Под претпоставка дека ќе пројдат Наполи и Реал пошо имаат апла поволни резултати од првата утакмица, четвртфиналистите се: Интер, Милан, Наполи, Баерн, Сити, Реал, Челзи и Бенфика. Најискрено не гледам зошто Интер не би имал шанси со сите освен со Сити, Баерн и ајде Реал ќе го ставам ради искуството и аурата што ја имаат во ЛШ како екипа, иако не се нешто монструозно јаки. Башка Интер ја надигра Барса во групите, а Барса е убедлив лидер во Шпанија и веќе го нашлака Реал сезонава, али ајде да не биде дека влечам некои паралели ќе го ставам и Реал во група со Баерн и Сити.
Не ми се јасни заклучоците дека сите преостанати екипи ќе го сакале или ќе се молеле Интер да им се падне, божем за Петржалка се работи па сигурица им се. Значи, да не ми накалемите дека зборам за сигурен пролаз или слично, кажувам дека Интер МОЖЕ да игра и да се надигрува со преостанатите екипи, а дали ќе пројде е друг муабет. Пази лицемерие, Интер играле ужасен фудбал сезонава и се посакуван противник за сите, ама затоа Милан и Челзи едноставно поставуваат нови стандарди по играње прекрасен и учинковит фудбал.