Џ
Џонтра Волта
Гостин
Рачунај дека годинава фактички 2 албански екипи од 3та Север ќе влезат у втора лига. Башкими како првак и Фортуна како фузирана со Локомотива која ќе исчезне.И ситуацијава станува само полоша во однос на експанзија на албанските клубови на сметка на македонските.
Ете Гостивар и Воска ќе влезат во прва лига, пак испаѓа маледонски клуб.
Башкими главен кандидат за втора лига, македонска екипа веќе нема шанси за прво место во трета лига север. Лигата дојде скоро до пола/пола, а константно влегуваат само албански екипи. Пример и во ОФС Кисела Вода, има само една албанска екипа и таа има најголемк амбиции (Студеничани). Исто и во ОфС Гази Баба, се реактивираше Шкендија Арачиново и е едина со амбиции за трета лига, а наредна година за втора лига. Никогаш во трета лига север немало толкава доминација на албанските екипи и никогаш не биле толку на број
За следната сезона како што кажа ќе се врати Шкендија Арачиново, тука се овие од Коњари кои најверојатно ќе пробаат уште една сезона да се борат за врвот, Беса кога сака секогаш може да досаѓа горе и после да ги продава утакмиците у буквална смисла на зборот. Тие Башкими од Љуботен истотака не се лоши и со малце пари и политичко гурање секогаш можат да бидат фактор за втора лига.
Едино останува Куманово како наш клуб да го форсира градот.
Кадино можеби и нема да сакаат нова екскурзија у втора лига додека Маџари функционира ради реда со апсолутно 0 амбиции за било што, Аеродром ќе бидат гурани од општината мада тие како почнаа да се курчат и да мислат дека се Реал Мадрид и без пријатели да функционираат у лигава, ништо чудно да се распаднат за година-две. Останатите македонски екипи сме буквално гола вода и живуркаме чисто од ентузијазмот и пријателите што ги имаат луѓето одговорни за клубовите.
Општинските лиги се катастрофални што се однесува за македонските клубови. У општинската на Гази Баба има само 1 албанска екипа и таа им го води орото додека сите 4 екипи од Општина Илинден кур ги боли и си живуркаат ради реда.
И у другите скопски групи никој од македонските екипи не се замара, Славија, Партизан, Лепенец, Кул, Текстилец.