Баш во биртија имам јадено и супер си поминав. Превкусна храна, пристапни цени и супер беа вработените. Е сега, немаше амбиент некој да речеш, беше буквално на тротоар кафанчето, ама мене ми беше супер. Зборам за овие извиканите места, Кадмо, Ликвид, Тино, Леонардо појма немам кои други се tourist traps/scams...Не ми сметаат негативни коментари за Охрид, ако ја пратиш темава мене секој пост ми е критика.
Ми сметаат падобранци ко тебе шо се јавуваат овој период, јуни-август, и пошто дошле на еден викенд и јале лошо во некоја биртија богу иза леџа, ќе почнат да генерализираат и ваѓаат заклучоци за тоа како баш Охриѓани не ги бива за туризам.
Фали уште некоја фискална на темава ама има време, почеток на јули сме, сезоната не е во полн ек.
И вие генерализирате за Скопје, ама нормално е. Како луше од друг град, седнувате во најпознатите места, кои и јас лично ги одбегнувам.
А тоа дека не ве бива за туризам, знаеме. Охриѓани и добар туризам не одат заедно, затоа што прво те гледаат како торба со пари, и гледаат што е можно повеќе да исцицаат од тебе. Целта на сите угостители е таа, ама во Охрид и во некои места во Бугарија на чело им го пишува тоа.
Па еднаш/два пати сум бил, и никогаш повеќе. На сите странци го препорачувам Охрид поради убавината и историјата, ама никогаш нема да добијат позитивна критика за угостителството.