@puno До кај е соживотов брату?
ДУИ: Поставувањето на крстот на Попова Шапка е договор меѓу ВМРО и Беса | Кајгана (kajgana.com)
Одговорност барале.
ДУИ хистерија за клавање Крст на Попова Шапка. Вау што се сторило, џа, бу. Готово се сруши светот. Армагедон. Акцент на
Поп-ова ќе ве молам.
И Швајцарија вака? Јас кај и да одам на Вандерунг на Алпите на секој врв ме пречекува друг Крст, чунки европска практика е, присутна во многу земји очигледно, не само во Македонија.
Тешко Пуно вака соживот. И Скендербег би се согласил. Знајш и сам, затоа стивнаја репликиве, а гласен беше нешто многу претходно. Еве со мене дебатирај ако не сакаш со другите.
Не ти спорам ништо твое. Не те омаловажувам со погрдни зборови и измислотини дека сте биле Азери или Грузијци. Сакам искрено да ми одговориш, што Скендербег ќе речеше за овај тврдокорен став на ДУИ против Христијанството на Балканот денес ваков каков што е - конечно слободен. Конечно неговите народи имаат право да се идентификуваат со она што им е мило. А на Македонецот, чунки од памти век мил му е Христа. Појче и од Александар, на пати ми се чини дури. Еве само кажи твој став, што Скендербег би рекол кога би ја прочитал статијава за ДУИ и ставот на неовите сонародници, албански компатриоти против Крстот? Толку барам да ми одговориш.