Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Да му ја сокриеш топката на Арсенал на Емирати...
Де Зерби го крена тимов на Брајтон две нивоа погоре. Потер направи добра работа, постави некои принципи, ама човеков креираше посебност. Нема да ме чуди да го наследи Гвардиола во Сити. Или Клоп во Ливерпул.

Каква фина дисциплина во додавање, триаголници, функционалност во две насоки, неверојатно. Овие да имаат добар буџет, легитимно секоја сезона би биле кандидати за Европа.

Митома мозокот му го зеде на Вајт. Додуша нема кому не го зеде мозокот во вториот дел од сезонава. Единствено Бисака во финалето го неутрализираше.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.076
Поени од реакции
7.163
Арсенал е како студент што ги положил сите предмети на време до претпоследниот семестар, а на последниот ниту еден испит и на крај се откажува од факултетот.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.910
Поени од реакции
2.946
Тросард асистент како во најдобрите денови во дресот на Брајтон. :icon_lol:
Страшна екипа Брајтон, повторно фино лепо успеаја да размонтираат фаворит, овој пат настрада Арсенал.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.174
Поени од реакции
13.453
Арсенал е како студент што ги положил сите предмети на време до претпоследниот семестар, а на последниот ниту еден испит и на крај се откажува од факултетот.
Не може ова да е Арсенал, ако веќе правиме некои такви споредби, тогаш Арсенал нека биде студент од далеку што доаѓал на факултетот, морал 5 воза да смени и уморен бил од толкав пат и на крај за влакно не земал првенец на генерација туку некој друг зел.

Еднаш реков после испаѓање од Спортинг ЛЕ, дека ако не освоиме ПЛ ќе е големо разочарување и уште стојам на тоа. Разочаран сум и тажен, што е и човечки, сите 3 титули (2та купа + ЛЕ) беа скроз неважни во споредба со ПЛ и во тој момент имавме +8 поени. Точно дека никој на почеток немаше очекувања за вакво нешто, 4то место беше премија над премиите, ама како дете што било пратено по леб во продавница и по пат наоѓа 1000ка, дали ќе си рече “ама јас по леб бев пратен, не 1000ка да зимам“ и ќе ја одмине или ќе има нова цел во новонастанатата ситуација и ќе сака да ја земе 1000ката, тоа е муабетот.

Како и да е, Арсенал беше одличен сезонава, иако е голем губитник кога ќе се сумира се и никаква титула не освоил, сепак напредокот е огромен, пред само 3 години бевме 8мо место во лига и фудбалот беше очобол, месец дена немавме дадено гол од игра, бевме 20то место со 0 освоени бодови после 3 дуели, разликата е евидентна. Повторно е забавно да се гледа тимот и тоа е можеби најважно, па со добро менаџирање и паметни купувања, се останато ќе си дојде со тек на време. Браво и за Брајтон кои одлично изигра денес, како и за Сити кои намирисаа зебра што куца во стадото, ја следеа до крај и ја нападнаа.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
946
Поени од реакции
1.218
Како беше муабетот на еден член тука, Арсенал ита кон трофеи. :icon_lol: :icon_lol:

Сеуште на многу не им е јасно дека арсенал сепак е мал клуб, без менталитет за поголеми подвизи, без структура и внатрешен менаџмент кој ќе менаџира на секој начин да се дојде до трофеј.

Сезонава ќе ја сметаат за успешна во клубот, топ 4, пласман во ЛШ и value boost кај одредени играчи кои ќе ги продадат за океј пара.

Во реалноста 19та година по ред без домашна титула, а во ЛШ едвај едно финале.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.835
Поени од реакции
10.139
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.635
Поени од реакции
11.704
Како беше муабетот на еден член тука, Арсенал ита кон трофеи. :icon_lol: :icon_lol:

Сеуште на многу не им е јасно дека арсенал сепак е мал клуб, без менталитет за поголеми подвизи, без структура и внатрешен менаџмент кој ќе менаџира на секој начин да се дојде до трофеј.

Сезонава ќе ја сметаат за успешна во клубот, топ 4, пласман во ЛШ и value boost кај одредени играчи кои ќе ги продадат за океј пара.

Во реалноста 19та година по ред без домашна титула, а во ЛШ едвај едно финале.
Мислиш МЛАД тим без доволна ротација искрено тие се можностите против еден џин како Сити иако тука еден не убедуваше дека притисокот бил врз Сити зашто имале повеќе натпревари и ке киксале уште неколку пати до крај
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.362
Поени од реакции
5.492
Како ги наоѓаат децава Брајтон алавда им е. Само Данк и Грос денеска постари, другото се дечишта и ги размонтираа.

Ferguson 18год - од Бохемиан за без пари
Enciso 19год - од Либертад за без пари
Gilmour 21год - од Челзи за 10мин, за кој кур го дадоа Челзи за овие пари само они знаат, а во средина немаат два играча вкупно.
Colwill 20год- позајмица од Челзи.
Caicedo 21- од Индепендиенте за 5мил
Mac Alister 24 - од Арентинос Јуниорс за 8мил
Мitoma 25 - од Кавасаки за 3мил
Estupinan 25 - од Виљареал за 18мил
Buonanotte 18 - од Розарио за 6мил
Undav 26 - од Сант Жилис за 7мил

Е со ова искочија денеска.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.963
Поени од реакции
9.594
Не треба да ве чуди работаат квалитетно и имаат квалитетен скаутинг. Од Унион Сант Жилоа или како е направија тим што се бори за титула во Белгија кој впрочем им е фарм клуб истиот газда е. Митома играше таму лани исто и Ундав мислам од шо го запамтив ама очигледен одличен скаутинг во Ј.Америка.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.881
Поени од реакции
11.597
Да имаа лузерски менталитет Арсенал немаше да се борат за титула сезонава, така да тој муабет везе нема. Повеќе е соодветен за нашиве јаки екипи за кои навиваме кои сезонава нигде ги нема.
Артета има добар тим, му фали клупа и некое добро појачање, реално може и наредна сезона да се на исто ниво.
За мене се изненадување на сезоната заедно со Брајтон и Њукасл.
 
C

confusion

Гостин
Арсенал имале лузерски менталитет со години, тоа денес го покажаа и во нивна „најдобра сезона“. Али како што рече Гвардиола, они нивниот трофеј го освоија, се пласираа во ЛШ така да, крцкај си.
Какви лузери, прво она пичлеме покрај аут линија што гестикулира со мрсна коса цела утакмица, после самите навивачи кои скоро сите го напуштија теренот пошто нивниот тим губи на домашен терен во нивна најдобра сезона, ама тоа е тој усаден лузерски менталитет со години, затоа никад нема да биднат озбилна екипа.
Али како и да е, честит трофеј пласман во ЛШ.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.355
Поени од реакции
11.812
Од Евертон 5ка јадеа така? Му се погоди лош ден.
Позз до тие хехенца што ми стегаа стручнаците.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.894
Поени од реакции
67.546
Да му ја сокриеш топката на Арсенал на Емирати...
Де Зерби го крена тимов на Брајтон две нивоа погоре. Потер направи добра работа, постави некои принципи, ама човеков креираше посебност. Нема да ме чуди да го наследи Гвардиола во Сити. Или Клоп во Ливерпул.

Каква фина дисциплина во додавање, триаголници, функционалност во две насоки, неверојатно. Овие да имаат добар буџет, легитимно секоја сезона би биле кандидати за Европа.

Митома мозокот му го зеде на Вајт. Додуша нема кому не го зеде мозокот во вториот дел од сезонава. Единствено Бисака во финалето го неутрализираше.
Имаат изработена една акција, за освојување на простор што ја немам видено до сега кај скоро ниту една екипа. Иде вертикален пас од одбрана до играч во средина, овој му дава пас наназад, и потоа иде дијагонала од играч од одбрана, кој стигнал веќе до срредина со ваков пас, до крило. Ова ми делува така чудно што обично играчот што ја прима топката во средина, секогаш проследува пас до друг играч од средина странично, ретко кој враќа пас од средина вертикално до одбрана, зашто е ризичен пас. Го правеа ова против Јунајтед во финалето од Лига Купот, мислев дека е случајност, но денес го направија истото во неколку наврати.

Патем, секоја чест на скаутите. Енцисо, Еступињан, Каиседо... ненормален потенцијал.

Едит, некој веќе анализирал дел од ова.

 
Последно уредено:
Член од
29 април 2015
Мислења
4.306
Поени од реакции
4.230
Имаат изработена една акција, за освојување на простор што ја немам видено до сега кај скоро ниту една екипа. Иде вертикален пас од одбрана до играч во средина, овој му дава пас наназад, и потоа иде дијагонала од одбрана до крило. Ова ми делува така чудно што обично играчот што ја прима топката во средина, секогаш проследува пас до друг играч од средина, ретко кој враќа пас од средина вертикално до одбрана, зашто е ризичен пас. Го правеа ова против Јунајтед во финалето од Лига Купот, мислев дека е случајност, но денес го направија истото во неколку наврати.

Патем, секоја чест на скаутите. Енцисо, Еступињан, Каиседо... ненормален потенцијал.
Можеш да пратиш некое видео ако најдеш од ова што го објаснуваш, не можам да те разберам на што мислиш?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.894
Поени од реакции
67.546
Можеш да пратиш некое видео ако најдеш од ова што го објаснуваш, не можам да те разберам на што мислиш?
Ке мора да клипнам дел од видео од утакмиците што ги гледав каде го прават ова, само кога ке најдам време. Воочливо е затоа што е делува чудно/невообичаено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom