Политички случувања во Израел

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.104
Болд 1: Па јас тоа пробувам вам да ви го кажам на вас, затоа што вие сте тие што после 2 секунди од некој настан (напад, провокација и слично) оценувате која е правата страна и кој е релевантниот медиум.
Болд 2: Мислам дека еден член праша овде, која е појдовната точка за историјата? Ти велиш дека таму од 7 век живееле Палестинци на оваа територија, јас ти викам ок, така е, а што правиме со периодот пред тоа? Периодот пред Исус? Можеме ли да важиме дека живееле Евреи тогаш? Да не ме сфатиш погрешно, не дека ги правдам со тоа, само реагирав на некои членови што истрескаа прво дека никогаш до 1948 година не живееле Евреи на таа територија и што тоа место отсекогаш било Палестина, притоа незнаејќи што е држава а што територија.
Болд 3: Јас не верувам на trust me bro страници, него прашувам која е мерката за релевантност? Тоа со Ванлок го дискутиравме. Зашо знаеш што, еве пример, кога излезе веста со бебињата јас лично пишав дека ОДВРАТНО и НАЈНЕЧОВЕЧКИ акт би било доколку тоа е вистина. Никаде не прогласив официјална вистина и слично. Е сеа од друга страна го имаш примерот со болницата вчера каде уште во првите 5 минути на темава се обвини и дозна злосторникот, за тоа каков метод употребил, колку жртви има, и тоа нормално од истите ликови што негираа за бебињата исто така 5 минути откако се објави веста. Па да те прашам вака тука немаме некаков сомнеж? Не е можно на Хамас да им експлодирал хангар со оружје кој можеби го криеле во болницата? Ме сфаќаш ваљда што сакам да кажам, не негирам дека се случил настанот со болницата или дека не бомбардирале Израел, само малце е безвезе за едни работи одма све да е вистина а за други одма да се прогласува пропаганда.
Болд 4: Човек што се вработи со книшка од ВМРО пред 10тина години, а сега е со книшка од Левица апсолутно нема нормална перцепција ниту знае да процени нешто. Дно, поима нема од животот.

П.с. Не знам зошто мислиш дека сум на страната на Израел, апсолутно ме здоболе Стојко и за двете страни, ти кажав едино што мразам у животот е прогресивен Ислам, значи не Ислам него екстремен Ислам и сите што го применуваат се непријатели на нормалниот човек, без разлика дали е Македонец, Србин, Клингонец или Австралијанец. Само намерно ви се контрам за да ви докажам дека у одредени ситуации и вие лапате кромид вести и не е се така шарено и на другата страна. Толку од мене.
Болд 1 одговор : Можеби се случило вакво нешто , но ако си во тек со случувањата во Украина (од 2014 зимата не само од војнава 2022) сам ќе приметиш кој повеќе паѓа на пропаганди а и кој повеќе спама вакви пропаганди како вистини.

Болд 2 одговор : Ајде да бидеме реални на историската тема ти прв проби блам. Баш памтам ја и темпларката и ваљда уште некој ти пишавме дека од 1948 евреите се мнозинство на историската територија на Палестина. Пред тоа биле 8 или 9 проценти според тие пописите од турско и за време на британската администрација. Затоа и ти направив споредба со Косово како вештачки со доселување и геноцид врз вистинското автохтоно население станати се мнозинство и де факто дека се терористичка држава.

Болд 3 одговор : Сличен одговор ќе ти дадам како на првиот болд. Ова може да е прво излетување на темава за патка вест. Од другата страна пак ќе повторам за непотврден настан веќе почнаа мантри да се создаваат и осуди и казни да се планираат.

Болд 4 одговор : Имам најдобар другар што скоро 10 год буквално ги изгуби во штаб на СДСМ за наводно да го вработат се додека не зема сам не си најде работа и тоа во банка. Одма раскина се со нив. Веќе 3 год како е вработен нема отидено ни на митинг ни на тоа собирите за да се договаараат да собираат потписи. Најбитно од се ниту еднаш ништо не спомнал пред нас да сме гласале, да сме го поддржале. На настани каде што има патриотска музика или во кафана увек просерава дека не сме на вморовски митинг. Ми иде виљушка у око да му збрцам. Воглавно свесен е дека политички згрешил и дека чисто од профит бил член. Тоа не го менува фактот дека како човек не е говно да сере и да провоцира со северџански муабети. Дури напротив јас секад го дупам сите што викаат една Макдонија, само Македонија да ги пријави у хелсиншки комитет заради крадење на идентитет од грчкатата провинција Македонија.
Се смешка и ништо не реагира. За разлика од други северџани и дури некои Вмровци овој би ти кажал е најголем патриот.
Сладоледот ти го знаш најдобро зошто ти е школски. Јас не знам каква му е финансиската состојба дома. Доколку заради финансиски потешкотии ги прави рокадите низ партииве целосно го оправдувам. Кога многу побитни и повлијателни личности испаднаа политички курви, за обичниот човек не ме чуди да си ги гледа своите интереси. Него како пример ти го дадов дека и тој негде 2022 кога веќе беше почната војната во Украина се убаци како падобранец на темата ама брзо го примети контекстот и ја избра страната што навистина е под напад. Секако дека пливаше накај бламот на моменти ама во целото море од информации треба многу долго да се плива за да се извлечат точните и вистинските. На пример јас никогаш не негирав дека Русија многу лошо ја почна офанзивата со мајндсетот од Втора Светска војна дека на јуриш ќе ја освојат цела Украина. Ботовите сеуште спамаат муабет дека ние цело време сме мислеле дека пак до Берлин на трчање ќе идат.
Како и да е вака преку тастатура изгледа на забавен лик па макар да го слушаш некои зелени да истресе. Мене ми е ок весела појава.

п.с. ништо лично не сфаќај , мене муабетот ми беше дека некој што не коментира често на вакви теми логично е да не го интересираат. Мене во фудбал си ме видел да пишувам. Во баскет, тенис ?
Затоа мислев дека ставот про - израелски сигурно си го изградил од тие спамовите, а особено до делот каде што евреите нападот на Хамас сакаа да го прикажат како напад и врз христијанството само за да соберат симпатии. Не знам дали си верник и колкав верник си но голем дел од нив баш заради ова се на страната на Израел без да ја погледнат реалната ситуација. Поздрав и до тебе.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Не е ли тоа исто со убивањето цивили и невини луѓе?
На кој му иде во прилог да страдаат цивили и невини луѓе?
За да направиш такво нешто мора да имаш корист, интерес од тоа, да сакаш да постигнеш некоја цел... Од ваков настан само Хамас може да има корист, да испровоцира вклучување на хезболах или таму други слични, да поттикне немири по светот што гледаме и делумно му успеа.... Израел нема никаква корист од рекетирање на болница.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
@Aceso, работата е што луѓето кои започнуваат војни не размислуваат како нас, обичните смртници. Нашите мозоци по дифолт ги отфрлаат страшните вести или сценарија како невозможни, се додека не видиме некаков опиплив доказ.

За луѓето кои започнуваат војни, народот е бројка. Стока, реално, која треба да се искористи на начин кој тие го сметаат за правилен...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.104
Во ред, не реков јас ништо за твоите ставови, јас го коментирав мемето а ме цитираа два пати за нешто сосема друго.

Друга работа, ќе има несразмерно повеќе жртви Палестинци, но тоа дека 700 деца се убиени не сум сигурен, еве вчера 500 души беа убиени во болница која беше срамнета со земја а денес кога се раздени болницата си стои таму, има дупка на паркингот со уништени возила во радиус од 10 метри.

Сега бидејќи сме на политички теми и за да не ме цитираат без потреба, и 100 деца да се убиени многу е, и 50 души да убиле на паркинг пред болница многу е. Ова е само почеток, веројатно ќе оди во десетици илјади бројката.

Но поентата овде е дека вие што ја симпатизирата Палестинската страна избрзувате со проценки исто толку брзо како и оние со кои се расправате. Не е лошо да си дадете неколку часа за проверка на информации, is all I'm sayin'.
Во ред. За се си во право освен за тоа дека ја симпатизирам Палестина. Анти - Израел и Анти - САД, Анти - ЕУ сум.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Во ред. За се си во право освен за тоа дека ја симпатизирам Палестина. Анти - Израел и Анти Америка сум.
Океј, не мислев да етикетирам или нешто слично, на форумов сум 15 години и немам појма кој за кого е или зошто е. Да не сум активен два месеци и да се вратам ќе треба пак да ве прашам кој за кого сте :) Имам некој проблем генерално, не обраќам внимание на никовите, се фокусирам на содржината.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.104
Епа ај објасни го тоа на оние што развија теорија дека Израел намерно го пуштил нападот на Хамас за да има изговор за атак врз Палестина. :ROFLMAO:
Абе Цобе таман цел реферат ти напишав и мислев дека се разбравме еве пак пливаш кон во блам. Ок може претерувам, не е блам твоево мислење ама многу поштено размислување, многу детско. Политиката никаде, никого и ништо ни жали ни штеди. Зошто мислиш дека таа будалата кај Израелците исто не размислува како будалана кај Палестинцине а и како будалана кај Украинцине дека човечки жртви ќе ги заддржат на власт ?

Па кај нас имаш пример како преку буквално играње со чуствата на роднините на починати луѓе СДСМ дојде на власт.
И што решија од Нешковски, Тамара после 4 год на власт ?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.263
За да направиш такво нешто мора да имаш корист, интерес од тоа, да сакаш да постигнеш некоја цел... Од ваков настан само Хамас може да има корист, да испровоцира вклучување на хезболах или таму други слични, да поттикне немири по светот што гледаме и делумно му успеа.... Израел нема никаква корист од рекетирање на болница.
Целта на Израелците е да ги истребат Палестинците.
Затоа поставија блокади околу појасот Газа, за населението да не може да мине.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Целта на Израелците е да ги истребат Палестинците.
Затоа поставија блокади околу појасот Газа, за населението да не може да мине.
кај да мине?
У Израел?
Никад не ни можело таму да мине.
Они сакаат накај Египет да ги испратат и таму на една локација привремен камп да напраат. Али Египет неќе, па планираат таква локација во самата Газа.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.508
Поени од реакции
26.104
@Aceso, работата е што луѓето кои започнуваат војни не размислуваат како нас, обичните смртници. Нашите мозоци по дифолт ги отфрлаат страшните вести или сценарија како невозможни, се додека не видиме некаков опиплив доказ.

За луѓето кои започнуваат војни, народот е бројка. Стока, реално, која треба да се искористи на начин кој тие го сметаат за правилен...
Целиот пост ми е nobody cares, a whatabout -измот ми е само пример дека никој никогаш не се интересирал од човечки и хуман аспект за жртвите освен ако не треба да ги искористи за политичка и воена пропаганда.
Joseph Stalin is reputed to have said that the death of one person is a tragedy, the death of one million is a statistic.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.667
Поени од реакции
33.846
Која срушена зграда?
Дап, од сите кажувања и јас очекував срушена зграда. И пошто досега нема никакви снимки од рушевини, ќе да е дека нема срушено зграда... Што ги доведува во прашање и тие 1К жртви.








Не дека било колку жртви е малку/многу, но поентата е дека засега изгледа дека ја надувале бројката.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.434
Поени од реакции
4.178
Болд 1: Па јас тоа пробувам вам да ви го кажам на вас, затоа што вие сте тие што после 2 секунди од некој настан (напад, провокација и слично) оценувате која е правата страна и кој е релевантниот медиум.
Болд 2: Мислам дека еден член праша овде, која е појдовната точка за историјата? Ти велиш дека таму од 7 век живееле Палестинци на оваа територија, јас ти викам ок, така е, а што правиме со периодот пред тоа? Периодот пред Исус? Можеме ли да важиме дека живееле Евреи тогаш? Да не ме сфатиш погрешно, не дека ги правдам со тоа, само реагирав на некои членови што истрескаа прво дека никогаш до 1948 година не живееле Евреи на таа територија и што тоа место отсекогаш било Палестина, притоа незнаејќи што е држава а што територија.
Болд 3: Јас не верувам на trust me bro страници, него прашувам која е мерката за релевантност? Тоа со Ванлок го дискутиравме. Зашо знаеш што, еве пример, кога излезе веста со бебињата јас лично пишав дека ОДВРАТНО и НАЈНЕЧОВЕЧКИ акт би било доколку тоа е вистина. Никаде не прогласив официјална вистина и слично. Е сеа од друга страна го имаш примерот со болницата вчера каде уште во првите 5 минути на темава се обвини и дозна злосторникот, за тоа каков метод употребил, колку жртви има, и тоа нормално од истите ликови што негираа за бебињата исто така 5 минути откако се објави веста. Па да те прашам вака тука немаме некаков сомнеж? Не е можно на Хамас да им експлодирал хангар со оружје кој можеби го криеле во болницата? Ме сфаќаш ваљда што сакам да кажам, не негирам дека се случил настанот со болницата или дека не бомбардирале Израел, само малце е безвезе за едни работи одма све да е вистина а за други одма да се прогласува пропаганда.
Болд 4: Човек што се вработи со книшка од ВМРО пред 10тина години, а сега е со книшка од Левица апсолутно нема нормална перцепција ниту знае да процени нешто. Дно, поима нема од животот.

П.с. Не знам зошто мислиш дека сум на страната на Израел, апсолутно ме здоболе Стојко и за двете страни, ти кажав едино што мразам у животот е прогресивен Ислам, значи не Ислам него екстремен Ислам и сите што го применуваат се непријатели на нормалниот човек, без разлика дали е Македонец, Србин, Клингонец или Австралијанец. Само намерно ви се контрам за да ви докажам дека у одредени ситуации и вие лапате кромид вести и не е се така шарено и на другата страна. Толку од мене.
Covek so percepcija ne se pali odma na lazni vesti za obezglaveni 40 bebinja.. pocna da histerisas koga ja pustija vesta, namesto razumno da pocekas potvrda za istata..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.360
Поени од реакции
113.715
Абе Цобе таман цел реферат ти напишав и мислев дека се разбравме еве пак пливаш кон во блам. Ок може претерувам, не е блам твоево мислење ама многу поштено размислување, многу детско. Политиката никаде, никого и ништо ни жали ни штеди. Зошто мислиш дека таа будалата кај Израелците исто не размислува како будалана кај Палестинцине а и како будалана кај Украинцине дека човечки жртви ќе ги заддржат на власт ?

Па кај нас имаш пример како преку буквално играње со чуствата на роднините на починати луѓе СДСМ дојде на власт.
И што решија од Нешковски, Тамара после 4 год на власт ?
Напишав 5-6 поста околу ова али ај пак накратко пошо си ок лик, не за друго. Додуша за Милан навиваш али јебига, не може да е се совршено. Мене ми е јасно дека општо во светот постоеле, постојат и ќе постојат икс случаи на намештаљки за да се разгори одреден оган. Верувај, дури ни оние забеганите муслиња што би се рокнале секој момент на било кое место во светот за Алах и неговата идеја и кауза не би жртвувале 1000+ свои сограѓани за да постигнат одредена цел. Еве пример ова со Косово у задње време, тоа е класично рчкање од двете страни кое може да предизвика пожар, ама таму немаме илјадници жртви, немаме ни близу таква штета ко во Израел. У глобала е или блокади од Србите или некое запукување кое ќе предизвика тензии неколку дена и пак јово на ново. Ова овде е страшно, не беше обичен напад ова него сериозно ги здрмаа и бројот на жртвите им е огромен. Еве ако имаш некој роднина или пријател што е воено лице или има некаков контакт со војска, прашај го дали би направил такво нешто и ќе го видиш одговорот. Ти гарантирам од сите близу 200 држави од светот да ги донесеш претседателите и да ги прашаш дали би жртвувале над 1000 граѓани и плус да ти влезат терористи у неколку градови дека 200 ќе ти одговорат негативно.

Инаку во глобала ја и ти исто мислиме за ситуацијава, само јас малце (намерно) револверашки им влегувам на тие што тежнеат ептен на страната на Палестина без да согледаат и други гледишта. И не, не можеш мислењево блам да го наречеш само ради тоа што го мислиш спротивното, а бај д веј спротивното е далеку поневеројатното сценарио.

П.с. Тоа со Тамара, Мартин, Онкологија сега и останати случаи се изолирани дешавки производ на дебилната и неспособна власт, која и да е небитно. Тоа е заташкување на случај, ова во Израел е терористички напад, не ти е добра споредбата.
Автоматски споено мислење:

Covek so percepcija ne se pali odma na lazni vesti za obezglaveni 40 bebinja.. pocna da histerisas koga ja pustija vesta, namesto razumno da pocekas potvrda za istata..
Бркле дај бе иди мисли дека Бајден официјално инјектирал 80м у Хамас и не досаѓај. Ај најди пост каде реков дека тоа со бебињата се десило, може?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.427
Поени од реакции
11.263
кај да мине?
У Израел?
Никад не ни можело таму да мине.
Они сакаат накај Египет да ги испратат и таму на една локација привремен камп да напраат. Али Египет неќе, па планираат таква локација во самата Газа.
Мислев да се евакуираат, а не присилно масивно да се депортираат од нивната татковина. :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.648
"
Верувај, дури ни оние забеганите муслиња што би се рокнале секој момент на било кое место во светот за Алах и неговата идеја и кауза не би жртвувале 1000+ свои сограѓани за да постигнат одредена цел. Еве пример ова со Косово у задње време, тоа е класично рчкање од двете страни кое може да предизвика пожар, ама таму немаме илјадници жртви, немаме ни близу таква штета ко во Израел. У глобала е или блокади од Србите или некое запукување кое ќе предизвика тензии неколку дена и пак јово на ново. Ова овде е страшно, не беше обичен напад ова него сериозно ги здрмаа и бројот на жртвите им е огромен. Еве ако имаш некој роднина или пријател што е воено лице или има некаков контакт со војска, прашај го дали би направил такво нешто и ќе го видиш одговорот. Ти гарантирам од сите близу 200 држави од светот да ги донесеш претседателите и да ги прашаш дали би жртвувале над 1000 граѓани и плус да ти влезат терористи у неколку градови дека 200 ќе ти одговорат негативно."

Ќе одговореле негативно, а секојдневно го прават. :pos:
Некој сеуште верува во дедо мраз :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom