Се замислив прееска, колку е навивачки мртва цела источна Македонија, односно сите градови со доминантно македонско население.
Да тргнеме и од Куманово, стварно не можам да разберам како може до тој степен да се распадне група како Кумани. Едно е да имаш некаков пад, друго е целосно да се распаднеш. Океј, имаа репресивен период, клубот во кошарка им го сведоа на поаматерско ниво, ама никакво оправдување не е тоа, за толку голем град.
Го реоформија ГФК Куманово, мислев дека тоа можеби ќе поттикне некоја навивачка активност кај помладите, ама ништо засега. Гледам нема ни терен клубот, во Доброшане игра. Денес дербито со Башкими (овие беа домаќини) се играше на градскиот стадион, кој последно го користеше ФК Гоблен, стадионот преполн со фанови на Башкими. Срамота е да дозволат во градот да опстојува само албанска навивалка група, на која некогаш и земаа 2-3 знамиња.
Во градовите како Паланка и Кратово никогаш и немало посериозно навивање, со некој исклучок на појавување на Кратери/Грофови.
Овчари Свети Николе одамна неактивни, на фудбал мислам не се ни појавија во периодов кога заживеа клубот и имаше амбиции за втора лига. Пехчево, Берово и Делчево навивачки слично ко Паланка и Кратово, со мал период кога беровчани навиваа на Малеш како Иљови внуци. Пехчево веќе не ни има клуб (а богами и луѓе), Малеш и Брегалница Делчево се борат во трета лига колку да живуркаат.
Саса и Слога Виница заживуркаа малку, водеа и битка за прва лига кога се постоеше само источен регион во втора лига, ама не предизвикаа навивачка активност. Багери се појавија како некоја ветеранска екипа, али без навивање, само со закачено знаме. Имаат и шампиони во женски фудбал, бајаги вложуваат таму, ама публика нема.
Улави Виница некој период поднавиваа кога Слога беше трета лига, кога лани се бореа за прва лига, воопшто не навиваа. Годинава исто.
Најголемо разочарување за мене се кочанските Сејмени, кои прво се откажаа од навивање дека главните им влегоа во раководните структури на Осогово, потоа се појавија на неколку утакмици, за сега повторно да не се активни. Кочани колку толку е поголем град. Знам дека клубовите се утепание и едвај живуркаат (ги дотепа спојувањето на вторите лиги), ама барем 15 деца да земеа да се организираа да навиваат.
Тука го имаме Штип кој е единствен кој е навивалки активен. Секој чест за новите генерации на Фаланга, си тераат редовност, ама бројката е минимална. Никогаш не успеаа да го заживеат навивачки градот, кој е центар на студентарија во тој дел на Македонија. Плус Брегалница доби посериозни спонзори, горе доле е можеби најстабилен македонски етнички клуб, заедно со Тиквеш и неколку скопски клубови.
Изградија нов стадион, а луѓе далеку помалку отколку порано кога беа послаби.
Или на оваа територија се случува тотално иселување на младите, егзодус на македонскиот народ или пак стварно навивањето не е во мода.
Одиме на Радовиш. Исто така неактивна навивачка група, иако Лебари порано бар на ракомет се појавуваа. Добија стабилен второлгаш со фузија на нивната Плачковица и Детонит, но нема навивачка активност.
Го прескокнав и Пробиштип со Рудар и некогаш омилените (на сите) Багабонти. Клубот се реактивираше аматерски, но не и групата, која некогаш функционираше топ при вакви услови.
Гледам еден од главните кој е дел и од форумов, завлекол накај бугарите, уште едно разочарување за мене
Единствено е активен само кога се тие тема на муабет.
Струмица главен град во тој дел на Македонија. Клубот влезе и во прва лига, кошарка пак имаат прволигаш, одбојка владеат константно, а градот реално функционира солидно и има доста млади.
Навивачката активност во поглед на бројноста е поразителна, со некои паузи во навивањето.
Победа Валандово пак се повлече од трета лига, ама и кога играа, Калинкари одамна не навиваат. Мислев некогаш ќе се појават на КМФ Проект (кои до душа се од Јосифово), ама ништо.
Богданци го воскресна Вардарски, Младост живурка во втора лига ракомет (играа и во прва последниве години), но нема навивачка активност (не знам ниту дали имало некогаш).
За крај одиме во Гевгелија, Фантоми се вратија на трибина пред некое колл, после некоја пауза од непознати причини. На фудбал се појавија против Пелистер дека им гостуваа Чкембари, со некоја симболична бројка колку да не помине без домашни навивачи, инаку воопшто не навиваат.
Гевгелија, заедно со Кавадарци и Струмица, донекаде е пожив град во однос на младите, кои не се иселуваат до тој степен како во другите градови, па и они се разочарување во однос на навивачкото движење.
Демир Капија не ни има клубови, а богами ни луѓе, за да коментираме нешто.
Тука би ги наброил и Неготино и Велес. Винари се појавија во топ бројка за бараж, нешто понавиваа краток период на ракомет во прва лига и толку. Неактивни на фудбал, иако клубот е прв без изгубени бодови и има амбиции за втора лига.
За сите овие градови, разбирам дека е тешко да навиваш за клубови кои немаат спонзори, се финансираат само од општински пари, немаат константност, час се први, час се откамуваат сред сезона, далеку се од прва лига, ама и порано беше така, па живуркаа навивачки.
Гемиџии пропаднаа со пропаста на ФК Борец. Не знам ни дали соорадично се појавуваат на одбојка/ракомет/кошарка. Срамота за Велес да нема барем еден стабилен колектив...
И ситуацијава станува само полоша во однос на експанзија на албанските клубови на сметка на македонските.
Ете Гостивар и Воска ќе влезат во прва лига, пак испаѓа маледонски клуб.
Башкими главен кандидат за втора лига, македонска екипа веќе нема шанси за прво место во трета лига север. Лигата дојде скоро до пола/пола, а константно влегуваат само албански екипи. Пример и во ОФС Кисела Вода, има само една албанска екипа и таа има најголемк амбиции (Студеничани). Исто и во ОфС Гази Баба, се реактивираше Шкендија Арачиново и е едина со амбиции за трета лига, а наредна година за втора лига. Никогаш во трета лига север немало толкава доминација на албанските екипи и никогаш не биле толку на број.
Трета запад секако дава шампион од албански етникум, а може да земат прво место и во Југозапад, каде што Кораб и Новаци се борат за прво место. Срамно е што некогаш нашиве екипи за пари играат против македонската екипа, кај албанците тоа никогаш нема да го видиме. Едвај 2-3 албански екипи има во лигата и пак Кораб е со најголеми шанси за врвот (иако дербито кое ќе решава се игра во Новаци). Тоа ти е ко Љуботен или Напредок (па и Тетекс кога беше во трета запад), да ги пуштат да завршат први...
Не само што нема навивачки дух, нема ни амбиција за тренирање фудбал. Се повеќе и во македонските клубови доминираат албански играчи. Да не коментирам за помладите категории, само они тренираат фудбал.