Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Па жената не седела во иста клупа и не учела во исто училиште со него за да знае дали го малтретирале или не. Децата седеле, и учеле во иста клупа. И буквално секое едно кажа дека го малтретирале. Ако сакаш сега да ги побарам и видеата да ги видиш.

Па има извештај, кажаа. Пријавено било, имаше и по медиуми, и секаде.

Ама не, на сето тоа и на соучениците не треба да веруваме, имала друга страна приказната (а другата страна се вика жена што хистериши оти името на ќерка и со која најверојатно никогаш дома не поразговарала од презафатеност, било на списокот).
Премногу претпоставки си даваш во постов за толку комплицирана ситуација. Да, постои булинг во училиштата и од секогаш постоел, и е тема на која треба да и се посвети внимание и од страна на родителите и од страна на наставниците. Премногу често некои работи се замижуваат, како скроз да се заборави дека училиштето покрај образовна, е и воспитна установа. Кога гледам какви ликови станаа наставници многу работи ми се јасни.

Но тоа не е никакво оправдание за некој да ја премине линијата на ваков начин. Не може наративот кој сеа им се турка на родителите да биде "разговарајте со децата за булинг бидејќи утре некој може да влезе да ги изрешета на школо". Проблемот е системски и вклучува многу повеќе од булингот, ако и воопшто го имало. Затоа би чекала и официјална истрага и вештачења на психолози. Не би вперила прст одма во соучениците, за некој да е способен на вакво дело треба многу повеќе.

Јас прочитав повеќе изјави од повеќе училишта ( бидејќи дечкото посетувал две истовремено ) каде што сите велат дека дечкото не бил жртва на булинг, напротив и тоа преместување во друг клас било за да се префрли во билингвална паралелка. Има и изјава на едно од децата кое било на списокот дека воопшто не го ни познавал детето. Дали и професорката по историја го малтретирала, па ја застрелал и неа? По тоа што читав добил единица по предметот. Значи дечково собирал гнев од многу работи, само вештачење од добар психијатар ќе даде одговор што навистина се случило.
 
И ова сега оди во прилог на тоа што го постираше @Емкаа. Контрадикторни вести.


On tvrdi da K.K. niko nikada nije vređao iz tog odeljenja. “Kada se prebacio kod nas rekao nam je da su ga dirali, na šta smo mu mi rekli da se opusti i da ćemo se družiti sa njim. On je u našem odeljenju bio prihvaćen, bolje nego iko”, tvrdi ovaj dečak.
 
лицата кои што го познавале, а не биле на списокот тврдат дека бил малтретиран.

лицата кои што го познавале и биле на списокот тврдат дека никогаш не бил малтретиран.

:coffee:
 
И ова сега оди во прилог на тоа што го постираше @Емкаа. Контрадикторни вести.


On tvrdi da K.K. niko nikada nije vređao iz tog odeljenja. “Kada se prebacio kod nas rekao nam je da su ga dirali, na šta smo mu mi rekli da se opusti i da ćemo se družiti sa njim. On je u našem odeljenju bio prihvaćen, bolje nego iko”, tvrdi ovaj dečak.
Да се најдеш ти на список кај масовен убица, и за влакно си избегнал смрт, дали ќе имаш желба, енергија да даваш изјава за телевизија, и да го опишеш целото дејство како да е најнормална појава? Мене ова ми е скроз нелогично, не знам што е со децава или јас сум пореметен. Па јас да видам некој да умре пред мене има да вриштам два дена, а не да објаснувам масакр во детали.

А и мислам дека дел од тие на списокот кои не настрадаа пробуваат сега да ја насочат кривицата само кон убиецот. Кај мене во основно имаше тепачки од група мангупи против еден беспомошен соученик. Кога ги сослушуваа да објаснат што се случило, викаа дека се бркале, се сопнал и акнал со носот во клупа, затоа му е крвав. Ниеден од були-децата никојпат не ја кажуваше вистината. Не гледам дека и за ова некој би ја кажал вистината. Може само оние кои не се директно инволвирани, да објаснат.


лицата кои што го познавале, а не биле на списокот тврдат дека бил малтретиран.

лицата кои што го познавале и биле на списокот тврдат дека никогаш не бил малтретиран.

:coffee:
Не ми текна волку просто да го објаснам. Одлична поента!
 
Не знам зошто не прекинале настава до понеделник, денес по школите секакви глупости им се случуваат.
 
Два класа сменил, тоа се најмалце 40-50 деца, толку ли прифатен и сакан а да нема барем еден другар да кажи за заедничкото другарство?
 
Еден момент не знам дали некој го примети, а тоа е дека на локацијата на Google Maps на училиштето пред повеќе од една недела имаше бајги директен коментар против наставничката од историја. Не знам дали станува збор за коментар напишан од ученикт кој претходел на трагедијата или наставничката била во лоши односи и со други деца. Сите тие коментари се сега избришани, најновиот е пред 2 месеци, веројатно Гугл автоматски брише после некој одреден настан, ги третира како нерелевантни.

Од тие неизбришаните има еден да те замисли, каков ли пристап имал психологот кон учениците чим ваков коментар има за него и 18 лајкови притоа има собрано истиот.

1683208446306.png
 
у случајов овој имал цел список со лица за отстрел и некои што ги испукал успат како чуварот и професорката. Очигледно кога пола клас или деца од сите класови ти се проблем, тој проблем не бил кај нив него у неговата глава. Не значи дека ако не можеш да се уклопиш меѓу луѓе дека другите ти се криви. Можеби тоа дете едноставно не можело да се вклопи со луѓе.
Никој не го негира тоа, Рон. Детето дефинитивно е психопат и треба да одговара за масакрот најстрого што може. Но ако го бараме коренот, тој не е во детето, проблемот не почнал од него. Коренот е во трулото општество во кое живееме.
 
Сигурно нема тинејџер да раскаже од а до ш се што се случува во школо дома поготово не тие невскусни шеги.
Затоа и родителите имаат некоја си лажна слика за школо.
Нормално дека и децава што се вмешани нема да признаат дека го малтретирале тек така, во станица е веќе друга приказна.
Дечково што вели и тоа гордо дека цела школа го знае се гледа дека е мангуп со фори незнам, прв пат слушам.

Пишав и претходно огромна кривица имаат родителите затоа што не си ги познаваат доволно своите деца карактерно.
Не може 13 годишник да планира масакар без да смени нагло понашање. Тука исто се виновни и наставниците бидејќи децата половина ден се со нив.
13 до 15години е најосетлив период од детството - пубертет, прва љубов, прва цигара, пијанство, посегнување по дрога итн,
треба да се обрне пажња повеќе генерално зборам.

Оффтопик.

Некако целиов систем се сведе на барање на некакви права и казни, луѓево се повеќе и повеќе почнаа да биваат осетливи за се и сешто.
Секако треба да има респект не викам не меѓутоа некако сево ова како да губи граница и разум и се повеќе и повеќе луѓево си зимаат за право до доза цело време да прават провокација и на крај они да бидат оштетените. Поентава ми е друга но темава е за деца.

Генерално децава се многу размазени од дома прво, зборам за основна школска возраст.
Дрскост на максимум, немање на почит спрема постари лица. Сега ако му покачиш тон може да си во проблем, а он може да провоцира колку сака затоа што е дете.
Тие видеа каде што се иживуваат врз професорката е страшно и грозно и тие монструми се заштитени.
Тоа треба да се сфати како ова вчера по сериозност, психички масакар.
Без разлика каде е тоа, видеото кружи, децава ствараат слика дека тоа е добро, со тоа они се фаци.

Јас кога учев основно се знаеше, професор предава сите седат овие лагано си одат до професорка прават гримаси, покрети и ништо.
Оваа пак се смее па не знаеш кој е поретардиран.
Ќе ја изгубела работата епа не е ни за таа работа затоа што она нема прво авторитет да биде професор а не пак да ги научи нешто и да оформи карактер на дете.
Оди чисти или продавај, не секој може да е професор или доктор, тоа се озбилни професии каде треба да се вложи интерес и труд.


Гледаме го критикувате Југословенското време и нивно воспитување, но тогаш се знаеше збор почит спрема постар. Кога ќе збореше постар без разлика дали е дома, дали е на спортски терен, дали е школо, ние ќутевме и слушавме.
Ќе ти каже постар оди направи тоа и тоа на терен одиш и ќутиш сега, денес ти се смее и провоцира ти ли ќе ми кажеш а може и да пцуе.
Ќе го тепаш ќе ти лупнат казна, ќе одиш дома да се разбереш со негови, они полоши од него, затоа што знааат дека неговото дете го штити закон.
Јас така да направев две заушки и дома ако кажам ќе добијам уште две ако сум крив.

Секако не треба дете да е како куче, ама треба да се знае ред и неможе дете да е главно во куќа.
 
Женава не дека лаже, женава нема информации што точно секој ден се дешава со децата у школо, и кога ја информираат, ја информираат онака како во конкрентиов случај, нејзиното дете и пренесува дома. Сигурно нема да и рече еј денес малтретирав еден копиљ у вц, или еј денес измислив трач дека таа и таа е курва, и слично
која некада запали цигарету.
Oваа со ќерка и се понаша како со другарка, си пушат цигари, си пијат кафе и си трачарат.
Профил на мајка што е најгласна на секоја родителска, што све знае, експертка на сите теми, за нејзе ќерка и е најдобра и све нај, дома е мирна бубачка која понекада запали цигарета и така.
А у реалноста е сосема обратно и во најчест случај ваквите девојчиња завршуваат ко онаа глупачана што лежи затвор за ракометарот, или расчепена на некое сепаре испрскана од све.

Ниеден родител не бил толку многу запознаен со реалните случувања у школо. Никогаш. Сите сме биле деца и сите сме ги кажувале нашите верзии на настаните, како нас ни одговараат.
 
Премногу претпоставки си даваш во постов за толку комплицирана ситуација.
Кои претпоставки бе Емка.

1. Факт е дека постојат 2 видеа од кои едното со 3 деца кои кажуваат дека детето било малтретирано и исмевано.
2. Факт е дека постоела пријава за насилство врз детето.

Твоето:

1. Жена која урла дека немало насилство. Каде е тука фактот?

И кои се моите претпоставки? Три пати прочитав што сум напишал, претпоставка не најдов.
 
Мислев вакви хорори само тука се дешаваат, прашање било на време кога ќе почне да се шири.
Социјални мрежи= 0 социјален реален живот.
На ФБ и на инста сите сме совршени со филтер слики, расоблечени да не речам перфектни, се изгуби човечност и емпатија, децава немаат допирна точка со реалност.

Зално:(
 
Ја таа глупачата од жена би ја акнал од земја ради испадов, уште па лабаво си споделува дека ќерка и пушела цигари па детево и се лутело понекад за тоа. Мислам, не дека е нешто невидено дете да пуши во 7-8 одделение, ама поаѓам од себе, да знаел татко ми дека пушам во 7мо имало да ме избрка од дома сместа. Е за жал денешниве деца го немаат тој страв и почитување према постари па затоа и се дешава ова што се дешава.

Тука во најголема мера се криви родителите и општеството, ја имам таа (не)среќа да работам директна продажба па имам контакт со многу луѓе дневно и може да кажам дека стварно гледам све и свашта секојдневно и насоката во која тераат модерниве родители е скроз погрешна. Се разлигавило детето нешто, бам телефонот му го дава за да се смири, дома кога ќе дојдат од работа изгледаат како децата да им се најголем товар во животот, а не среќа, и бапни го пред ТВ или таблет нека блее без да му посветиш внимание... А у денешно време знаеме што има по интернетов така да не ме чуди нивото на дебилизам на кое се денешниве деца.

Мене ме фасцинира (во негативна смисла) фактот како тоа детето мирно си повикало полиција и чекало да го уапсат, а кога го уапсиле им рекол ладнокрвно дека е психопат..... :eek: Ќе рече некој абе психопатите се такви и ќе наведе бројни примери низ историјата, ама овде многу битен е фактот што се работи за ДЕТЕ од 13 години, дете што не е ни физички ни психички доволно развиено за да може на таков начин да демонстрира смиреност и ладнокрвност после повеќекратно убиство.
 
Ако овој податок е точен чудно е како немаат повеќе вакви случаеви. Први се во Европа и 5ти во светот по број на оружје.

Screenshot_20230504_162501_Samsung Internet.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom