Скопје урбан герила обележје број 3: Пеефче-шеефче
Исто во строгиот центар на градот, на некои си 300-400 метри од плоштадот, во месноста попозната кај родените пред распадот на СФРЈ како Дрводекор се наоѓа комплексот од култни биртии наречени пеефче-шеефче. Обично се 2-4, никогаш не се знае која кога е отворена или не, дали менуваа газда или банкротира, но секогаш барем една од нив работи. Сместени се во импровизирани шупи и/или трафики и се претпоследната станица на најтешката категорија скопски алкохоличари пред конечната дестинација-Бутел. Дури и кога ќе го допреш монетарното, хигиенското, психосоматското и цирозното дно, дури и кога сопствената фамилија ќе те избрка од домот поради твојата поголема љубов кон етанолот отколку кон нив, пеефче-шеефче се тука да ти понудат отворена прегратка. Вистинските имиња односно како се викаат биртиите секоја поединечно не ги знаат ни самите газди. Називот пеефче-шеефче го добиваат бидејки што и да нарачате таму ќе ве чини од 50 до 60 денари, така барем беше. Низ звуците на Зона М1 радио со фреквенција 104.4 FM, пеефче-шеефче им пркоси на модерните покондурени сељачки локали што се во склоп на ГТЦ како Ајриш, Плаза Дел Торо, Буенос Диас, тој кубанскиот порано Бодегита дел Медио сега појма немам како се вика, Бела Виста, Соул и секако најсељачкиот меѓу сите нив Дион. Дион е за најтешката категорија сељаци, оние што сакаат да се курчат со Ауди А4 и БМВ 3, ама од друга страна душата им е уште во дедовата нива во Чешиново-Облешево. За разлика од Дион, пеефче-шеефче не глуми нешто што не е. Пеефче-шеефче скромно но гордо доаѓа со Застава стокецот, опинците и радничката душа напатена но голема колку три Диони и си поминува 100 пати поубаво во пеефче-шеефче отколку сељачиштана во Дион. Полнотијата на севкупното искуство на пеефче-шеефче е најцелосно кога е убаво времето, па ги вадат масите и столиците на самиот кеј, додека брадосани и смрдливи алкоси дискутираат за се и сешто седнати на ѕидчето што гледа кон кејот. А погледот-милина.
Пеефче-шеефче е изворната, автентичната андерграунд душа на Скопје. До кога-не знам. Кога ќе ги лупнат стокатниците таму може ќе им стават клуч и на нив. Наша должност е да ги поддржиме финансиски затоа што тоа е правото Скопје. Не може покундурени биртии што носат имиња како Буенос Диас, Бодегита дел Медио, или Ајриш Паб Сеинт Патрик да се побалкански, помакедонски или поскопски од пеефче-шеефче. Затоа следен пат кога некој/а ќе ве викне да седнете во овие локали на кеј, кажете му да не биде геј и одете во пеефче-шеефче на по некоја ракија додека во позадина пее Џеј.
