Општи дискусии за ТВ серии

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Las Vegas гледам дека ја даваат на МРТ, ама не можам торент да најдам функционален нигде. Некој да асистира?
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.046
Сега ја пуштив The Haunting of Bly Manor. Каква глума од децата ау. Одамна немам видено во модерен филм/серија деца да глумат толку добро.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.046
Сега ја пуштив The Haunting of Bly Manor. Каква глума од децата ау. Одамна немам видено во модерен филм/серија деца да глумат толку добро.
.. ама затоа пак севкупно серијата ме разочара. Hill House беше 10/10, ова е многу слабо.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Shantaram на Apple, добра драма. Австралиски затвореник бега од затвор и се крие по циганските маала во Мумбаи. 7.5/10

Корејската Kingdom фино ми легна исто. Зомби апокалипса во време кога со Кореја владееле цареви и династии. 8/10

И серија во која најмногу уживав последниов период е The Bear на Хулу. Прославен готвач наследува маалска сендвичара од починатиот брат. Доста реална, на моменти и во документаристички стил ко да гледаш некој пред тебе како готви. Ја имаше препорачано Илина Букбокс пред може година и нешто, а Илина знае што е добро. 9/10
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Based on a true story со Kaley Cuoco од TBBT погледнете ја, нема да зажалите, само 8 епизоди

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Ја изгледав Mare of Easttown. Кејт Бланшет ја вади серијата, инаку не сум сигурен дали би продолжил подалеку од пилот епизодата. Пилотот беше речиси негледлив, изгледаше доста евтино, а Кејт личеше ко да должи пари на лихвари па мора на сила да оди на работа колку да исплати долгови.

После се поправи серијата - глумата си зазеде некој терк, некои backstory работи ѝ дадоа димензија. Имаше интересно дејствие, се развија работите што ги поставија во првите 2-3 епизоди, а крајот, како и секоја крими серија, имаше неколку плот твиста со ред. Но, и покрај тоа, останува една од оние приказни (барем за мене) што требало да бидат филмови наместо мини серии. Пола од споредните приказни немаа end game (приказната со ќерка ѝ, ужас досадна). На моменти ме потести на The Killing, ама The Killing е секако неколку нивоа погоре.

Она што на Mare of Easttown ѝ фали да биде во најдобрите од жанрот е нешто што останатите го имаат и толку очајно се држат за тоа - атмосферата. Секогаш кога ќе помислиме на крими серии, мислиме на атмосфера. Во True Detective, The Killing, итн, атмосферата (односно продукцискиот дизајн и кинематографијата) е двигател на дејствието. Кога мислиш на првата сезона со Меконахи и Харелсон, мислиш на мочуриштата во Лузијана, мачнината, бескрајните возења, цигарите, агонијата. Овде го нема тоа. Но, покрај сѐ, би рекол дека е океј избор на серија за бинџање преку викенд, нема зијан.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
One Piece на Нетфликс изгледана во 2 дена. Топ серија, лабава, забавна, не ни осеќаш како летнале епизодите. 10/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.115
One Piece на Нетфликс изгледана во 2 дена. Топ серија, лабава, забавна, не ни осеќаш како летнале епизодите. 10/10
ama 10 od 10?

jas izdrzav do treta i bataliv, ima zabaven moment no koga e cringe e neoprostlivo cringe. Sto e 10 od 10, moze ke se vratam… da ne si cital/gledal source pa subjektivno 10 ili? 10 e seriozno. :D

U meguvreme ja vrtam New Girl i mi se nametna, se naogam kako se smeam
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
ama 10 od 10?

jas izdrzav do treta i bataliv, ima zabaven moment no koga e cringe e neoprostlivo cringe. Sto e 10 od 10, moze ke se vratam… da ne si cital/gledal source pa subjektivno 10 ili? 10 e seriozno. :D

U meguvreme ja vrtam New Girl i mi se nametna, se naogam kako se smeam
pa dobar si, jas posle 30 minuta od 1ep ja iskluciv
 

Kajgana Shop

На врв Bottom