...не знам зошто толку ја нападнавте Емка, не дека немате право, но богами и таа има право, различен менталитет и различни туристи дава таква мешаница на различни емоции дали чини или нечини Охрид.
...турист ако плати за престојот во Охрид не значи дека треба да се однесува како да е од мајка му хотелот да не го почитува туѓиот мир или на плажата да остави позади него остатоците од негова некултура затоа што платил, а со тоа мисли дека може така да се однесува и кој ќе му рече нешто ќе збувне против Охрид и дека платил за сето тоа.
...не е точно дека во другите туристички места конкретно спомнати грчките, дека возилата на платени паринзи се обезбедени, а во Охрид , ете било исшарано.
... некултурата и нецивилизирани луѓе ги има насекаде, хулигани кои не само што ќе ти ја ишарат колата, туку и ќе ти ја искршат и опљачкат, а си ја паркирал на платен паркинг во хотел со пет ѕвезди.
...еве еден пример од 29 јуни 2023 од хотел со пет ѕвезди на Халкидики, да туристи биле опљачкани, украдени документи, пари и вредни рабити кои ги чувале заклучени во сефот во хотелска соба? и сега кој ќе одговара што им се уништи одморот? дали е Грција во ЕУ, дали е хотел со пет ѕвезди?
...јас дури имам видено со свои очи да грчките газди чекајќи ги туристите на врата од плажа ги терале прво на нозе миење пред хотелот од песокот, па после да се влезе во хотелот, токму во тие грчки дестинации кои мислите дека се идеални, пишувам за хотели со четири и пет ѕвезди.
...никаде не е идеално секаде е исто зависи кој како ќе сретне, доживее или види, па луѓе дома не ви е идеално, а не пак вака, менталитетот на човекот е тој, барем во Охрид ќе се расправате со свои луѓе како дома, разликата е што Емка е патриот и си го сака градот, таа ги гледа и позитивните работи, а вие само негативните, тоа описно е исто како кога допуштате на вашето дете да прави све што пречи на другите, ќе го оправдаде ,,па дете е,, нека прави.
... и друго, харизмата на ваше однесување кон охриѓаните ја добивате назад во иста мера, зошто би биле вие повластени со привилегии на турист зошто плаќате, па ви следи и ароганцијата во пакет?
...и Да, токму црквите го прават на прво место Охрид, па после езерото, прашајте ги сите странски туристи за приоритетот на нивна посета во Охрид, нашиот турист не си го цени сопственото историско минато, ама да мрчи за охриѓаните знае.
...секоја моја посета на Охрид, значи и пешачење до тврдината на ридот, но и влез и посета на тврдината ,,Цар Самоил,, , каде на жалост има само странски туристи, а нашите домашни само ќе поминат покрај портата, па често пати на таква група ги охрабувам да влезат, дека 30 или 60 денари влез не е нешто страшно, тоа е придонес и да се зачува сето тоа, најчесто ми одговараат во стил,, сто пати влеговме, не ќе платиме камења да гледаме,, , тоа доволно кажува за домашниот турист, секоја посета на тие историски места си има своја различност, емоција доживување, ама на кого да кажеш.
...негативните моменти ќе ги истиснам ако не сум фактор да ги сменам, па се трудам да надвладеат позитивните посебно духовниот мир на стариот дел од градот, ете лично не ми се допаѓа езерска вода како дел од летен годишен одмор, но тоа не значи дека нема да го посетам и да потрошам пари, па ако платам едно макијато во Сити мол 120 ден и една КК 130 ден, што не би истото платила и во Охрид?