FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
A Cure for Wellness (2016)

Вакви филмови само ми даваат идеја за тоа ако некогаш бидам пратен во некоја ваква "институција" да не заборавам да си понесам flamethrower со мене. На првиот знак дека нешто не е како што треба I'm burning everything down.

Го знаев филмов од одамна, не ми беше во план да го гледам, ама мило ми е што добив шанса. Генерален впечаток ми е дека ме разочара, имав многу поголеми очекувања за него.

Пола час подолг отколку што треба да биде како прва забелешка.
Втора, заплетот можеше многу подобро да биде разработен и да не биде толку предвидлив twist-от.
И трето и најбитно, по ѓаволите со јагули и слични суштества, па уште ми ја всади идејата дека можат да ти бидат и во телото, not cool.
Технички добро сработен и немам замерки за глумата а не особено за музиката која ми се допадна.

За жал, overall немам позитивно мислење на крај за филмот и ќе му дадам просечна оцена 6/10.
Благодарност до предложувачот, може немаше никогаш да го изгледам ако не го предложеше.
Не знам дали некогаш би му го предложил на некого филмов.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
A Cure for Wellness (2016)

Филмов комотно може да биде Shutter Island 2 :D

Актерската екипа маестрална, дури и Локхарт на моменти ми наликуваше на некоја помлада верзија од ДиКаприо.
Мене не ми сметаше ниту должината ниту сценариото. Одлични беа. Крајот беше малку збунувачки и брз, јер друго темпо постави филмов. Хана исто одлична.
Саундртрак и камера, перверзија!

8.5 од 10 само и само затоа што риби не поднесувам и мразам, премногу јагули видов. И ме изнервира сцената со MAC карминот кај тие дрољите т.е. шлајмот на општеството како што беа претставени. Секако дека некој таму користи MAC кармин од 30 евра.

ps. Не сум расположен за Исус после Ф1 и филмов, некој друг ден.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Што е МАС кармин?
Бренд :D Го има во сити мол ама прескапи се и такви рокерки што тоалет хартија користат ко тампони сигурно не ги користат, фејк сцена :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.116
Бренд :D Го има во сити мол ама прескапи се и такви рокерки што тоалет хартија користат ко тампони сигурно не ги користат, фејк сцена :D
pa samo bogataski idat u resortot, personal belongings vrabotenite gi distributiraat niz lokalcite :D :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Ова ко: лани бев на едно патување со две колешки. Вечерта, пред легнување едната ми вика да сум и ја донел мицеларната вода од тоалет. :D Whatever the fuck is мицеларна вода! :D И ми се изнасмеја. Као да јас треба да ги знам тие работи. :D
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
pa samo bogataski idat u resortot, personal belongings vrabotenite gi distributiraat niz lokalcite :D :D
Еве глеаш не размислив за ова, можно е... ама вработените добив впечаток дека живеаат во ресортот и излагање и не е баш дозволено :D Али добра теорија, нека биде така. :D
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
A Cure for Wellness

Технички добар, посебно камерата, сценарио/приказна просек и малку развлечен. Ми држеше внимание ама не ме внесе, како тики така без завршница... 6,5/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Од мене за вас, Just Mercy (2019)
1693227285336.png

Филмот е заснован по мемораите на Брајан Стивенсон Just Mercy: A Story of Justice and Redemption .

Џејми Фокс и Мајкл Б Џордан во вистинска животна приказна за битката на американскиот адвокат Брајан Стивенсон да ослободи човек осуден за убиство. Џејми Фокс брилијантно ја изнесе ранливоста на човекот, љубезноста, бесот, со минимални движења на очите и менување на тонот на гласот донесе моќни сцени. На Џордан паѓам во несвест не го коментирам.

Моќна порака што дава глас на замолчените, обесправени осуденици на смрт. Приказна за сиромаштијата, предрасудите и институционалниот расизам како и пропустот на правдата.

8.5/10
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052
^ Филмов ми смрди на блм воук срање + брие ларсон ултравоук шо немож да ја поднесам , никад нема да го глеам филмот.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.705
Поени од реакции
35.430
A Cure for Wellness (2016)

Жанровска мешавина на психо, трилер-драма со хорор елементи.
Филм кој уште на почеток ќе ја зграби вашата заинтересираност и ќе ви ги лансира очекувањата до небо. Визуелно прекрасен, одлична фотографија, севкупна атмосфера со одлично донесени улоги и сето тоа зачинето со перверзија музика. Можеби малку премеланхолична, ама во совршен склад со тоа што го гледате.
Сепак имам замерка на должината :icon_mrgr:
8.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
13 души го гледаа A Cure for Welness (пак израмнување на рекордот во кругот) и му дадоа средна оценка 7,5. Го испуштија:

Го испуштија @Џонтра Волта и @Варвара - на двајцата прв неизгледан.

180. Just Mercy - Destin Daniel Cretton (2019)
предложувач: @Miss.Independent : 28.08-10.09.2023

1693295952452.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Just Mercy

Не е толку woke колку што е bleak! Sorry @Miss.Independent , но ова мене не ме заскокотка речиси воопшто. Станува збор за вистинска приказна, што авторот не пропушта да ни го каже уште во првите кадри, нормално - за да го засили впечатокот, но кај мене не предизвика буквално ништо. Не можам да речам дека филмот е лош, само немаше некоја амплитуда, никакви осцилации, едноставна, рамна линија. Веројатно режисерот сметал дека приказната е доволно гласна и ќе зборува сама за себе, но ете, барем кај мене потфрли да предизвика било каква емоција, и затоа не можам да го оценам повисоко од 6/10. И тоа 6 на стаклени нозе, само зашто не ставам измеѓу оценки, инаку меѓу 5 и 6 ми е. А гледам дека многумина му дале високи оценки, дури и whatto too... Не знам, можеби на некој од останатите членови на кои ќе им се допадне ќе ми дадат објаснување зошто. Јас не најдов речиси ништо допадливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom