Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги...
На времето нацистите ги носеле на сила Евреите по гасни комори а во Северна луѓето одат самоволно да се трујат.
 
Кајги ко че е германската историја во прашање, премногу учиме за претставниците на неславната европска десница, ликови што донесоа само смрт, гневна крв, сиромаштија, разурнати неокласични монументи од градови на нашиот континент, ко Адолфо на пример. Ретко слушаме за ликовите претставници на други политички табори, кои направиле вистински кул работи.
Овај подолу е Сигмунд од Луксембург. Ликов бил Свет Римски Император (на Германија, Чешка, Унгарија, Хрватска) и пробал да го спаси Балканот од Турско. За жал обидот бил неуспешен и Сигмунд после турскиот пораз на Црна Гора, се повлекол во Стразбур, оттогаш идеите за спас на Балканот биваат игнорирани. Се додека еден француски Филип (братаму на Луи) не ги здроби турците со нивните топчиња наредени пред Виена. Со еден Полјак ко Главен Комндант и кладоја крај на таа горчлива експанзија. Ко ја прочитав приказната за Сигмунд, в ум ми блесна само еден збор - Херој. И уморен сум да читам за антихерои сервирани за да им служат на нечии... туѓи... азиски агенди. Јас би порадо да учам за една друга агенда - европската, а Балканот неминовно го гледам ко дел од неа, порано или подоцна. Пошто и Грција расчисти со многу заблуди од минатото и веќе еден век себе се гледа како дел од таа Мегала Идеа (француско - германска). Србија мора да ја следи.

Сигмунд на сликава е насликан од Бохемиски сликар. Портретот до денес е во Прага.
Тие од Чешка еднаш мажеле своја мома во Луксембуршката Куќа, затоа и денес се често едногласни по некои европски прашања. Пример во бугарскиот спор (тоа не е македонски спор, ние не спориме со никого), овие две се на Македонската страна.

R.b4b57a9d1110455285f1b625cf45f704


Sigismund-Holy-Roman-Emperor-Hungary-king-kingdom-731x1024.jpg

Сигмунд е многу ценет и во Швајцарија (реткост). Заради една списа на германски, што ја објавил во Базел. Важна свето римска реформа.
 
Последно уредено:
1000 причини ќе најдам зошто не не бива ко народ, ама 1001 ќе најдам зошто не ги бива ова западњациве. Ок е за некој работи сме уназадени, ама за некои работи сме институција пред овие.
Кој кур е бе ова non-binary? Иаме едно суштество на работа што на прв, а богами и на втор поглед не знаеш што е, дали машко, дали женско. Комбинација на Ипче Ахмедовски и Иги Поп. Глеаш дали има цицка, нема, глеаш кур дали има, ни тоа. Повеќе од здраво никад не сме си кажале до сеа. И денес у еден од најлошите денови, мртов болен морав да одам до работа и ова суштество реши муабет да прави, ок ајде.

И која е потребата у нормален муабет да се убациш со I'm non-binary? Као кој те праша и како ми е тоа мене битно? Логично дека се изнасмеав па си замина, ама сериозно како со вакви луѓе, ако уствари се луѓе? They/them, шо? Овие ги тепаш до посерување и им одзимаш секакви права. Them rights ги нема.

Абе ни фали нас многу култура од таа европската, ама и на нив им фали од балканскава малку.
 
Мојата мила држава ќе увезува работници од земји каде минималната плата е 200 евра.

Па добро бе, дали сме ние премногу богати или сме само ужасно сиромашни?! Дали сме горди и дарежливи имовити луѓе или само жалосно бедни суштества?!

Не, не е болест се што боли. :eek:
 
Мое богатство,

една колешка шо има нешто против луѓето од источна европа (и моето речиси полско презиме), ми ѕвони пред некој (работен) ден Ѓон пијана. Ми вели дека сум бил извонредно убав. Фала, знам - се воздржав од смеа.

Ко била помала во налетот на балкан војните, фамилијата и посвоила деца од Југо, некои Србинчиња. Изгледа еден од нив не и возвратил на љубовта дур растеле, оттогаш се бори со предрасуди. Греота. Нема толку а thing со полјаци или руси - овие и се неинтресни. Само југо ја интересира. Некогаш ми пишува пораки со гугл транслејт на македонски.

Автоматски споено мислење:

Очите на Светлана :love:
 
Последно уредено:
Ливерпул јадат PTSD од Реал Мадрид и се решија наредната година да не учествуваат во ЛШ. Дали ќе останат на збор? Не знам.
 
Роден сум со некој факинг мозок од времето на романтизмот и сум мечтател во душа а работата која моментално ја работам бара од мене машинско-математички механички мозок(фактички стручен) и не сум во можност никако да му направам преинсталација пошто има некоја факинг лозинка која не можам да ја ,,пробијам” никако..Фактички имам проблем кој можам само да го гледам преку дебело аквариумско стакло без можност да му пријдам да го решам..:tapp: :sramezliv:
 
Драга,

Скоро 12 години ја изневерувам жена ми со тебе! И еве, ова е точно 12 000 мислење. До сега никогаш не сум успеал да го „одбележам“ моментот, дури и моите „родендени“ тука ги испуштам, но еве, ветувам дека по ова ќе бидам поажурен.

Да ни се множат!

1679006158645.png
 
Кеј,

го гледав Куќата Гучи пред некоја пола година. Одвреме на време уште ми прелетуваат некои небитни мигови низ умот, прилично лесно филмче, на таква екипа, а таков настан. Едино Селма Хајек маестрално што одглуми low life, ама за неа веќе знаеме дека е горе-долу извонредна, во се.
Туку ми остави впечаток начинот на кој беше претсавена Патриција. Како глупачка шо нема право да се мажи за Маурицио, пошто вау, кој е овај, јаката му Фамилија Гучи. Тате му ги удри клоците, му рече да заборави на презимето. Ок, го прибра таја, со татко и, со обична фирма за работници. Значи? сепак не се мажела за него за парите, ни статусот. Но дури и да го направила тоа, зошто да го прикажиш тоа на таков начин? Демек забранета е миграција меѓу класите, како се осмелила оваа, моралот на приказната. Извини? Индијци сме? Карма и Дарма? Забранета миграција низ слоевите на општеството? Секој со својата карма и соодветна дарма, нема да мрдни од својата општествена, првично зададена точка.

Исто Том Форд, прикажан како млад амерички лигуш од Тексас, шо нема право да твори за ој таква...пропадната куќа.
Ко го гледал Форд филмот, на половина прикажување го напуштил театарот. Читав интервју со него, што мисли за филмот. Рече дека неможел да си поверува дека ликовите кој ги познавал се прикажани на таков апсурден начин. Дека голема трагедија е прикажани со сатира. Незнаел дали да се смее или да плачи. Бил истиот ден во канцеларијата во Милано, кога на скалите бил убиен Маурицио, спојлер алерт (нарачано од сопругата Патриција). Вели океј, можеби за него е лично, затоа што ги познавал и работел со нив. За другите можеби е сатира.
И Америка не е тоа што беше. Колку побрзо ќе почнат да се пуваат со елитизам, фамилии и сталежи, толку побрзо ќе пропаднат. Големите никогаш не биваат уништени од други големи, ко Русија. Се сипат ко трулеж однатре, со Олигархија, ко кариес. Со забрана за просперитет на оние вистински вредните ЛУЃЕ - без разлика од која скала на општеството идат. Готова е. Уште со Трамп се насети тоа олигархиско даночно пување, и идеалот кој гласи - ја бугата, ти говно. Слично на француската фамилија Бурбон. Знаеме како завршија овие.

Најголем прајд и беше дека ние европјаните сме биле ројалисти, а таа се залага за човекот.
Историјата се повторува, и ни покажува дека ни таа не е имуна на тој трулеж на духот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom