Обратно е брат, мислам се согласувам со тебе дека не треба да ги напаѓа човек по секоја цена - едноставно толку им делиле на трите вечери, ама тие се тие кои напаѓаат и тука е цел проблем. Дури и кога одиш твои пари да потрошиш одморот ти го прават замор.Конечно се сфативме дека истото го збориме.
Мене муабетот ми беше дека никој кај нас воглавно не го бива за туризам секако со ретки исклучоци. Башка што народов е сиромав на сите нивоа. Затоа јас лично не се замарам и никому не земам за зло и во вакви околности премногу е глупо да се напаѓаат само охриѓани како на другиве места да сме Малдиви и Гармиш - Партенкирхен.
Еве на пример јас немаше да се замешам во дискусијата пошто искрено и за мене е глупаво да ја тегнам до недоглед дали не бива или не за туризам кога очигледно не не бива, да не биваше ќе бевме во најмала рака барем 20 пати поразвиени и повеќе пари од туризам со странци ќе се влеваа, НО (многу битен момент) алергичен сум на испади како на оној од Емка.
Го нападна човекот из чиста мира, као со кој памет тој да ги критикува охриѓани и тоа на сред сезона, затоа и напишав мое мислење.
НЕ кукле, не можиш да се поставиш од позиција на висина пошто со извинение штркот те посери во Охрид (да не речам нешто друго, погрешно ќе бидам и онака сфатен). Едноставно диши и остави и другите да дишат.
Кава неубаво искуство во Охрид, ти неубаво искуство во Дојран, јас на друго место и кога ќе видиш излегува не не бива за туризам ама за лаење и за да си ги извадиме очите не бива.
Па уште онај гревот се јавува Дебарца или како и да му беше јузерот, чиниш ТОЈ лично со Климент и Наум описменувал, 300 години господинот нешто ширел и сега ние другите да сме ќутеле тој имал право за Охрид да кажува.
Отвори се земјо голтни ме.