Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
po tebe koja e realnata vrednost na indeksot
 
По некоја логика дека берзата стана спортска кладилница пред година ипол, очекувам да се врати на таа точка. Минатата есен, индексот беше и над 10.000 и од тогаш почна се да тоне. Знаеш, како кола кога ја тепаш на гас без усул за да возиш побргу, и кога ќе рикне па ќе одиш со 20 на саат.

Една година наназад беше околу 6.500. За година ипол наназад немам точен податок, но треба да тоне до нешто над 4.000 за да се случи стабилизацијата и за да биде реално.
 
znaes na motorot se pravi generalka pa da recime kako nova i palis i povtorno capas na gas
pozdrav
 
Да, ама после цапаш на гас со усул, ја знаеш границата на издржливост : )
 
Ама берзата не е кола.... во економијата важи правилото на понуда и побарувачка... ако има многу понуда малце побарувачка цената ќе паѓа, ак е обратно ќе расте... просто ко грав... ко што кажа мистик едно време вештачки се створи мнооогу побарувачка при што цената вртоглаво порасна...
 
Dosta bese samo nadolu odenje, od sega samo nagore.Hold on!!
 
Ако минатата недела ја одбележа рекорден пад на цените на акциите на Македонската берза како и огромен пад на МБИ10 индексот, невиден во досегашната историја на постоење на Македонската берза за хартии од вредност, тековнава недела најверојатно ќе биде забележана по рекордниот скок на вредноста на индексот МБИ10 од негативни 2,44 проценти на позитивни 3, 73 проценти.

Пораст на цените беше забележан речиси кај сите компании кои котираат на Македонската берза. Вкупниот промет од денешното тргување беше нешто повисок во однос на петочното тргување и достигна 45.303.879,04 денари, од вкупно 169 трансакции.

Поголем дел од прометот беше направен од компаниите кои котираат на Официјалниот Пазар, односно 22.253.733,04 денари кои се реализираа од 132 трансакции, како и од Блок Трансакцијата во која учествуваа акциите на Инвестбанка АД Скопје при што се истргуваа 1.915 акции по цена од 8500,00 денари, односно вкупен промет од 16.277.500,00 денари.

На Официјалниот Пазар денеска како и минатата недела најмногу се тргуваше со акциите на Макстил Скопје чија цена денеска се движеше помеѓу 410,00 денари и 399,00 денари. Се истргува поголема количина од вкупно 20.967 обични акции по просечна цена од 399,86 денари. При тоа остварија вредност на тргување од 8.383.924,00 денари промет, од 22 реализирани трансакции.

Повеќе
 
Тргувањето повторно заврши во позитива како за цените на акциите така и на индексите. Вкупниот промет од денешното тргување беше нешто помал во однос на вчерашното тргување И изнесуваше 23.794.686,15 денари, од 157 трансакции. Овој пат поголем дел од прометот беше направен на Официјалниот Пазар, односно 18.805.825,15 денари кои се реализираа од 136 трансакции, додека вредноста на тргување на Редовниот Пазар беше 4.988.861,00 денари со 21 трансакции.
Најмногу на Официјалниот Пазар се тргуваше со акциите на Топлификација Скопје чија цена денеска се движеше помеѓу 7.201,00 денари и 7.409,00 денари. Се истргува количина од вкупно 757 обични акции по просечна цена од 7.407,05 денари.
Втори по вредноста на тргување беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Се истргуваа 815 акции по просечна цена од 5.406,26 денари, што беше за 0,26 проценти повисоко во однос на последното тргување со овие акции.

Трети по вредноста на тргување на овој пазар беа акциите на Алкалоид Скопје кои остварија 2.017.068,00 денари на промет, а се реализира од 13 трансакции по просечна цена од 7.941,21 денари.
Нагорна промена на Официјалниот Пазар забележаа акциите на Макошпед Скопје од 14,73 проценти. При тоа беа истргувани 55 акции по цена од 1.159,87 денари и остварија промет од 63.793,00 денари.
Најтргувани акции на Редовниот Пазар беа акциите на ОКТА Скопје со кои беше остварен најголемиот дел од прометот на Редовниот Пазар односно 4.354.200,00 денари и при тоа се истргуваа 6 акции, по просечна цена од 8.200,00 денари.
Втори по вредноста на тргување беа акциите на Арцелормиттал (ХРМ) Скопје со кои се истргува количина од 243 акции, по просечна цена од 487,47 денари, а беа реализирани 118.455,00 денари промет.
Нагорна промена на Редовниот Пазар забележаа акциите на РЖ КПОР СКОПЈЕ од 16,59 проценти при што беа истргувани 107 акции по цена од 140,00 денари, и при тоа остварија промет од 14.980,00 денари


Пет најтргувани акции

1. Топлификација Скопје
2. Комерцијална банка Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. ОКТА Скопје
5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје


Акции со најголем пораст

1. РЖ КПОР Скопје 16,59%
2. Макошпед Скопје 14,73%
3. Топлификација Скопје 9,96%
4. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола 4,40%
5.Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 3,52 %



Акции со најголем пад


1. Раде Кончар Скопје 17,09%
2. МЗТ Хепос Скопје 5,71%
3. ТТК Банка 5,65%
4. Стопанска банка Битола 2,21%
5. РЖ Уготур 2,11%



Кајгана бизнис вести
 
Прометот на Македонската Берза и денеска на незавидно ниско ниво од само 16.780.385,98 денари од вкупно 130 трансакции, при што најголемиот дел од прометот од 11.645.716,99 денари беше остварен на Официјалниот Пазар, а остатокот од 5.134.669,00 денари на Редовниот Пазар од вкупно 47 трансакции.
Во првиот час од тргувањето најголемиот промет од над еден милион денари беше остварен со акциите на Алкалоид Скопје, по што следат акциите на Комерцијална банка кои веќе неколку дена по ред ја држеа водечката позиција на пазарот.
Индексите и денеска без некоја поголема промена, МБИ10 заврши на позитивни 0,13 проценти, МБИД исто така позитивен со 0,57 проценти, а последниот ОМБ индекс на крајот засвете црвено и изнесуваше 0,07 проценти.
Најмногу на Официјалниот Пазар се тргуваа акциите на Алкалоид Скопје, која оствари промет од 2.857.637,00 денари од вкупно 21 трансакции. Денешната цена на овие акции се движеше меѓу 7.840,00 денари и 7.800,00 денари. Се истргуваа 366 акции по просечна цена од 7.807,75 денари.
Втори по вредноста на тргување на овој пазар беа акциите на Комерцијална банка со кои беше остварен промет од 2.637.305,00 денари. Се истргуваа 442 акции по просечна цена од 5.966,75 денари, што беше за 0,59 проценти повисоко во однос на претходните тргувања.
Трети по вредноста на тргување, исто како и во понеделникот , на Официјалниот Пазар беа акциите на Македонија Турист Скопје, со кои се истргуваа 308 акции по просечна цена од 6.200,65 денари, а остварениот промет изнесуваше 1.909.800,00 денари од вкупно 5 трансакции.
На Редовниот Пазар денеска имаше многу малку промет од кој најголемиот беше остварен од тргување со акциите на Македонски Телекомуникации Скопје, односно 4 милиони денари од вкупно 5.134.669,00 денари што беше остварен на Редовниот Пазар.
Акциите на Македонски Телекомуникации Скопје се тргуваа по цена од 599,26 денари, се истргуваа 6.713 акции, а беше остварен промет од 4.022.817,00 денари.
Втори по тргување на овој Пазар беа акциите на Алкалоид Берово при што беа истргувани 70 акции по просечна цена од 5.050,00 денари, а остварениот промет изнесуваше 353.500,00 денари.

Пет најтргувани акции
1. Алкалоид Скопје
2. Комерцијална банка
3. Македонија Турист Скопје
4. Македонски Телекомуникации Скопје
5. Алкалоид Берово


Акции со најголем пораст

1. РЖ Економика Скопје 41,51 %
2. Стопанска банка Скопје 9,64%
3. Македонски Телекомуникации 8,76%
4. Аутомакедонија Скопје 6,98%
Акции со најголем пад

1. РЖ Интертраншпед Скопје 19,51%
2. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 9,23%
3. РЖ Техничка контрола Скопје 9,09%
4. ЕМО Охрид 3,75%
5. РЖ Услуги Скопје 1,54%
 
ме интересира што мислите за акциите на Попова Кула Демир Капија,
сега се 58ден, ќе идат нагоре или ???
 
ме интересира што мислите за акциите на Попова Кула Демир Капија,
сега се 58ден, ќе идат нагоре или ???
2014 bi trebalo da preminat 100.00mkd.
Begaj podaleku od takvi akcii samo parite ke gi zaglavis.
 
Конечно успеав да одвојам повеќе време и го разгледав полугодишниот билтен на МБ.

Уделот на странците во сите компании од МБИ10 е намален, се повеќе тргуваат домашните физички лица (за сметка на странските правни) итн.

Дали мислите дека ова навестува дека оптимизмот кој го пројавуваат определени ’играчи’ на Берзата е неоправдан и дека сите хартии од вредност и во наредниов период ќе губат драстично од својата вредност?
 
makedonska berza

dobro vecer .jas mislam deka ova e dobra tema ,am moeto mislene e deka nie uste sme nazat so borzat.1,kako obicen graganin nemozete da kupite akci ,vi treba broker znaci vi placate na brokerot ,pa na borzata .vo stranstvo e sekoj moze da otvori brokesko konto .vo sekoja banka i sekoj moze da kupuva i prodava bez brokerko skolo.vie kupuvate vie prodavate i toa 24h na den .
ps...........cao:toe:
 
Кај нас брокерските куќи (барем оние преку кои јас сум тргувал) работат на принципот ’како клиентот каже’ - работа на брокерот е само да внесе во систем она што е желба на клиентот. Инаку провизиите кои ги наплаќаат брокерските куќи воопшто не се големи, впрочем износот кои го задржуваат е скоро ист како и оној кој го наплаќаат МБ и КХВ (брокерската куќа наплаќа 0,7% додека МБ и КХВ заедно околу 0,525% од трансакција; за константни клиенти и поголеми зделки процентот кои го задржуваат брокерските куќи е и помал: 0,5% па се до 0,1%).

Инаку за секој кој сака да тргува сам нека повели нека положи испит, нека земе лиценца и нека отвори брокерска куќа ако смета дека така ќе тргува поефтино.
 
ne? viene go razbrafte moet mislene sto sakaf da vi kazam.deka za da kupuvas i da prodavas akzi ne vi treba ispit ili skolo.vo stranstvo e ti odis vo banka i velis deka sakate da investirate vo akzi ,onda dobivate kontonuma ,so koja mozete da kupuvate na berzata.ali sega vnimavaj,ti kupuvas kaj tvojata banka ,a bankata ima svoj broker ko gi zima od berzata,zato mislam deka vo make.......... sme naza ti treba broker a vo stanstvo mozes 24h da kupuvas.bez broker i samo placas godisno za kontoto sto go imas:helou::nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom