Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.784
- Поени од реакции
- 18.535
Сум го слушнал ова и другпат.
Имдб си е имдб секој гласа, па дури и некој кој не го гледал филмот. Плус како што реков има посебна приказна за тоа што тој филм е таму каде што е на ИМДБ.
Е што култен?Филмот е интересен до првиот контакт со чудовиштата, одат на некое непознато и неистражено место. После е контактот со чудовиштата и после се знае, сѐ ќе испокасапат тие и тоа тоа. Еден можи и ќе се спаси. За малце Alien.
Филмот е во повеќе топ листи на администраторите, модераторите па и членовите на форумот Bloody Disgusting (најголемиот т.е. најдобриот форум за вакви филмови) филмот е дел од многу официјални топ 10 листи на познати филмски критичари од жарнот хорор. Истиот ужива добра репутација секаде каде што ќе се дискутира за него, и згора на тоа е многу морбиден и језив. Значи околу 80% од луѓето што го гледале даваат позитивни критики, можеш да кажеш дека е просечен или дека тебе лично не ти се допаднал ама неможеш да го ставиш во категоријата глупи филмови. Исто како што јас неможам да го ставам Титаник во глупави филмови затоа што филмот ужива огромна репутација кај гледачите, значи без разлика на нашето сопствено убедување, тешко дека јас и ти сме во право а огромен дел од гледачите грешат иако не го поднесувам тој филм. Нашиот вкус е една работа а квалитетот на филмот сосема друга нели. И немој да се навредиш за она не те разбирам, ама тоа е она што прво ми дојде на памет. Eве како пример за тоа ќе ти го посoчам фактот што филмот што ми го препорача стварно беше екстра. Зборувам за Rampage, затоа ме чуди што некои филмови не соодветно ги критикуваш а од друга страна имаш добар вкус, тоа е причината за она "стварно не те разбирам"
