Малку со изладена глава да напишам едно мое мислење.
Се носеше многу пиротехника, голем дел се запали пред сала(веројатно ќе има слики) се носеа и топовски удари. Немало воопшто намера да се фрла по публиката со истите. Да сме сакале таков хаос цела пиротхеника ќе сме ја шверцовале и дури тогаш ќе настанеше хаос. Уште кога влеговме во ходникот, пред да се качиме на трибини, нашето влегување го најавивме со топовски кои да не се фрлат меѓу публиката ги фрлавме на безбедно место кај шо сме самите ние. Преку 20 топовски удари имаше. Пак ќе кажам, да сакавме да фрламе кај публиката немаше меѓу нас арсеналот да го трошиме. Каде настана проблемот? Како шо знајте имавме наши битолчани на неутралниот дел. На наши им беше дојавено дека ве чекаат комити пак на истиот дел од трибината. Скопската полиција веќе трета утакмица со ред дозволва да се инфилтрират СО ОБЕЛЕЖЈА комити меѓу публиката. Навивач и фан од авион се гледа разликата. На видеото се гледа дека први кои фрлаат се тие. Ако влезот со тресењето на ограда чисто ради кревање на тензија е спорен, тогаш немате врска од навивачи. Или то шо сме запалиле 4/5 бакли, и тоа е навивачки. Оградите беа изврзани со сајли меѓу себе така да со ништо не се туркаа, нити па имаше намера да се турнат. Втора работа сите го гледавме натпреварот на мобилни, го видовме и инцидентот со Лесјак. Да не барам причини и оправдувања, но едно по друго доведи до то шо се случи. Кај нас цела полиција, кај комити на онаа бројка од 1000+ НИЕДЕН ЏАНДАР?!?! Не дека нас нешто ни мени то, само сакам да ја нагласам катастрофалната проценка и организација на безбедњаците.
Некој имаше напишано, нека слушнат за дербито и надвор од балканот...ете слушнаа, сегде не има.
Околу играта, нашите ако се вадат на то дека прекинот ги изваде од колосек, срам да им е. Пред прекинот беше 6-6. Небаре 1-5 беше за нас па ги извадивме од колосек. Ако барат оправдување во тоа, не им држи место. Едноставно, екипата нема карактер. Квалитет одреден можи има, ама карактер нема. Не само за вардар, ниеден битен меч не добивме сезонава.
И да додам уште нешто, 22-ца уапсени е мислам апсолутен рекорд на некоја група да има толку приведени навивачи на гостински натпревар. Грото од уапсени благе везе немаа од инцидентите. Битно е бројката да поспектакуларна и да биди денес билтенот на мвр пополн.