Овој концепт го имаше уште пред 30+ години и кај нас со ефтини најлонски фолии и меѓу нив жица, се ставаше под тепих и директно во струја. Имаше еден другар, пријатно топло, ама кога ќе помислиш дека цело време одиш на 220 В напон со слаба изолација или дете ќе земе да игра па со чекан кова клинци во подот (што моите баш така играа)... не, фала. Е сега со овој систем на 12 В тој проблем е надминат и тоа е. Кој сака пријатно подно греење и не премногу скапо, за него е во ред.
Ама ефикасноста е друга приказна, чисто за добиена топлинска енергија од 1 kW се добива 0,85-0,90 kW топлина, останатото се губи во зидот кај трансформаторот/изменувачот. Значи добиваш топлина помалку отколку со калолифер или панелка. А со клима и да не споредуваме, инвертерот за 1kW ти дава 2 до 5 kW топлина, зависно од надворешната, кај топлинските пумпи нешто помалку ама блиску. И ова се општо познати работи, нема потреба македончето да е многу паметно па да верува или не

Впрочем и во првото видео колку што слушав, никој не спомна дека се поефикасни од клими, туку е поефтино од дрва, пелети, плин, што е веројатно