Дали некој има искуство со посета на утакмица од Премиер лига во Англија, да ме упати ако знае - Од каде се купуваат карти, дали е пример на билетара или онлајн ? И цени отприлика како им се
Зависи од повеќе работи дали ќе најдеш или не.
Јас бев на Олд Трафорд и за таму како прво за да купиш карта онлајн, мора да имаш членска карта, која се плаќа на годишно ниво. После тоа, зависи од тоа кој натпревар сакаш да го следиш, ако е со некои послаби и не толку атрактивни екипи, се наоѓаат карти таму некаде у курац најгоре ама погледот е добар, не е како на Градски
Јас бев на Манчестер Јунајтед - Евертон. За дербињата со Челзи, Ливерпул, Сити, Арсенал, Тотенхем многу тешко се доаѓа до карта т.е по пат на ждрепка, ама секогаш места добиваат тие полојалните, односно тие што многу години имаат членска карта. Претпоставувам само преку препродавачи на карти пред стадион може да се најде нешто, ама сигурно се изгор скапи. Исто бев и на Чемпионшип меч помеѓу Фулам и Астон Вила, стадионот беше фул, таму карти најдовме од препродавач пред стадион.
Сепак тоа е Олд Трафорд, еден од нај посетуваните стадиони, за други стадиони не знам дали е на ист начин.
п.с за куповите со некои тралалајка екипи од втора, трета лига може да се најде карта и без членска карта.