Јас грешам секој ден, многу често, но баш во тој пост немам згрешено. Ако ми докажеш дека грешам ќе се извинам на драга волја, би бил среќен да научам нешто ново.
Да токму така, исто како што Русија е надмоќна во споредба со Македонија. Тоа што е Македонија инфериорна не значи дека ја фаворизирам Русија. Едноставно изразувам компаративно мислење. Ништо чудно
Секако дека може:
САД има 18 Carrier Groups, или 18 носачи на авиони со сите пропратни флотили, логистички или борбени. Тоа е од прилика 3 пати повеќе од остатокот од светот заедно. Кога велам остатокот од светот мислам и на сојузници, или ако споредам САД + сојузници споредено со остатокот од светот, соодносот би бил од прилика седум пати поголем со остатокот од светот.
Најсилната авијација во светот е америчката авијација US Air Force
Втората најсилна авијација на светот е авијацијата на US Navy
Според USA Today листата на најмногу воен персонал по држави изгледа овака:
- China - 2,000,000
- India - 1,450,000
- United States - 1,390,000
- North Korea - 1,200,000
- Russia - 850,000
- Pakistan - 640,000
- Iran - 575,000
- South Korea - 555,000
- Vietnam - 470,000
- Egypt - 450,000
САД се трети на оваа листа, но многу битен факт е дека целосната бројка на активен персонал им е доброволен и професионален. Не се регрути како сите во остатокот од таа листа. Впрочем, САД имаат професионална војска повеќе од сите други држави на листата заедно.
ова до овде би требало да ти го оправда терминот „воена надмоќ“
„Начин на обука“ е тема која е ептен опширна и не би можел јас да ја опишам во еден пост. Ќе спомнам само дека САД има најголем воен буџет во светот, всушност има поголем воен буџед од остатокот од светот заедно.
„Доктрина“ е исто така опширен поим и америчките генерали пишуваат докторски дисертации на таа тема, па јас не би можел да ја опишам. Но ќе спомнам дека до сега во воени операции, немаат ниту еден пораз во 21 век, па и декада пред 21 век.
Пред сите други да ми скокнете за ИРАК и Авганистан, тие беа политички порази, не воени. Америте влегоа и во Ирак и во Авганистан и покосија се живо, ама не успеаја да одржат мир и "nation building" беше комплетно фијаско. Значи воено победија, политички се изрезилија дебело. Политичкиот пораз не спаѓа во доктрина.
„Прагматизам во војување“ се однесува генерално на градење на воените сили, одржување на нивото на борбена готовност и градење на сојузи со останати (не)моќни воени субјекти. На тој план, САД се лидери на НАТО кој е најмоќен воен сојуз во светот и до сега има само победи на воен план. Тоа што немала САД воен судир со достоен противник во поново време е само доказ дека нивниот прагматизам во војување е на многу високо ниво.
малку лицемерно да ме вреѓаш мене а да ме обвинуваш дека јас ги навредувам соговорниците
Искрено не знам, претпоставувам. Не читам мисли, само влечам заклучоци.
Кога некој на директно прашање ќе ми даде матен, неодреден, општ, неконкретен одговор, претпоставувам дека нема појма што зборува.
Прашањето е што е годинава поразлично во америчкиот банкарски сектор? Русија нема ни 2% удел во америчкиот банкарски сектор, зошто инвазијата на Русија во Украина би имала ефект на америчкиот банкарски сектор? (претпоставувам на неа алудираше)
Точно е дека се фатив за зборот цена. Ама тој збор не беше несреќно одбран, тој беше во бројќи изразен во постот претходно, многу директен и многу намерен, не беше случајно паднат од небо.
Јас не го дискредитирав соговорникот, јас го дискредитирав типот од твитот што Митко го постираше - огромна разлика.
Кога некој мене ми го прави тоа јас излегувам со аргументи да го појаснам мојот став, истото што го правам со овој пост.