Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Не очајувајте нема да треба да ја чекате 2012.
Обама ќе ја опраи Америка порано, така да ќе се спастри се на време. За година две.

Се виде како Обама влијаеше на Wall Street - Dow Jones за два дена откако го избраа падна за повеќе од 10%. Ако така ја оправи работата тешко нам!
 
Се виде како Обама влијаеше на Wall Street - Dow Jones за два дена откако го избраа падна за повеќе од 10%. Ако така ја оправи работата тешко нам!
Ne Obama ne e dojden da go opravi Wall Street.
WS e eden od simbolite na Bushovata administracija t.e edno od mestata koi se vinovni za finansiskata kriza. Obama e dojden za da ja opravi situacijata so US economy i da im ja vrati nadezta i dobriot zivot/biznis na obicnite amerikanci koi se daleku od NYSE.
Obama treba da naprvi WS da ne e centarot na ekonomijata.
Dobrata rabota e sto ako ja opravi ekonomijata WS sakal ne sakal ke si odi po svojot UP pat, a pokraj nego i site drugi bezi vklucuvajki go i "mali kurto".
 
АД Бутел - најсигурна акција

По последниве случувања на МБ една од акциите кои ќе ја подобрата својата вредност дефинитивно е АД Бутел. По падот на МБИ10 за 15% за 5 дена може да се очекува зголемување на морталитетот од срцеви удари на инвеститорите од што се јавува зголемување на профитот кај соодветната компанија.
 
не моожам да разберам што е со фершпед...

цена/добивка и цена/сметководсвна вредност на акција покажуваат дека е потценет..
 
Не тргувам но имам некои акции, чекам боља времена.
 
Во Македонија ониј што тргува со акции треба да има многу јако срце. Како и се друго па и тука има многу местенки
 
четврток, 20 ноември 2008
Соопштение на Берзата во врска со дневни ценовни ограничувања


Имајќи ја предвид состојбата со тргувањето со хартии од вредност на Берзата и повторното големо намалување на цените на најголемиот број на хартии од вредност кои беа тргувани на 20.11.2008 година, Одборот на директори на Берзата, во консултација со Комисијата за хартии од вредност, на својата седница одржана на 20.11.2008 година донесе одлука со која моментално дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од вредност се намалуваат и во наредниот период ќе изнесуваат +/-5%, наместо досегашните +/-10% во однос на базната цена во режимот на континуирано тргување и од +/-20% во однос на базната цена во режимот на фиксинг.

Во однос на динамичките ценовни ограничувања во рамките на дозволените статички дневни ценовни флуктуации во режимот на континуирано тргување, Одборот на директори донесе одлука истите да се намалат од +/-3% на +/-1,5%.

Овие одлуки на Одборот на директори на Македонска Берза АД Скопје ќе се применуваат од 21.11.2008 година.

Одборот на директори на Берзата континуирано ќе продолжи да ги следи случувањата на пазарот на хартии од вредност и ќе постапува во согласност со истите.



Од www.mse.com.mk



Може ќе беше подобро да ја затвореа на едно месец дена, така барем не ќе може да падне ни 1%.
 
Апатија на Македонската Берза

Конечно по 3 недели и јас да одвојам дел од своето време за посета на една Брокерска куќа (онаа во која тргувам) и да погледам како изгледа еден трговски ден на Берзата.

По првичните поздравувања со дел од брокерите и клиентите (потошно клиентот) конечно на Станица за Тргување ги излистав некои од компаниите, оние најтргуваните. За жал немаше потреба да ги листам на први 50 бидејќи ни први 10 небеше полно. Кај некои компании (Топлификација) имаше едвај 4 куповни налози на сите цени (досега нешто невидено). Клиентот, постојан играч и човек чие мислење вреди, го прашав што имало дур ме немаше - одговорот кажуваше се „Ништо - ама во буквална смисла на зборот.“

По листањето на Македонската Берза следи отворање на www.bloomberg.com и следење на случувањата во Светот. Бидејќи веќе дома ја ѕирнав Азија повеќе ме интересираше Европа но заради Божиќните празници Европските Берзи не работеа. Иако кај нас не беше празнична атмосфера случувањата на берзата говореа дека и МБ не функционира. Се до 10:25 немаше вистинско тргување (блок во Кватро Штип и нешто ситно). И во наредниот период ситуацијата беше се само не динамична. Продавачите инертни, купувачи како и да нема; најголемиот дел од времето го потрошивме муабетејќи за светските случувања и нивниот ефект, можната девалвација и останати работи, всушност говоревме за се освен за МБ и хартиите од вредност. Не издржав до 13:00 туку си заминав во 12:00 разочаран од потрошените два часа гледање во монитор на кој 4 розеви се невозможна мисија.

Заклучок, во Ноември МБ доживеа сериозен удар со пад на МБИ10 за околу 25% но никогаш во тој период ситуацијата не беше толку апатична колку денес, а според кажаното од другите, и во овој цел месец. Некои во Декември ќе гледаат месец на стабилизација и со можно стабилизирање на светската криза ќе препознаат момент за инвестиција - верувајте првиот поглед лаже. Инвеститори се помалку, малите акционери немајќи каде како извор на средства ќе ги имаат само хартиите од вредност и ситуацијата во првиот квартал од 2009 година нема да биде среќен за МБИ10 и другите котирани компании на МБ.
 
i ako ne e vo red berzata???
znaci podobro ke ti bilo da ti stoele parite vo banka
znas li kolku luge na berzive so krizite go :pusk:
eee mnogu a tie sto :tv: ne svakaat sto e toa kriza sto se zboruva po tv
:jaj:
 
Побарав наназад што имам пишувано. За жал ништо позитивно, ништо добро, ништо оптимистички. За жал се е точно. Еве еден автоцитат од 03.10.2008

Така што луѓе ако барате совет еве го мојот: Кога ви велат не паничете - паничете, кога ви велат не продавајте - продавајте затоа што како што рече еден стручњак на CNN - “The worst is yet to come.“ (превод: Најлошото допрво доаѓа.)

Еве по скоро 3 месеци МБИ10 е на -51,95% и ништо, ама баш ништо, не говори дека ќе се стабилизира а камо ли да почне да расте. Кога сите говорат за Економската Криза која не стигнува, директно, кога сите говорат за девалвација на денарот, кога секојдневно се отпуштаат работници од цели сектори (металургијата), Македонската Берза може да се движи само во еден правец.

Никој неможе да ви каже до кога ќе трае - не затоа што некој крие туку затоа што никој незнае, но луѓе доколку не сте се ослободиле од акциите ослободувајте се затоа што утре ќе биде полошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom