Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вака ко што успеав да видам:Овој пораз е официјално најголем пораз на Македонија??Не памтам до сега ваков дебакал
"Тие се три лава, ние сме еден" мене ми беше хајлајт на коментирањевоТеатарот на кошмарите![]()
Го пишувам овој пост за историски причини.
Накај 2028(или 2029, 2030, а можеби и многу порано) Македонија ќе изеде некој опасен блам од некоја екипа со некој си 5-0 пораз. Најверојатно ќе бидеме во петтиот, а можеби и шестиот шешир.
Некој после тој пораз ќе праша "Каде згрешивме, што утнавме" и ќе може да му се одговори со цитат на овој пост, за да се потсети.
Овој натпревар со Украина е последниот полу-релевантен натпревар што македонската фудбалска репрезентација ќе го има уште долго долго долго време.
Нормално, ќе има по некој мини-блесок во меѓувреме, чисто да ве залаже дека "а бе не сме толку лоши", ама реалноста е дека од вечерва Македонија веќе никогаш нема да биде релевантна на било кој начин и дека доаѓаат најлошите денови што било кога сме ги имале како репрезентација.
Не верувам дека тука има некој хардкор фан на реперзентацијата што секој пораз или лош резултат си го зема премногу на срце, ама ако има таков, би му препорачал уште од вечерва да престане со било каква емоционална поврзаност со оваа репрезентација бидејќи само ќе страда во иднина.
Беше добро додека траеше.
Здравје, ако имаме среќа можеби за 10+ години од сега пак ќе станеме полу-релевантни на некое ниво каде натпреварите би биле барем забавни за гледање. А можеби и за 20+, што некако делува и како пореална опција.
А тогаш кој знае и дали репрезентацијата ќе ја преставува Фудбалската Федерација на Македонија.
Многу сум оптимист во моите песимистички очекувања
„Пред да почнам со пресот, сакам да ѝ се извинам на целата нација, во мое лично име и во името на играчите. Јас испраќам повик до играчите, јас одлучувам кој ќе игра, така што сакам да се извинам до целата македонска нација, посебно до оние кои дојдоа. Истовремено, голема благодарност и до нив затоа што допатуваа да не бодрат на овој терен.
Играчите се истите од претходно, од Италија и Португалија, јас сум истиот. Се случуваат и вакви лоши моменти, мора да преземеме сите одговорност, но јас немам карактер да се откажам веднаш.
Не сакам да сме силни кога ќе дојдат убави и победнички моменти, туку во вакви тешки моменти. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри“, изјави Милевски.