Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.158
Поени од реакции
13.382
^И гол даде, за Арсенал уште му е само пеналот.

Патем...
Chido Obi-Martin scored
(TEN!) goals in Arsenal U16s 14-3 win over Liverpool

The 15–year-old has already trained with Mikel Arteta's first-team squad

1700438346442.png
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
571
Поени од реакции
1.021
Да видиме како Рамсдејл ќе се врати во тимот. Имам чувство дека е вратен со намера на Артета да им покаже на сите зошто го избрал Раја, а се надевам дека Рамсдејл ќе блесне и ќе се издигне над целата ситуација што му ја направи татко му.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.162
Братов ептен западнал во депресија. Алмунија вајбови ни дава.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Сите очајни цела утакмица, ја решава најочајниот цела сезона. Подобро не можеше да биде.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.158
Поени од реакции
13.382
Мартинели е страшно паднат, до степен на непрепознтливост. Одегард и Жезус исто така, ај Жезус вода во очи нема од повреди, ама другиве двајца немаа посериозни повреди во последно време, а формата им е веќе од поодамна во надолна линија. Сака и Тросард живуркаат, Тросард одлично го користи тоа што Мартинели е паднат во форма, сантиметри го делеа пак да се запише во листа на стрелци и тоа пак со глава, во статива залепен, а кутриот е метро и желба за раст. Одлични интервенции од гол линија на Жинченко и Рајс, поклон од нив за Рeмсдејл. Габриел солиден денес, уствари дефанзивната линија ни е доста солидна, тие 2 шанси воопшто не беа поради нив (и таа Жинченко што ја спаси пак беше Ремсдејл излетан, со празен оставен гол), комотно може да се каже дека не припарија кон наш гол Брентфорд. Се надевам голов денес ќе му ја дигне самодовербата на Хаверц, премногу ни е потребно некој да се активира!
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Мартинели е страшно паднат, до степен на непрепознтливост.
Што знам за ова, малце ми е сус оти Мартинели во ЛШ е ѕвер. Не би да ја зимам утакмицава за репер оти Брендфорд феноменално се бранеа. Мартинели и Сака беа цело време удвоени. За Одегард се сложувам, на утакмицава ми изгледаше ко да нема ни желба.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
908
Поени од реакции
2.990
Мартинели е паднат.. дечкото играше пред некој ден исцрпувачки натпревар за Бразил против Аргентина, и изигра одлично, газеше. Не се е и играчите роботи, на два дена утакмица, патување нон стоп, тренинзи, не смееш да јадеш што сакаш, да правиш што сакаш кога сакаш и сл.
Затоа и се случуваат падови у форма, заситеност, умор и сл.
Ова Фифа и Уефа што го прават моментало е лудило, што повеќе да се игра, повеќе пари да се вртат.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.158
Поени од реакции
13.382
Да не се разбереме погрешно, јас сум огромен почитувач на ликот и делото на Мартинели. Само што ова со формата кај него го воочувам уште пред да бидат репрезентативните паузи. Тоа што со Севиља растури беше бидејќи само еден играч го чуваше, поспор од него беше и го посрамоти за сите пари, ама па и сите тие нафрлувања што следеа откако ќе го поминеше како мало дете беа непрецизни и бескорисни, во ниеден обид не погоди соиграч. Збор се нема за дриблинг, брзина, ама мора да поработи и на пас игра и шут за да е комплетен играч и ние конечно да сме шампионски клуб. Сака исто може да го снема ако го удвојат двајца, али секогаш знаеш дека ќе ти извади пас ко денес за голот.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.894
Поени од реакции
6.169
Да не се разбереме погрешно, јас сум огромен почитувач на ликот и делото на Мартинели. Само што ова со формата кај него го воочувам уште пред да бидат репрезентативните паузи. Тоа што со Севиља растури беше бидејќи само еден играч го чуваше, поспор од него беше и го посрамоти за сите пари, ама па и сите тие нафрлувања што следеа откако ќе го поминеше како мало дете беа непрецизни и бескорисни, во ниеден обид не погоди соиграч. Збор се нема за дриблинг, брзина, ама мора да поработи и на пас игра и шут за да е комплетен играч и ние конечно да сме шампионски клуб. Сака исто може да го снема ако го удвојат двајца, али секогаш знаеш дека ќе ти извади пас ко денес за голот.
Извади и Мартинели добар пас на два пати. Таа ситуацијата кога Бен Мии од глава му ја симна на Нкетиа. И уште еден кога никој не го следеше во петерец.
И во прво имаше неколку солидни пасови на 16 метри назад, еден за Жезус ама не помина, беше изблокиран.

Паднат е во форма, ама беше и удвоен цело време и не можеше да направи ништо. Со Жезус и ротираа цело време во прво.

Сака е ниво погоре. Дури и да нема добра партија, знае со еден потег да реши меч. И таа за голот на Тросард беше на Сака. Жезусот лани такви како локумчиња ги погодуваше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom