Претежно англискиве медиуми, страшен хајп и невидена фабрика за хајп околу Де Зерби отколку е дојден, како ќе играле Европа, како имале високи нишани, како фудбалот кој го играле е нешто страшно и невидено, а попија 3 комада од Евертон, 3 од Нотингем Форест.
Генерално, бар од тоа што читам по редит/твитер, медиумски најисфорсирана екипа во ПЛ, затоа и глупиов наш амер се залета по Потер. Револуционерен фудбал и клуб.
Иронично е, ама Челзи со Потер имаше трета најдобра одбрана во ПЛ.
Не е дека не знае Де Зерби да организира, туку последно време неретко ротира. Малку замор ги фаќа играчите, не е тоа тој ростер за да игра на три дена со такво темпо. Еве вчера повторно го врати Грос на десен бек, Колвил не му играше, МекАлистер не му играше, Фергусон и Енцисо исто така. Затоа и загубија како што загубија, плус Њукасл е квалитетен тим.
Оваа екипа на Брајтон е проектирана за средина на табела, а и подолу, кога ќе го видиш ростерот, буџетот и околностите. Тоа што се наоѓаат на места кои водат во Европа е оверачивмент и затоа Де Зерби добива заслужена поддршка од јавноста. И не само што се на тие места, туку со каква игра се на тие места.
За жал, Потер и Де Зерби не се воопшто исти тренери. Различни два концепти на гледање на фудбалот, иако демек двајцата тежнеат кон исклучителен офанзивен фудбал.