ATP тенис - општа дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Надал ако сака со буќет и бомбоњера дома нека му отиде на Новак да му честита дека е најдобар пак тоа нема да има никаква врска со коментарот дека Ноле би бил фрустриран ако не е бр.1.
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Не знам што се оптеретувате со тоа кој што рекол. Индивидуалните спортови се најлесни за правење есап. Сите резултати се на виделина и нема бегање. Уметничките впечатоци кои ги оставил Федерер, или борбеноста на Надал се потполно неважни. Само една работа е важна, резулатите.

По СИТЕ можни критериуми Џокович е најдобриот тенисер во историјата, и тука приказната завршува. Всушност, најјајко од се е што не завршува, затоа што Џокович со ова темпо ќе стигне до 30 слемови во кариерата. Што се однесува до мене, јас сакам само уште две работи да направи. Да го освои Вимблдон уште два пати за да му кисне на Федерер, и да освои најголем број турнири во историјата.

После може комотно да се пензионира и да им фаќа сеир.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.326
Поени од реакции
4.611
Најразочарувачки е што остана PR бот со лејм изјави и за случувањата на АО 2022, па и за PTPA. Јебига, освен како пр бот ќе го памтиме и ко убедливо вториот најдобар тенисер на сите времиња, ко ќе дојде разликата 4-5 слема
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Какко би изгледал перфектен крај на кариерата за Џокович?

Уште два Вимблдони за да им се посере на Англичаните и на Федерер, и со тоа да има најмногу титули на 2 од четирите слема, уште еден Ролан Гарос за да ги има освоено сите слемови барем по 4 пати (не постои играч кој ги има освоено сите барем по 3 пати, освен Џокович), уште еден Монте Карло за да ги има освоено сите мастерси по 3 пати (не постои друг играч кои ги има освоено сите барем по еднаш) и да освои уште петнаесетина турнири вкупно до крајот на кариерата за да има најголем број и таму.

Потоа комотно може да се пензионира, тоа се рекорди кои до крајот на светот никој нема да може да ги турне. И најстрашно од се за конкуренцијата е што сето ова наброено е остварливо.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
ќе го памтиме и ко убедливо вториот најдобар тенисер на сите времиња
Па не би рекол.
Ако заврши Рафа со овие бројки што ги има моментално мислам дека Фед има доста силен аргумент за втор најдобар.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.627
Поени од реакции
115.134
Па не би рекол.
Ако заврши Рафа со овие бројки што ги има моментално мислам дека Фед има доста силен аргумент за втор најдобар.
Нема проблем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Нема проблем.
Рафа - Фед

Слемови
22 - 20
АТП Финале
0 - 6
Мастерс
36 - 28
Вкупно титули
92 - 103
Недели како бр.1
209 - 302
Победи/порази против Топ 10
Рафа 182 - 102
Фед 224 - 123
Меѓусебен скор
24 - 16

Понатака, Федерер има поголема разновидност во титулите и е подобар на повеќе подлоги, вклучително и на 3 од 4-те слема.
Има и други категории во кои може да се споредат само не ми текнуваат сега, овие како најбитните ми паднаа на ум први.

Вака гледано прилично тесна ми изгледа споредбата на мене, дури и би му дал предност на Рожер бидејќи е поразнолик со подлогите. Он е бр.1 на трева, топ 2 на бетон и Топ 10 на земја.
За Надал ќе преќутам :coffee:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.399
Поени од реакции
38.883
Федерер од 2010 до пензионирањето има освоено само 5 слема. Тоа го става далеку позади Ноле и Рафа, ерата во која они почнат да доминират.

Да беа со 2-3 год разлика сите тројца бројките ќе беа далеку послаби за Федерер.
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Па не би рекол.
Ако заврши Рафа со овие бројки што ги има моментално мислам дека Фед има доста силен аргумент за втор најдобар.
Никако не може Федерер да биде пред Надал. Прво, во двете најважни категории, слемови и мастерси е послаб, друго, Федерер му беше редовен пациент на Надал. Федерер беше многу поконкурентен во мечевите против Џокович отколку против Надал.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Никако не може Федерер да биде пред Надал. Прво, во двете најважни категории, слемови и мастерси е послаб, друго, Федерер му беше редовен пациент на Надал. Федерер беше многу поконкурентен во мечевите против Џокович отколку против Надал.
А што правиме со 0 (нула) АТП Финале титули на Надал во споредба со 6 на Федерер? Или пак со 100+ недели повеќе на бр.1? Нели се овие важни категории. Исто така Фед има одиграно 60 наптревари повеќе против Топ 10 противници од Надал и има многу подобри резултати на сите подлоги освен земја.
Не е тенисот само слемови, мастерси и земја.

Меѓусебен си е меѓусебен, но нели би требало да се побитни резултатите против целиот тур, а не само еден играч кој може да е едноставно лош мечап за тебе. Ај Рафа што трчаше како коњ до кај 2013, ама и леворачен банана форхенд на еднорачен бекенд е тотален mismatch.
Кога смени рекет Фед и Рафа падна физички малку меѓусебниот скор драстично им се промени, 6-7 победи ги сврза пред да се пензионира.

Со Џокович реално Федерер треба позитивен скор да има али неверојатни чоукови имаше на 3-4 меча.
Хед ту хед им е 27-23 за Ноле ако не се лажам.
--------------------------------------------------------------------
Него интересни се фановите на Надал пошто отсекогаш им фуфкало да влагаат во дискусии и само хехенца знаат да ставаат :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.627
Поени од реакции
115.134
Па срамота е за ова да дискутираш, не знам што очекуваш. Глеј ти се смеат и Новаковци и неутралци и сите. На страна слемови, мастерси и h2h, Надал го скина Федерер на Вимблдон, додека Федерер никогаш не беше ни близу да го скине Надал на РГ. Надал го шлакаше Федерер и на тврда подлога, на АО шамарање во неколку наврати, на УСО за жал немаат играно, а нека биде Федерер среќен што не се сретнаа 2013 кога изгуби од Робредо зашо ќе броеше гемови на прстите од едната рака со оглед на тоа во каква форма беше Рафа тогаш.

Друга ствар е што Федерер налупа доста слемови во послаба ера против послаби противници, кога дојдоа Рафа и Новак малце запна работата. Надал и со 3837272322 повреди има ДВА СЛЕМА ПОВЕЌЕ од Федерер и ОСУМ мастерси плус, 8 победи повеќе во меѓусебни, ја не знам што повеќе ти треба од ова.
 
Викаш срамота е за ова да се дискутира, а се фати замо за категориите каде Рафа води и се друго на игнор :pos:

Па го скина дека е лош мечап, баш на тој 2008 Вимблдон е најизразено форсирањето леворачен форхенд на еднорачен бекенд. И како што реков голем удел во доминацијата на Надал во меѓусебните дуели беше и поради неговиот физички стил на игра (ради кои и толку повреди има). Кога ја изгуби физичката доминација во спротивен правец им отидоа меѓусебните.
Него да не се повторувам за меѓусебниот скор, кажав тоа што имам да кажам погоре.

Дај ти кажи нешто за недели на прво место, за АТП Финале титули, скор против Топ 10 противници, успех на разни подлоги и услови, итн.
Еве на кое место би го рангирал Рафа на трева и бетон?
Ја за Фед викам бр.1 трева, топ 2 бетон, топ 10 земја.

Низ кариерата Надал во глобала има пикови, додека Новак и Рожер се конкурентни безмалку на сите турнири.
Рафа на 26-7 години почна да приоретизира турнири за да може да биде во најдобра форма на одредени турнири/делови од сезоната додека двајцава тек на 32-3 години почнаа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom