- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.239
- Поени од реакции
- 18.183
Сеа и за електрични возила и енергетијка ли стана експерт. Штом е одлучено политички, тогаш ќе се бара и најде и техничко решение за да се имплементира тоа. Нема некоја филозофија тука.Не е проблемот во концептот, туку во достапната батеријска технологија. Литумската технологија не е за ваква намена. Кога ќе се деси смена на генерации во нешто значително подобро, тогаш може да се планира озбилно... Се разбира само после целосна ревизија на електричната инфраструктура во државите.
И тоа е само техничкиот дел од аспект на storage на енергија. Не сме ни почнале да дискутираме од каде треба да дојде таа енергија, ниту колку ќе чини.
Ова сега е форсирање во надеж дека тоа ќе предизвика preemptive развој на технологиите. Нема. Само ќе ги стави во зијан државите што ја субвенционираат оваа бесмислица (наместо да улагаат во развој на нови технолгии). Ама па на јавноста полесно им се продава „зелена“ агенда отколку за развој на наука и технолгија (плус им се шири шyпакот за субвенции без да размислуваат дека од нив се земаат парите за тие субвенции).
И сега некој ќе се праша (со право) шо кој К овие зборуваат за ова на оваа тема?
Па затоа што војната во Украина е една од капислите за забрзано буткање и промоција на производство и користење на електрични играчки возила. Идејата е наместо од Русија/Арабија/Венецуела да купуваат енергенси, истите да ги добиваат од сонцето/ветарот/итн. Сѐ убаво, но реалноста е друга. Само идиоти идат надвор од град со такви аута - и навистина идиоти идат, и си влечат генератори за струја кои што мислите на што работат?
Ама еј! Слава Украјини!!
Муабетот со обновливи извори го форсираат земји/блокови што немаат свои ресурси. Тука примарно се збори за ЕУ, меѓутоа Кина е таа што предничи во сите бројки за имплементирање на обновливи, од ветерници, солар до електрични возила. Сосема логичен потег, со оглед на тоа дека се зависно од увоз на енергенси. Во Америка тоа не е случај, они се извозници на енергенси и затоа имаат две лоби групи, за и против.
Ова е некој тренд што е почнат од првата нафтена криза во 80ти. Војната во Украина е каписла во твојата глава вајда, па се активира на секоја тема од сточарство до енергетика.