Не вреди после вакво срамно нешто од организаторски аспект да се коментира, но повеќе ако некој од Управата чита колку толку да помогни и да научи за во иднина оти оваа работа не се учи од денес за утре...
Прво човек што следи 30 години ракомет многу добро ќе знај каква инсталација е инсталирана во ракометните структури, каде колку и Мукаетов да се обидува да сменва нешто (можда по години и да му успеј а можно и не, познавајќи ги овие структури) нема да успеј дури истите тие држат врака уште конци на сите нивоа и медиумски и инфраструктурни и државни и безбедносни лоби....
Нешто шо го најавив и почуствував уште пред утакмицата за која алармирав дека сигурно до ова ке дојди оти само ова ги спасуваше од пораз или лош резултат,а сето ова и воопшто не случајно ако анализирате детал по детал.
Самиот "манифест" кој се потпиша за наводно добро дерби од старт се виде дека е нешто мноогу чудно, секако имајќи ја предвид интелектуалната моќ на Стерјеви и намузот си потпишаа бидејќи тие се прекратко во оваа подземна инсталација, но тие структури како Понтие Пилат си ги исчистија рацете за наводна "невиност"....
Вториот клучен момент во моменти кога почнавме топ и се виде дека ги имаме в врака,го активираја тоа сценарио убаво испланирано како на тацна, прво фрлање на 5 денарка шо цела јавност ја виде, правејќи кривично дело за кое се прекинува натпревар и празнат цели трибини, плус со инфилтрирани провокатори кои целта им беше само една прекин и на мечот и на серијата наша...притоа без обезбедување на најниско можно ниво и притоа истото постапувајќи како нив не знаејќи кој шо е, само да се оди до крај...
ПОВРЗАНИ ВЕСТИСван „летна“ во воздух - го одигра…Македонската експедиција „летна“ за…Што сакаше да направи: Место гол, по…Уф, ова болеше...Душебаев наместо во…
24rakomet.mk
Трето после 15 години не случајно се ставаат "наши" судии кои под мотото и "комплексот" оти се од Битола влегоа во холивудски филм на супериорност комплетно "ладно" постапувајќи со цел да покажат колку долго време биле во сенка и "фалени" за то дури да се изгубат и два клучни гола поништат од "цепидлачење" шо во овие 10 години судење не постоело ни секунда кај претходната судиска двојка што вакви случаи со мавкање кон публиката само ќе долеело оган на бензинот, но кога и да сме губеле од нив дома немало вакво дивеење со фрлање парички во тек на мечот!
На крај за поклопување на коцките идат нашите "стандардни" глупости на Танкоски, Хосни, Суси, несоодветно повлекување на Василев и умртвување на играта да се игра само преку Пешевски шо не пали цело време, без идејност да се проигра Костески...И Стевановиќ сметам дека место Суси требаше да игра пошто е за напад подобар па дури и плеј можи место Танко....
Истото гушење, истото мачење и за крај непотребно 25 мин бранење на Кисиќ па враќање на Лесјак за да спаси цепелин...
Секако уиграноста на репрезентативците нивни беше клучна и со помал ростер да се доминира, а менвањето само на играчи без концепт и јазична бариера си го направи своето....
Секако тие играат на картата ЛШ оти само тоа ќе му ги продолжи маките да преживеат и мудро то си го користат, а ние по кој знај кој пат ќе бидеме од нив зафркнати на ваков начин....
Тие во ЛШ ќе завршат по секако ко куртони како и ние, али битно ние никој пат да не изиграме таму...Дури и да сме догодина шампиони таму ќе нема пристап директен...
Инаку рецептот за успех не е тежок така и го почнавме...Ги затворивме Моралес,Талески и Манасков и се беше топ до прекинот каде на неискуство на странците кај нас се изгубија во она шо ни го свесно приготвија...
Сега Управата поради кршење на договорот за фер плеј слободно да си забрани гостински навивачи па со контра мудра тактика да вратиме.....Ако сме кадарни
За на крај голем поздрав до сите храбри сограѓани шо беа таму, и Управо имате време за тактика не е тешко ги имавте враце, седнување работење со странците и ОБАВЕЗНО менвање плеј навремено оти Танко упропасти многу на моменти со Хосни...Ко играја Петар и Павле и Василев бевме супер офанзивни плус Ојлески и Костески ете супер постава плус Стевановиќ подобро сто пати