Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.364
- Поени од реакции
- 35.011
Далеку од тоа дека може да носи тим на рамења, ама солиден играч - иако немал шанса да се покаже (или уништи) со подлабок настап во плејоф.Бил не е играч кој ќе ти носи франшиза, башка за тие пари не знам која од екипите што бркаат прстен би го превзела... има далеку поинтересни играчи за тие пари. Дали и колку ќе успее Вашингтон да го премести ќе видиме.
Какви полоши играчи имаат мрсни договори.
Што се мене тиче многу боља опција од исхајпаното жбиточе Зајон. Бил може да има понизок плафон ама барем го достига (pun intended), пошто дебелиот за оволку години ако не може да ослабе на некоја нормала за НБА - нема ни да му успее. Повредите му се заради дебелината, ама се гледа и дека ментално е слаб (и не само од тоа што не може се контролира што и колку јаде)... За атер на Никси, се надевам дека нема да ти се оствари желбата Зајон да го видиш таму.
Рендл не е толку лош, само не треба да се става во ситуации да го носи тимот. Рендл би бил одличен во улогата на Гордон (од Денвер), всушност ТОП би бил и многу многу подобар од Гордон... Така да сега само уште им фали Јокич.
Последниве пар години попаметни потези прават... Бил е ОК. Зависи што би дале во размената за него, ако тоа не се Рендл и/или Брансон (и премногу пикови) - јас би се мењал без око да ми трепне.Ништо чудно Њујорк да го земе,желни се за ваков играч.Сепак договорот му е плафон,сезонава што заврши изигра далеку под очекувањата.