Неможеш да споредуваш форум и сообраќај, ма да постојат ип адреси и законот ни е многу прецизен кој вели закана по електронски пат за закани, муабет и мислење нема што тука.
Сообраќајот и учество во сообраќај е сериозна работа.
Тоа што никој не почитува закон е едно, но ако те фатат дека возиш 70 а е обележано 50 според закон ќе те казнат.
Значи сакам да постојат прости правила:
1. Кој има предност во сообраќајот?
2. Ќе пропушта пешаци или пешаци ќе го пропуштаат?
3. Максимална брзина
4. Смее ли на автопат
5. Заштитна опрема
6. Може ли двајца на него?
7.Како ќе сигнализира вртење на улица?
8. Дејство под алкохол
И ред други. Значи мора да се регулира а тоа дал ќе почитува е скроз друга работа.
Имаше една будалетинка припадна со тоа даската на кружниот тек кај Усје Цементарница, за малце среќа не влезе под гумите на шлепер.Тотално небезбедно нестабилно ризично и дебилно.
1. Ако возат на велосипедска, се однесуваат како велосипед и според тоа, треба да ги почитуваат правилата кои важат за нив. Ако возат на тротоар, патека кај што се движат луѓе, треба да внимаваат додека возат, и да ја намалат брзината која е безбедна како за тој на тротинетот, така и на другите.
2. Во зависност од ситуацијата, но ако мислиш на пешачки премин, тогаш треба да ги пропушти пешаците.
3. Максимална брзина нека е 25 км/ч, доволно е таа брзина и има време и да закочи, и да не утепа некој со тоа.
4. Не, и не ни треба да е на автопат.
5. Заштитна опрема не мора да е задолжителна, на негов ризик вози.
6. Не, и треба да биде казниво.
7. Како што сигнализираат и оние со ролери, а и оние со велосипед, т.е никако.
8. Возење под дејство на алкохол мора да е казниво.
Луѓето немаат никаква емпатија, осет за другиот. Како што овие со велосипед/тротинет беснеат по улица, така и пешаците проаѓаат кај ќе им текне, без да видат дали е безбедно за нив. Да не зборам дека ако се 3-4ца или повеќе во друштво, одат еден до друг како војници, зафаќајки го целиот тротоар или патека, без можноста да се разминеш, поминеш со ствари, велосипед, или слично.
Може да се функционира ако се сака, и ако се гледа и за другите. Исто и пешаците, за инат нагло поминуваат пешачки, без да видат дали товарно возило, автобус, камион проаѓаат и не можат баш во истата секунда да закочат. Јас иако ми е зелено на пешачки, чекам да поминат залетаните возила, а не да се правам паметен дека мене ми е зелено, кога може да ме остави на лице место.
Во Чаир/Бутел се вози 3-4 пати побесно и ништо не се почитува, па пак имаат најмалку судари, најмалку сообраќајки.