Немав намера да се вклучам, со оглед на тоа кој е инволвиран во дискусијава, ама ајде, бев и прозван индиректно.
Прво, ова го велам отсекогаш. Не може некој да биде окаракетризиран како флоп по одиграни шест месеци. Мора да помине барем една цела сезона, па веќе втората сезона можеби може да се евалуира играта на одреден играч во одреден тим. Значи, потребно е да помине време, како за почеток.
Така што, ниту Ентони, ниту Нуњез, не знам кој, може отсега да се окарактеризираат како флопови. Да, не играат добро во моментов, но да им дадеме шанса. Инстант импакт не е за сите, ниту пак е правило.
Околу Хаверц, греота е да се зборува како флоп. Уште погреота е да се деградираат некои негови моменти, баш огромни. Дечкото на 21 година ги школуваше Рамос и Варан во полуфинале од ЛШ. Против Реал Мадрид. Овој отепаниот го споредува МаЧеда со тоа, па и Ди Матео го споменува.
Хаверц исто, постигна победнички гол во финале во ЛШ против Сити. Да е единствен момент таков, во ред. Фазон, Белети. Ама не е. Цела кампања во ЛШ таа сезона ја играше на ниво. Играше солидно и на мечеви од ПЛ. Проблемот со Хаверц е што не може да игра на тој начин во континуитет. Затоа е и предмет на критика, затоа некои фанови (вклучувајќи ме ј мене), мува не ги лази доколку на лето ја промени средината. Промената на тренери и шетањето по позиции не му помогнаа, исто така.
Затоа Хаверц не е флоп. Флоп е некој што комплетно потфрлил, во секаква смисла. Без разлика колку е платено за него. За Хаверц може да се каже дека не ги исполни очекувањата и е своевидно разочарување. Но, со оглед на тоа дека има 23 години, времето е пред него. За жал, во друг клуб гледам дека би исполнил извесен потенцијал.
Прелесно се расфрламе со термини кои не соодвествуваат со реалната слика.
Само не ме чуди овде ништо. Халанд после едно полувреме е ѕвер, после два меча е флоп. И еден куп примери. Класична ТролФудбал ретардација, очаен тренд помеѓу вана би фудбалска публика.