ovie se smeat?!
Objavljen je uznemirujući snimak pucnjave u osnovnoj školi "Vladislav Ribnikar" na Vračaru u kojoj je učenik sedmog razreda Kosta Kecmanović ubio osmoro svojih školskih drugova i čuvara škole.
www.blic.rs
Не знам дали си гледал некои видеа од Др. Ранко Рајовиќ, универзитетски професор од Србија. Во една емисија, човекот убаво објаснува за влијанието на видео игрите и телефоните врз децата. Како влијаат на нив, како им ја уништуваат перцепцијата за реалност, како им го сузбиваат чувството на страв, па како тоа подоцна се рефлектира на новните животи. Она што он го објаснуваше во тоа видео, вчера и денес во пракса се покажа. Еден куп коментари од деца на иста возраст како убиените и ова што ги уби, па и помали и постари, кои очигледно немаат контакт со реалноста, па користејќи термини од игрици, му бројат убиства, мислиш ова Кантер Стајк е, го величаат, снимаат пародии, одат со пластични пиштоли денес во школо, до дирекни индиректни сведоци, кои биле вчера во тоа училиште, а се снимаат, се смеат дур во друга училница нивни другари умираат, снимаат видеа од апсењето, се смеат, бараст слили да си сппделат за да можат дс објават на Тик Ток, чекаат полицијата да убие друго дете за да можат да го имаат на видео и нормално после да го шират на Тик Ток и да бидат главни фраери. Тотално отсечени од реалноста.
Се ова е доказ дака децата се запуштени од родителите, оставени без контрола на интернет.
Србија па и регионот, потенцијално може да се соочи со огромен број на вакви или слични ужаси во блиска иднина, поготово сега когс на сите им е јасно дека до 14 години не можат дс пдговараат. Огромна грешка направија што тоа во ваков момент дозволија да кружи по сите медиуми. Сега им се отвата можност за уште поголемо врсничко малтретирање и страшни одмазди на малтретираните, уфилмани деца на кои идол им е Голубовиќ, влезени у мафијашки филм, ќе добијат ветер у грб да тепаат, малтретираат други деца. Ќе гледаме се повеќе малтретирање на профрсори по школите. Овој случај може да ја отвори пандоринатс кутија.
Најголемата одговорност ја имаат родителите, кои не ги воспитуваат децата, а така и ќе продолжат, потоа нефунционалниот систем, кој е така поставен да е многу често немоќен во ситуации кога се работи за булиинг.
За жал, имам чувство дека работите од тука ќе идат само на полошо, затоа што не гледам дека има воља нити кај државите, нити кај росителите за коренити промени. За месец дена ќе се врати се на старо, ќе се заборави, родителите чии деца не беа опфатени со оваа трагедија, ќе си викаат, што ме интересира, не е моето дете, медиумите ќе си се вратат на нивната шема за промоција и креирање на идоли од криминалци, курви и сличен шлајм и така се до некој нареден масакар.