Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Ок,тебе ке те разбира и слуша со поглед.Шо ке се деси пошо кога тогаш ке дојде ситуација да му залепи шамар некој или не дај неколку боксови? Ке се врти наоколу да го бара погледот твој за да знае што да прави? Или ке го научиш у брада како да го закачи и нокаутира насилникот?
Чекај, уште не видела она како е да расте дете. Син од две години разбирал со поглед, не знам што очекува да прави дете кое севкупно знае 10 збора. Сега за година две ќе почнат проблемите со плачење по родендени, кршење, врескање, инатење. Па послем тоа следи уште поинтересни фази како тинејџерство.
Ако успее со Лео мамичка да создаде нормално човечко суштество тогаш ќе и речеме браво.
 
Не спрема твоите родители, него према други.
Не знаете што е авторитет, тоа сакам да кажам. Тебе татко ти ти дозволува да пушиш трева дома а шефот на работа ќе ти одредува пауза. Ма немој молим те, како тоа он тебе смее така да ти се понаша.

Повеќето сте такви, све допуштено од дома, никаков авторитет, никакво воспитување, арогантни и дрски пошто не сте научени на не.

Сеа ти по муабетиве очигледно си вонсериски човек што од 12 години работи и плаќа сметки, така да џабе зборам.

За болдираново:
Не зборам дека ќе ти забранат бе, не е тоа поентата. Поентата е дека ќе знаеш за НЕ, и нема да дуваш или ќе ризикуваш и ќе се криеш.
Не мора да е за трева. Истото важи и за алкохол и цигари, си има одредени возрасни граници кога со нешто се почнува. Не ми објаснувај дека е нормално на 17 години да дуваш џоинт дома.

Уживај дека глават тие што се кријат. Ќе се кријат доека не паднат и ќе се откажат после откако ќе изеде ќутек и у станица и дома.
Поише глават разгаленковци што пушат цигари и трева од 15 години, истиот тој утре и ќе се боцка пред татко му доека не му здосади и тоа и си ја рокне главата.
неколку страници уназад објаснив дека авторитет може да ми биде човек само кој што го почитувам, а кај мене човек автоматски не добива почит само поради тоа што е постар, поради неговата професија или пак поради некоја титула што ја има.

можеби е погрешно, можеби не, но никогаш нема да си дозволам да идам против себе и некој што не го почитувам да ми наметнува авторитет.

јас реков дека имам запалено пред моите, не дека константно пушам пред нив, логично дека не преферирам да пушам пред нив, како што има луѓе кои што иако се пушачи не сакаат да палат цигара пред родителите чисто од почит.

ок чим мислиш дека повеќето сме такви, тоа е твое мислење и имаш комплетно право на сопствено мислење.

по моабетот сум таков каков што сум, зашто би лажел на форумов дека работам од мои 12 години и дека од тие години помагам (по сопствена желба) дома, не е како јас да сум единствен во државава кој што работел и работи од мала возраст.

за старосните граници се сложувам, ама не сум дувал џоинт пред моите на тие години, ниту пак сум бил отворен во врска со тие работи на тие години затоа што и тогаш и денес сметав дека тие години се ептен рани за конзумирање на било што.

другото реално нема да ти го коментирам, секој со сопственото животно искуство и сопствена перспектива на работите.
 
Не знам дали повеќето од коментарите во врска со чотеков се како реплики за мене, ама можеби сте ме разбрале погрешно.
Не викав јас дека треба да се тепаат децата и така да се воспитуваат, туку наставниците да можат да опалат некого, да избркаат од час,итн... особено каубојците.
 
Чекајте бе луѓе нека ,,легнат” малку настаните па после ќе видиме отприлика што е како е..Информациите на секои пола саат имаат за цел да ја затрпаат и загушат вистината и да не може бел ден да види повеќе..Неколку настани во многу краток период на прва ми ,,кажуваат” онака лаички дека е нападната Србија пошто во оваа модерно време терминот-Напад може да имплицира психолошка и секаков друг вид на војна а притоа да не се користат калаши,бомби и тенкови пошто оваа не е 41-ва год. колку и да ни е врежано во главата кога ќе го слушнеме зборот-напад...
 
Која е поентата на метал детектори, кога детево го убило ликот кој би требало да го управува тој метал детектор? И тоа го погодил од 14 метри. Едно од решенијата би било да има минимум двајца од обезбедување, по можност на различни локации во школото. Човекот од обездувањето го знаел детето. Ова ти е како да ти пријде некој клинец од маало, и да ти извади пиштол и да те испука. Ни на крај на памет нема да ти биде да се пазиш.
Како што видов на слика едниот пиштол му е CZ shadow 2, натпреварувачки пиштол, еден од најпрецизните пиштоли на свет. Но сепак за да усмртиш некој од 14 метри, треба да гаѓаш солидно.
Автоматски споено мислење:

Во Македонија 90-те години сетете се колку насилство и убиства се имаше извршено помеѓу обични луѓе.
Правиме муабет за луѓе израснати со ќотек.Ете какви генерации се создадоа со таквиот стил на воспитување.
Сељаци,хард-кор некултура,влезени во некои беден насилнички филм набиен од родителите и околината.
На истите тие кога ќе им застанеше џандар или нивниот газда пред очи,ќутеа како пички пред авторитетот.Ама битно они беа тепачи и мангупи.
Ајде потсети не, колку насилство и колку убиства имаше во 90те. Пошто мене не ми текнува дека имало убиства и насилство, а сум израснал во 90тите. Од полицијата имаше причина да се плашиш и да ќутиш, дека ќе те скршеа од ќотек ако им се курчиш, па пред полицијата ќутеа и вистинските тепачишта. Масовни пукања немаше, бодења со ножеви немаше, дури и кога сме се тепале завршувало со дупната глава и скршен нос преку сила. Убиство во тепачка или пукање (попут Аце циганот или убиството на Белчо во Куманово), бил настан кој се раскажувал со години.
 
Последно уредено:
dali ima nekoj update za povredenite so bea vo zivotna opasnost od pukanjeto vo skoloto?
barav na rts i nova, ama ne mozam da najdam nisto
 
И после се лутите кога ви се збори дека сте разгалени, дрски и арогантни и секој што ќе проба да воспостави авторитет над вас го сметате за искомплексиран лик.
Дома ти рекле некад за нешто не? Чим на 19-20 години дуваш џоинт пред татко ти, не верувам дека за нешто друго ќе ти рече не. Или па некој друг.

И порано имаше деца што на 16-17 години пушеа цигари дома ама тие беа многу ретки. Денес секое второ дете на 14-15-16 години пуши цигари и пие кафе и ракија со неговите.

Со вакво понашање каде од најмала возраст им е допуштено све, тие деца после нема шанси да научат да почитуваат авторитет и возрасен човек.
Дали мислиш дека во денешно време успешно можеш да му забраниш на дете да зима трева? Самото ова нема врска со почит кон родителот или почит воопшто кон авторитет и возрасен човек.

И јас се сложувам со тоа дека децата денеска помалце ги ценат и почитуваат повозрасните, но од друга страна, каков свет им оставаме, не сме ни заслужиле ништо подобро. За ова што се случува во моментов, не се децата криви, децата се огледало на своите родители.
 
Ок,тебе ке те разбира и слуша со поглед.Шо ке се деси пошо кога тогаш ке дојде ситуација да му залепи шамар некој или не дај неколку боксови? Ке се врти наоколу да го бара погледот твој за да знае што да прави?Ке бара на цел глас помош,полиција? Што? Или ке го научиш у брада како да го закачи и нокаутира насилникот?

Види, не знам што би било кога би било и не знам како би реагирала и размислувала во моментот. Сега ќе ти речам дека крв би му се напила на тој што ќе ми го допре детето, иако знам дека ова е неразумно и тука мајчиниот инстинкт игра улога. Од друга страна сум свесна дека не смеам јас да му ги завршувам работите, дека ќе мора тој самиот да се избори за себеси, а јас ќе бидам тука без разлика на сѐ. Трето, секако дека како родител ќе дадам сѐ од себе да создадам добар и праведен човек, да го воспитам убаво колку што можам, па дури и да нападне во самоодбрана и да се надевам на најдоброто.
Треба работа и посветување на децата, тоа е.

Исти кур. Му предизвикуваш страв и знае дека следен чекор ако продужи да прави нешто што не треба е заушка. Утре може ќе му сметаат тие што ќе го гледаат строго и намќоресто, исто као што тепаат овие што биле тепани.
Уште малце ќе го гледаш строго и после ќе те одјебе коа ќе види дека не е опасно тоа. Не дека па ако го истепаш, истотака ќе престане.

Само муабетов е што со сила се праите ко да не сфаќате за каков `ќутек` збориме. Не вика никој дека треба крв да му пуштиш, да му маваш боксови и да го млатиш за се и сешто. Ама некоја воспитна си треба, чисто да знае да престане со тоа што го прави и дека не е добри... а и дека боли.
Не е страв, се буни, ама се буни затоа што знае дека „мама не дава“. Тодлер е и тестира граници, тоа му е работа, моја работа е да ги поставам.

Како мислиш малтретирани? Кај мене во школо најголемите булис беа деца на богати родители на кои им било се овозможено. Не би рекол дека некое були било малтретирано од домашните.
Не знаеш што им се случувало дома, може не биле тепани, може не ги гушкале доволно.


Soznam mene poprilicno normalna mi deluvas :cautious:

Тоа дека не ме познаваш лично. :icon_lol:
 
Која е поентата на метал детектори, кога детево го убило ликот кој би требало да го управува тој метал детектор? И тоа го погодил од 14 метри. Едно од решенијата би било да има минимум двајца од обезбедување, по можност на различни локации во школото. Човекот од обездувањето го знаел детето. Ова ти е како да ти пријде некој клинец од маало, и да ти извади пиштол и да те испука. Ни на крај на памет нема да ти биде да се пазиш.

Ја колку што разбрав чуварот е испукан откако детево веќе направило пепел внатре, не при влегување. Инаку ова со детектори ти е широко воведено во УС, каде ако детекторот засвири не можеш да поминеш и се заклучува блиндирана врата (нешто ко во банките кај нас) и ти доаѓа обезбедување и со рачен детектор те проверува.

 
Ја колку што разбрав чуварот е испукан откако детево веќе направило пепел внатре, не при влегување. Инаку ова со детектори ти е широко воведено во УС, каде ако детекторот засвири не можеш да поминеш и се заклучува блиндирана врата (нешто ко во банките кај нас) и ти доаѓа обезбедување и со рачен детектор те проверува.

И у школо ќе чекаш ред 2 саати за да влезеш. Не бива со детектори никако. Реално кажано, вакви настани не можат 100% да се спречат. Може само превентивно да се делува.
Автоматски споено мислење:

Назад ти е зимата тебе за воспитувањето. Имаш муви да јадеш уште :)
 
Син ми има само две ебани години
Нели само ќе одлучело твоето дете дали е машко, женско или марсовец, од кај сеа дека син имаш? Или не се одлучил уште па сине го викаш?
 
И у школо ќе чекаш ред 2 саати за да влезеш. Не бива со детектори никако. Реално кажано, вакви настани не можат 100% да се спречат. Може само превентивно да се делува.
Автоматски споено мислење:


Назад ти е зимата тебе за воспитувањето. Имаш муви да јадеш уште :)

Тоа е точно дека не може да се спречи, но може ќе остане само со повредени или макс еден до двајца мртви. Американците сигурно ептен мака имале па што го вовеле.
 
dali ima nekoj update za povredenite so bea vo zivotna opasnost od pukanjeto vo skoloto?
barav na rts i nova, ama ne mozam da najdam nisto
Негде имав прочитано денес дека само едно девојче е во критична состојба, пукано и било во глава, со повреда на мозокот и не била во состојба на никакви движења. Другите деца сите биле добри.
За денешните повредени ситуацијата била покритична.
 
Вчера не знам на која српска телевизија беше, гостуваше еден во емисија дали психолог или што и да беше во разговорот кажа
-Не чуди ме да се деси још један овакав инцидент.

И стварно утринава вест за уште еден млад човек кој убил луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom