви и бадеми.

Втор оброк
Пилешко/Телешко/Мисиркино со компир/ориз/тестенини, салата

Трет оброк

Пилешко/Телешко/Мисиркино со грчки јогурт и салата, овошје, whey isolate

Четврти оброк
Протеински пудинг

Веќе цел месец сум на оваа исхрана и почнува да ми досадува, да ми се гади од некој оброци, ме интересира што би можел да променам/додадам?
Веј протеин со овез и млеко.
Гриз,веј и путер од кикири.
Протеински палачинки со веј правена смеса.
Чоколино,замрзнато овошје,веј и путер од фстаци.
Помфрит мешавина со бел компир и компир батат.
Ловечка плескавица да си правиш хамбургери...Тоа јадеме скоро сите секој ден.
 
Риба јадам да, сум заборавил да ја пишам. Чоколадо?
Добро е за енергија чоколадото. Мастите и шеќерите се исто битни како и протеините. Ако ги нема доволно телото ќе ги користи протеините за извор на гориво.
 
Немора исхраната да биде досадна и монотона секој ден посебно ако имаш време сам да ја спремаш. Сам ги правам 5те оброци во текот на денот, тоа се 35 оброци неделно. Има милион рецепти и благи и солени што можеш да ги направиш според макронутриентите што ти се одредени во текот на денот и никогаш да не ти се здосади или да кажеш дека ти се гади од оброкот.
 
Немора исхраната да биде досадна и монотона секој ден посебно ако имаш време сам да ја спремаш. Сам ги правам 5те оброци во текот на денот, тоа се 35 оброци неделно. Има милион рецепти и благи и солени што можеш да ги направиш според макронутриентите што ти се одредени во текот на денот и никогаш да не ти се здосади или да кажеш дека ти се гади од оброкот.

Не ми се досадни главните оброци со месо и компир/ориз/тестенини но ете пример јајцата и грчкиот јогурт некој денови ги голтам на сила. Нема врска, фала на одговорите. :)

Протеини, калории, јаглехидрати.. на која апликација/веб страна мерите?
 
Палента со урда и грчки
туна салата, пилешка салата
интегрална тортиља, со што сакаш можеш да ја комбинираш, пилешко, риба, салата ставам, пченка, наут.
Смути правам со млеко, банана, урми, кикирики, семки од тиква и чиа семе. Имам огромно смути и знам да направам по литро смути.
Паста со школки или туна
Палачинки
Полнети пиперки со мисиркино мелено и ориз или со урда
 
Последно уредено:
Ако ти пишува на храната што ја купуваш (на пр. оризот, овесни снегулки) од таму гледаш нутритивна вредност (во примеров јаглехидрати) и запишуваш.
Ако не, отвараш wolframalpha.com и пишуваш на пр. "250 g raw chicken breast/salmon" за да не ти даде инфо за веќе подготвена храна..
 
Или симни си myfitnesspal. Скенираш бар код на пеоизвод, пишеш колку грама јадеш и ти смета калории и макроси.
 
Или симни си myfitnesspal. Скенираш бар код на пеоизвод, пишеш колку грама јадеш и ти смета калории и макроси.
Работи ова без претплата? Претходниот пат ми бараше пари.
 
Знае ли некој колку калории има во оваа сардина? На конзервата пишува се само калориска вредност не. adrijus-sardina-125gr.jpg
 
Автоматски споено мислење:


Знае ли некој колку калории има во оваа сардина? На конзервата пишува се само калориска вредност не. Прегледај го приврзокот 402985


1г протеин - 4 калории.
1г јх - 4 калории
1г фат - 9 калории
Повели пресметај си.

PS. Од прилика 190-200 калории.
 
Пишува ама само со микроскоп ќе прочиташ. Подобро земи ги оние во доматен сос и рачунај окулу 200 кал. Овие во масло зависи колку добро ќе го исцедиш маслото окулу 350 кал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom