Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
Дали 10 луѓе умреа од тој напад?
Криминал се разбира дека нема да елиминираш 100 посто. Ама напади во школо каде што 10+ деца умираат, лесно се решаваат.

А што има врска дали ќе умри еден или осум?

Забраната како решение може само да го одложи или да го намали извршувањето и затоа постојано ќе се најдат вакви поединци кои ќе прават масакри.

Ако се истражат причините кои доведуват до вакви проблем и се работи на решавање на истите, тогаш тоа би било решение затоа што и да му оставиш на сите репетирани пиштоли, никој нема да има потреба да пука.
 
Денес имаше и напад со нож....и што, да се забрани чување ножеви во кујните?

Не ќе да е тоа адекватно решение.
Дали 10 луѓе умреа од тој напад?
Криминал се разбира дека нема да елиминираш 100 посто.

Ете Шеки убаво ти објасни дека решението е 5 деца да бидат убиени со ладно оружје - наместо 10 со огнено.

Не да се среди проблемот со образовниот систем во умрениве држави каде сите патат од кypоболие, никој не си ја работи работата и никој за ништо не одговара. Не да се спречува насилство во сам старт. Не да се спречува работите да ескалираат до вакви епилози, додека претходно се игнорираат сите проблеми и само да се гледа да заврши работното време. Едноставно да се забрани огнено оружје. Така ќе умрат 5 деца наместо 10. Профит.
Што е тука нејасно? :unsure:
 
Јас мислам прв чекор кон подобра иднина е целосна цензура на моронските портали. Стотици различни статии прочитав и за начинот на убиството и за тоа какво било детето. Давање внимание на некоја мајка што се дерела јавно пред школото , па сега испадна дека бил главен шмекер и сите девојчиња трчале по него и бил страшно размазено дете.
Само проблемот е системски секако, а во него спаѓаат и надлежните органи и најголемите телевизии , па некако нема бегање од идиократијата што е во драстичен пораст.
 
Ја одамна сум на мислење дека камери секаде треба да се постават, и у училници. Исто така специјални школи за деликвенти со специјални услови таму. Една грешка жут картон, следна грешка у училиште за деликвенти. Така ќе се одвои талент од ѓубре на време и што е најбитно нема да може да просперираат тие понатака. Со пемпеле од такво школо хигиеничари само да можат да работат.

со или без ваков систем, тие што прават булинг најчесто и завршуват на позиции хигиеничар/хигиеничарка. Често се од дисфункционални семејства и пушат цигари од 6то одделение. Невиност губат во 5то одделение, а поведението им е намалено уште во 4то и често биваат разместувани по други школи.
За тие кои беа големи агресеори дури растев јас, некако и жал ми беше. Од старт се гледаше дека се распуштени од родители/или воопшто ги немаат, општо отсутна беше љубов или родителска поддршка како правилна насока и патоказ во нивниот живот.

Пред многу години разговарав со една девојка од Факс. Беше разочарана дека ликот кој и правел булинг како дете - ја тепал, ја чекал пред станот за да ја прегази со точак, имала повреда на стапало од ова, и општо и било страв да го напушти домот. Сега работел како врвен менаџер во една фирма кај што работи и таа. Тврдеше дека животот не е фер. По некое време дозна дека ликот е на тешки дроги, шмркал хероин, прашање е дали сеуште е жив, ја немам прашано за апдејт.

Се разбира, прво си гневен на тие кои ти правеле булинг. По некое време ти е жал за нив, кога ќе ја согледаш нивната страна од приказната и супстанцијалните елементи на едно здраво детство, кои очигледо фалеле кај нив. Гревота за детево што го одвеле до вакви крајности, кој знае колку се имаат опседнувано/изживувано со него, до степен до кој го поболиле. Трагедија.
 
Кои претпоставки бе Емка.

1. Факт е дека постојат 2 видеа од кои едното со 3 деца кои кажуваат дека детето било малтретирано и исмевано.
2. Факт е дека постоела пријава за насилство врз детето.

Твоето:

1. Жена која урла дека немало насилство. Каде е тука фактот?

И кои се моите претпоставки? Три пати прочитав што сум напишал, претпоставка не најдов.
Претпоставката која се шири дека мајката на девојката е хистерична и урла, дека по дефолт ќерка и е були, дека не си го познава детето итн. Дека уствари мајкава е проблемот. Со што индиректно цел товар се става на жртвите.
30 страни се тера дискусија и некој наратив дека бил малтретиран, кога е исто така можно, а и многу веројатно и самиот да бил були или да си има некакви психички проблеми. Може и двете работи коегзистирале во исто време, никој не знае. Премногу шпекулативни изјави има низ медиумите, и пријавата за насилство врз детето била од школата за глума, не од основното училиште. Има и други изјави на други деца кои викаат дека не бил закачан, зошто тие изјави се отфрлаат веднаш? На луѓево некако полесно им е да прифатат дека бил жртва него психопат.

Да не се сфатиме погрешно, сметам дека булинг како тема е многу сериозна и треба да се посвети многу внимание и од родителите и од школскиот кадар. Жално е што беше потребна една ваква трагедија за да воопшто почне да се дискутира на темава, и кај нас а и во регионот, ама за жал и ова ќе биде секое чудо за три дена. Какви мерки се превзедоа во Корчагин после самоубиството на ученикот таму минатата година? Какви, и дали воопшто се спроведоа некакви мерки по останатите училишта? Колку од родителите кои сега споделуваат слики со поддршка за Белград, седнаа минатата година и разговараа со нивните деца?
Дека е проблемот системски, се согласувам. Не може да се гледа на ситуацијава само од еден агол. Кога коментиравме на темата за Лазаров и Латас, и каков пример им се дава на децата со таков говор, со такво идеализирање на насилство, пола од тие што сега дрндаат за булинг на темава се смееа и правеа хехенца, колку побитни работи имало во општеството, некој зел да се замара за Лазаров. Треба замарање, затоа што изградена личност и тинејџер кој лета со паметот не перцепираат работи на ист начин. Не е само Лазаров, тука се работи за низа пропусти кои со тек на време продуцираат вакви индивидуи.
 
ovie se smeat?!
Не знам дали си гледал некои видеа од Др. Ранко Рајовиќ, универзитетски професор од Србија. Во една емисија, човекот убаво објаснува за влијанието на видео игрите и телефоните врз децата. Како влијаат на нив, како им ја уништуваат перцепцијата за реалност, како им го сузбиваат чувството на страв, па како тоа подоцна се рефлектира на новните животи. Она што он го објаснуваше во тоа видео, вчера и денес во пракса се покажа. Еден куп коментари од деца на иста возраст како убиените и ова што ги уби, па и помали и постари, кои очигледно немаат контакт со реалноста, па користејќи термини од игрици, му бројат убиства, мислиш ова Кантер Стајк е, го величаат, снимаат пародии, одат со пластични пиштоли денес во школо, до дирекни индиректни сведоци, кои биле вчера во тоа училиште, а се снимаат, се смеат дур во друга училница нивни другари умираат, снимаат видеа од апсењето, се смеат, бараст слили да си сппделат за да можат дс објават на Тик Ток, чекаат полицијата да убие друго дете за да можат да го имаат на видео и нормално после да го шират на Тик Ток и да бидат главни фраери. Тотално отсечени од реалноста.
Се ова е доказ дака децата се запуштени од родителите, оставени без контрола на интернет.

Србија па и регионот, потенцијално може да се соочи со огромен број на вакви или слични ужаси во блиска иднина, поготово сега когс на сите им е јасно дека до 14 години не можат дс пдговараат. Огромна грешка направија што тоа во ваков момент дозволија да кружи по сите медиуми. Сега им се отвата можност за уште поголемо врсничко малтретирање и страшни одмазди на малтретираните, уфилмани деца на кои идол им е Голубовиќ, влезени у мафијашки филм, ќе добијат ветер у грб да тепаат, малтретираат други деца. Ќе гледаме се повеќе малтретирање на профрсори по школите. Овој случај може да ја отвори пандоринатс кутија.
Најголемата одговорност ја имаат родителите, кои не ги воспитуваат децата, а така и ќе продолжат, потоа нефунционалниот систем, кој е така поставен да е многу често немоќен во ситуации кога се работи за булиинг.
За жал, имам чувство дека работите од тука ќе идат само на полошо, затоа што не гледам дека има воља нити кај државите, нити кај росителите за коренити промени. За месец дена ќе се врати се на старо, ќе се заборави, родителите чии деца не беа опфатени со оваа трагедија, ќе си викаат, што ме интересира, не е моето дете, медиумите ќе си се вратат на нивната шема за промоција и креирање на идоли од криминалци, курви и сличен шлајм и така се до некој нареден масакар.
 
со или без ваков систем, тие што прават булинг најчесто и завршуват на позиции хигиеничар/хигиеничарка. Често се од дисфункционални семејства и пушат цигари од 6то одделение. Невиност губат во 5то одделение, а поведението им е намалено уште во 4то и често биваат разместувани по други школи.
За тие кои беа големи агресеори дури растев јас, некако и жал ми беше. Од старт се гледаше дека се распуштени од родители/или воопшто ги немаат, општо отсутна беше љубов или родителска поддршка како правилна насока и патоказ во нивниот живот.

Пред многу години разговарав со една девојка од Факс. Беше разочарана дека ликот кој и правел булинг како дете - ја тепал, ја чекал пред станот за да ја прегази со точак, имала повреда на стапало од ова, и општо и било страв да го напушти домот. Сега работел како врвен менаџер во една фирма кај што работи и таа. Тврдеше дека животот не е фер. По некое време дозна дека ликот е на тешки дроги, шмркал хероин, прашање е дали сеуште е жив, ја немам прашано за апдејт.

Се разбира, прво си гневен на тие кои ти правеле булинг. По некое време ти е жал за нив, кога ќе ја согледаш нивната страна од приказната и супстанцијалните елементи на едно здраво детство, кои очигледо фалеле кај нив. Гревота за детево што го одвеле до вакви крајности, кој знае колку се имаат опседнувано/изживувано со него, до степен до кој го поболиле. Трагедија.
Незнам тие клише филмој од Холивуд може ги тераат така....
Во моја генерација тие тепачите што задираа свои врсници беа од високо ситуирани семејства, газди на кафичи, професори, бизнисмени...
Задеваа повлечени сиромашни деца кои од петни жили се трудеа да постигнат нешто во животот. Деца кои немаа пари да уплатат за екскурзија и ги задеваа ради тоа и такви некој разно разни глупости.

Денес тепачите - двајца заминати странство, еден го продолжи бизнисот од татко му а другиот работи приватно

Тие што беа малтретирани до ден денес со жигови кои сеуште ги влечат низ животот. Со уништена самодоверба, асоцијализирани и со мајндсет кој им прави проблем и на професионален и на приватен план.
 
Претпоставката која се шири дека мајката на девојката е хистерична и урла, дека по дефолт ќерка и е були, дека не си го познава детето итн. Дека уствари мајкава е проблемот. Со што индиректно цел товар се става на жртвите.
Јас ништо од ова не напишав во моето мислење, ти викаш дека моето мислење било полно со претпоставки кога следната твоја реченица е:

30 страни се тера дискусија и некој наратив дека бил малтретиран, кога е исто така можно, а и многу веројатно и самиот да бил були или да си има некакви психички проблеми. Може и двете работи коегзистирале во исто време, никој не знае.
Јас пак ќе речам: постојат 2 видеа со 4 деца кои тврдат дека Коста бил малтретиран и исмеван и една претставка која ја поднеле неговите родители дека бил малтретиран. Тоа се факти, не претпоставки.

А тоа што на толку страни се "шпекулирало", ко што велиш, не си го разбрала - со тоа никој не вели дека Коста добро направил и не ги оправдува неговите постапки.
 
Абе арни сте сите за кажвање.
Само на форумот тука колку лица се вреѓани, исмејувани и понижувани.
Ќе речеме форум е нема везе ама кога зборате за емпатија и се чудите на ваквите вперете го малце прстот и во вас.
Паметам кога првиот пат почнав да го посетувам имаше тема каде се исмејуваа луѓе и се ставаа нивни фотографии. Не знам дали сеуште постои таа тема.
 
Јас ништо од ова не напишав во моето мислење, ти викаш дека моето мислење било полно со претпоставки кога следната твоја реченица е:


Јас пак ќе речам: постојат 2 видеа со 4 деца кои тврдат дека Коста бил малтретиран и исмеван и една претставка која ја поднеле неговите родители дека бил малтретиран. Тоа се факти, не претпоставки.

А тоа што на толку страни се "шпекулирало", ко што велиш, не си го разбрала - со тоа никој не вели дека Коста добро направил и не ги оправдува неговите постапки.
Да, затоа што потполно го игнорираш фактот дека е сосема можно дечково да не бил воопшто малтретиран и да е само психо, исто ко шо е можно да бил малтретиран и да бил психо истовремено. На објавата моја со видеото твојот коментар беше следен:
Ама не, на сето тоа и на соучениците не треба да веруваме, имала друга страна приказната (а другата страна се вика жена што хистериши оти името на ќерка и со која најверојатно никогаш дома не поразговарала од презафатеност, било на списокот).
Твоја претпоставка е дека мајкава лаже, не си го познава детето, итн. Поверојатно е да се верува тоа, нели?
Вистината е некаде измеѓу најверојатно. Јас сега ко факт ќе ти прикачам изјава шо е контрадикторна на останатите. На кого ќе му веруваме?
1683223645518.png
1683223655630.png

И бонус видео од единствениот дечко кој е убиен. Дали ова дете изгледа на були, сериозно?
 
И бонус видео од единствениот дечко кој е убиен. Дали ова дете изгледа на були, сериозно?
И Тед Банди беше шармантен дечко, заводник, срцекршач и сон за секоја девојка.

Свири на клавир и наеднаш не е були? Најголемиот були во мојот клас беше најталентираниот уметник што сум го познавал.
 
Сите покажуваат со прст кон детето додека забораваат на ебаните бескорисни институции, психолози, педагози и професори кои децении не преземаат ништо за ваква работа. А има полно случаеви каде и професорите заедно со другите деца се изживуваат врз послаби.

На детото му пукнало филмот и ги убил тие шо го матретирале. Чисто и јасно. Многу на негово место би нарпавиле слично нешто, или пак би се самоубиле.

Особено е претерано со социјалниве мрежи кај шо објавуваат сè. Криви се и штрумфови кои седат на кафе и на цигра и по слаткарница а не преземаат ништо за вакви случаеви дур не преврија водата „Не сме ние надлежни“.

Врсничкото насилство „булиинг“ можи да се реши многу лесно како и сите останати проблеми, само некој шо не сака.

Кој сака функционално и здраво општество?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom